Скопје или провинција?

Каде повеќе би сакал да живееш?

  • Скопје

    Гласови: 82 48,8%
  • Провинција (Битола, Штип, Кавадарци, Струмица,Охрид и сл)

    Гласови: 86 51,2%

  • Вкупно гласачи
    168
Статус
Затворена за нови мислења.
Дај бе олабавете со фајтов скопјани вс провинција ....


Мене искрено ми сметаат новодојденците само затоа што настанат е урбанистички ХАОС во градов ..... не знам дали само сте ги виделе гужвите кај мтв..
А што бараш ти кај мтв...:rolleyes:


Инактака да знајте вие од останатите градови не сме сите како членот кој го цитирам јас не ве нарекувам сељаци,провинцијалци итн. така да не сме гнаси сите што сме од Скопје.
Тој цитираниот ти е посебен ендемски вид на скопјанец. Неговиот вид се одликува со голема доза на локал патриотизам, неколку виртуелни ариевски гени и преголемо его. Али не се страшни, вака агресивни се само пред монитор. Најтежок дел од нивниот живот е кога мора да се вратат за момент во реалноста насабајле кога мајка им ке ги разбуди и ке им каже да отидат до новиот мол (зошто бре вакви англицизми?) за да купат кисело млеко за 7 денари и тоалет папир на попуст.
Можеби реалноста не е вкусна, али како што велеше една моја професорка, 'со таквите така'.

Sent from my CMX HTC Pyramid
 
Да имаа Охригани сијалици у очите,Скопје ке светеше ко Лас Вегас........
Никој не ви го дал правото да плукате по Скопје и скопските населби,а најмалку да се нарекувате Скопјани.....Не значи дека ако си почнал да дишеш скопски воздух,дека мајата те фатила и дека си скопјанец......За да себе се наречеш скопјанец,треба да поминеш низ неколку фази во животот,кои за жал само оние кои се родени скопјани и живеат во скопје ги знаат тие фази....Останатите се само бледа копија на она што ние го нарекуваме Скопјани,шебек....Постарата генерација знае што е тоа...Јас лично сум роден во Скопје,израснат во најстарата населба во Скопје,Острово и староседелец Аеродромец кога немаше ниту пиле ниту парно во населбата..Повекето од вас не ни постоеле кога сум се доселил во населбата.....Сум плачел како дете,да се вратам назад,ама сега после 30 години не ја менувам за ниедна населба во Скопје...Мислите ако студирате во скопје,работите во Скопје ве прави Скопјани...НЕ.....Не ги паметите дискотеките во Скопје,кои сега за жал се претворени во турбо-фолк места,не ја паметите чаршијата кога немаше место каде да се седне во лето,дремењето пред Рекорд,и сите останати работи кои Скопјани се гордеат со нив...А,ако не ви се допага Скопје знаете каде е и автобуската и железничката станица,вратете се онаму каде припагате.....И ако веке сте се решиле да се нарекувате Скопјани,ке ве замолам однесувајте се како што доликува,Скопски и дијалектот оставете си го дома,а вашите навики променете ги,не ми го загадувајте моето Скопје........Знам за некои можеби звучи расистички или можеби селски,ама го кажувам она што го гледам..............Го сакам она Скопје кое го паметам......А прави Скопјани поздравуваат со сервус........
Сакаш да кажиш дека дијалектите од внатрешноста на Македонија го загадуваат Скопје? А и кој треба да прашаме за правото да плукаме по Скопје и да се нарекуваме Скопјани? Па вака, Скопје не е ниту твое ниту мое, Скопје е Македонско, и припаѓа на сите граѓани на Р.М. ако не знаеше. И секој слободно можи да кажи што му се допаѓа, а што не во Скопје.
 
Тој цитираниот ти е посебен ендемски вид на скопјанец. Неговиот вид се одликува со голема доза на локал патриотизам, неколку виртуелни ариевски гени и преголемо его. Али не се страшни, вака агресивни се само пред монитор. Најтежок дел од нивниот живот е кога мора да се вратат за момент во реалноста насабајле кога мајка им ке ги разбуди и ке им каже да отидат до новиот мол (зошто бре вакви англицизми?) за да купат кисело млеко за 7 денари и тоалет папир на попуст.
Можеби реалноста не е вкусна, али како што велеше една моја професорка, 'со таквите така'.
И ја тоа им викам секој своите проблеми да си ги гледа најубаво за сите ќе биде ама тоа ти е Македонска работа само туѓата работа го интересира...
--- надополнето: 12 октомври 2012 во 01:50 ---
Мене искрено ми сметаат новодојденците само затоа што настанат е урбанистички ХАОС во градов ..... не знам дали само сте ги виделе гужвите на теодосиј/кај мтв/партизанска/рекорд во ударните термини .... .
Братче дај ние план да смислиме браќава како да ги иселиме за овие нашиве од внатрешноста не е проблем брзо ќе се реши тоа наши си се они ќе си се договориме со нив со другиве проблем е државава ќе ни ја лапнат...
 
И ја тоа им викам секој своите проблеми да си ги гледа најубаво за сите ќе биде ама тоа ти е Македонска работа само туѓата работа го интересира...
--- надополнето: 12 октомври 2012 во 01:50 ---

Братче дај ние план да смислиме браќава како да ги иселиме за овие нашиве од внатрешноста не е проблем брзо ќе се реши тоа наши си се они ќе си се договориме со нив со другиве проблем е државава ќе ни ја лапнат...
Ма нека ја лапнат косоварите државата сосе скопје бе, нам приоритет ни е да ги хејтаме македонците од другите градови кои доагаат во скопје.

Sent from my CMX HTC Pyramid
 
Јас сум од Скопје, роден Скопјанец од татко и мајка стари Скопјани.
Искрен да бидам јас ги жалам и помалце ги презирам дечките и девојките кои доаѓаат од другите градови.

Кога шетам јас навечер дотеран и напарфемисан на Скопско корзо ќе видам лична девојка и нејзе ќе ја прашам:
-Од каде си ти убава девојко?
Она небаре е лепрозна со поднаведната глава и сељачки акцент ќе рече:
-Од Кочани.
Како да се срами, како да се сакалдисува што не е родена во Скопје, јадната...

Јас сум идел во други градови и да видите како таму луѓето ме третираат, како таму кон мене се однесуваат, како да сум царски син!
Кога ќе разбрат дека имаат Скопјанин за гостин, татковите ги спуштаат нозете од табуретката, мајките прават колачиња, бабите месат зелници девојките се карминосуваат...
Јас им кажувам на сељаците од провинција дека во Скопје има улици кои се со четири ленти и дека имаме Сити Молови големи колку цела Струмица, а они кутрите се џарат како да сум некое светско чудо.

Јас од се срце... ова искрено ама баш искрено го кажувам... на секого би му посакал еднашка во животот да доживее да биде и да се осеќа како прав Скопјанин.

И јас сум роден во Скопје со генрации наназад моите се Скопјани.

Ама ти ова што го напиша е најидиотското нешто што сум го прочитал.
 
Ма нека ја лапнат косоварите државата сосе скопје бе, нам приоритет ни е да ги хејтаме македонците од другите градови кои доагаат во скопје.

Sent from my CMX HTC Pyramid
Па како тргнала работава така ќе биде поизглед...Само ме нервира што не разбираат дека не сте вие криви овде што доаѓате,доаѓате од мака дека проклетиве политичари ништо не направија во помалите градови доаѓате поради подобри услови за живот(школување,работа)да се изградат факултети да се отворат работни места уште утре сите ќе си отидете ама ај оди објасни им.
 
Скопје е градот во кој сум родена, и да, мавајте се до утре од земја, ама има луѓе кои потекнуваат од Скопје.
Исто како што во некое село Свирипичино некој има дрво во двор старо 200 години, од чукум дедо, и тоа дрво, иако безвредно, нему му вреди, така и јас имам работи во Скопје кои ми вредат.
Бучно, загадено, какво сака нека е, за најчистата полјана не го менувам.

На кој не му одговара, што се однесува до мене, слободно може да се исели.

Во однос на воведниот пост, убаво за тебе, ама брат, да живеам јас како ти што опиша (како сакаш, нели) па од депресија ќе умрам.
 
Си гласав за "провинција", нормално секој би сакал да живее во својот роден град. Но читајќи ги коментарите на темава има некои работи кои стварно ме загрижуваат. Едноставно на нас Македонците, во крвта да ни е да 'рчкаме меѓу себе. Провинцијалците биле вакви, провинцијалците биле такви... Еве веќе 2 месеца живеам во Скопје, прва година сум на факултет. Да се запишав на факултет во Скопје не затоа што факултетот е во Скопје ТУКУ затоа што сметам дека тој е најдобриот факултет во Македонија. Не отидов таму заради Скопјани или за да се правам скопјанец туку за да учам. И не, не се сите провинцијалци курвчиња и сиромашни кои сакаат да останат во Скопје. Мене Скопје лично со ништо не ме привлекува, туку сум затоа што морам. За жал тажно е тоа што најверојатно ќе морам и да останам тука, затоа што работа според мојата струка во мојот град нема. Е сега неможам да ги разберам овие луѓе кои сметаат дека ако се родени во Скопје претставуваат нешто повеќе од мене. Дека јас ако сум од внатрешноста на Македонија според некои стандарди "имам помала вредност"? Неможам да ги разберам оние луѓе кои велат дека провинцијалците им го уништуваат животот... Ви ги земале работните места... Па сте се запрашале дека тоа е можеби затоа што тие се поквалитетни од вас, затоа што вложиле повеќе труд? Провинцијалците немале култура и ви го прљале градот и ги расипувале лифтовите?
Сакаш да кажеш дека благодарение на неколку луѓе даваш заклучок за илјадници?
Дека сите Скопјани се едуцирани и културни?
Едноставно од вакви коментари ми се гади, но во секој град има вакви луѓе кои сакаат да ги омаложуваат дојденците... Погоре прочитав еден коментар во кој пишуваше дека членот ги прошетал сите градови освен оние на белоглавите.... Сакаш да кажеш дека градовите како Гостивар и Тетово не се наши македонски градови и дека ние македонците што живееме тука сме "шиптаризирани"?
Јас имам другари и од Скопје и од Гостивар и од села. Со сите се однесувам исто, затоа што луѓето ги ценам според нивниот карактер и нивното однесување а не според потеклото....

Така во потполно си во право.

Тука на темава 98% (со чест на исклучоци) се деца кои немаат појма од старо Скопје и кукаат по нешто што не виделе туку само слушнале како било.

Дај бре не се прајте Игор Џамбазов сите и плукате по некого за џабе иако човекот бар има поента на тоа што го збори.

Ова сега вие што мислите дека сте Игор поминало пред 50тина години.
Он збори за тие првите што дошле во пост земјотресно Скопје.
Збори за тие што менувале однесувања,обичаи,изгледи, итн.
Збори за тое што имале сосема различен начин на живот и сфаќања од тогашните Скопјани.

Тие од внатрешноста денес не се разликуваат по ништо од децата од Скопје.
По што ние Скопјани се разликуваме денес па да кажаме е да тоа ни го сменија,упропастија итн?

п.с

Зборот провинцијалец не го користам бидејки со него се означува погрдно и лошо однесување на некој човек без разлика од каде доаѓа. (прашајте друг постар Скопјанец ако не ми верувате)
--- надополнето: 12 октомври 2012 во 02:15 ---
Скопје е градот во кој сум родена, и да, мавајте се до утре од земја, ама има луѓе кои потекнуваат од Скопје.
Исто како што во некое село Свирипичино некој има дрво во двор старо 200 години, од чукум дедо, и тоа дрво, иако безвредно, нему му вреди, така и јас имам работи во Скопје кои ми вредат.
Бучно, загадено, какво сака нека е, за најчистата полјана не го менувам.

На кој не му одговара, што се однесува до мене, слободно може да се исели.

Во однос на воведниот пост, убаво за тебе, ама брат, да живеам јас како ти што опиша (како сакаш, нели) па од депресија ќе умрам.

Па да ти е тоа единствената шанса за успех па ќе те видам дали ќе умираш.
 
Така во потполно си во право.

Тука на темава 98% (со чест на исклучоци) се деца кои немаат појма од старо Скопје и кукаат по нешто што не виделе туку само слушнале како било.

Дај бре не се прајте Игор Џамбазов сите и плукате по некого за џабе иако човекот бар има поента на тоа што го збори.

Ова сега вие што мислите дека сте Игор поминало пред 50тина години.
Он збори за тие првите што дошле во пост земјотресно Скопје.
Збори за тие што менувале однесувања,обичаи,изгледи, итн.
Збори за тое што имале сосема различен начин на живот и сфаќања од тогашните Скопјани.

Тие од внатрешноста денес не се разликуваат по ништо од децата од Скопје.
По што ние Скопјани се разликуваме денес па да кажаме е да тоа ни го сменија,упропастија итн?

п.с

Зборот провинцијалец не го користам бидејки со него се означува погрдно и лошо однесување на некој човек без разлика од каде доаѓа. (прашајте друг постар Скопјанец ако не ми верувате)
--- надополнето: 12 октомври 2012 во 02:15 ---


Па да ти е тоа единствената шанса за успех па ќе те видам дали ќе умираш.
Се извинувам, каков успех?
Па само кога ќе влезам во маркет, и после 1 недела ќе ги познавам сите, и сите ќе ме познаваат мене, ќе биде моментот на одлуката: Јас си одам од овде, под итно.
 
А ти да не ПАЛАМУДИШ зашто имам објаснено процедура на сечење дрва од сопствен имот неколку страни претходно , зашто цело време се фаќате за тоа.

И не паламуди на некој кој на 16 години има отидено во сопствена шума да цепи трупови за да ги доведе до големина што може човек да ги подигне и натовари во камион. Така да знам ја добро процедурата за сечење дрва и тоа само маркирацијата колку пати поскапе + сите останати трошкови во последните години.
1 камион дрва не се исплати да го сечеш од сопствена шума.

Затоа кога не се разбираш во некој работи подобро не пишувај, а и сите немаат од каде да сечат како што немаат сите Скопјани екстра стан што го дават под кирија.
Затоа матер им ебавте на шумите од сечење од што не се исплати иди друг продавај му прикаски. Да не искочи и дека поефитно да си ги купиш отколку сам да си го исечеш , цената на дрвото поскапува последните години како што поскапува струјата , не се исплатело еве препиши ми ја за без пари шумата ако не ти носи ќар може?
 
Се извинувам, каков успех?
Па само кога ќе влезам во маркет, и после 1 недела ќе ги познавам сите, и сите ќе ме познаваат мене, ќе биде моментот на одлуката: Јас си одам од овде, под итно.

А лошо е да те познаваат и да се познаваш со луѓе?

Дечкото во воведниот пост кажа дека дошол овде заради факултет и работа бидејки во неговото место го немало ни едното ни другото.
Ете таков успех.Професионален.Кариера.Пари.

Да отворам paint да ти нацртам?
 
плус таму имаат пониски трошоци за живот не троши бензин за кола за да стигне до центар, не користи струја на дрва се грее си има бавча не купува од пазарче кафичите и ресотраните се минимум дупло поефтини од Скопје тој со 200 евра таму што ќе го вработиш ќе има иста стандард со некој во Скопје што зема 300 евра ама јеби га.
А пак ако имаат езеро, ко нас Охриѓаниве, болјери по дома немаме, било лето-зима без гајле сапунчето и в езеро, какво трошење... вода ќе трошам, не сум будала. После ако ми се сојаде, ѕиркам низ прозор да видам во бавчава што има, обично преку лето си садиме патлиџанчиња, краставици, кромид и пиперки - обавезно комбинирам нешто од ова и после правам туршија за да имам за на зима. Струја немаме, кога ќе се стемни каминот дава светлина затоа што му редам дрва што сум ги товарел цел ден на магарето. Кола, за кола не е проблем, фичо или тристач, доволно е за да одиш итно до болница за недај Боже ситуација, во друг случај не ја користам. Интернет? Интернетот кај нас во внатрешноста уште не е стигнат...
 
Пак ми е грешка дека те цитирав, ама јбг се фатив на орото...ако е слобода на избор, ај да добиеме и ние избор нека ни купат од Влада автобуси и ЈАВЕН (државен) градски превоз.Или за нас не е потребно, 3 км. била најголема разлика...Ете барем нека добијат ЈАВЕН градски превоз во Битола, Куманово, Велес, Тетово, Кавадарци (градско-приградски), секако веќе постојат некој ЧКЉ приватници (особено Куманово), барем да добијат луѓето нормален превоз.

План за градски превоз Прилеп без финансиска поддршка од ЦВ како во случај ЈСП
План за градски превоз Струмица без финансиска поддршка од ЦВ како во случај ЈСП
План за градски превоз Охрид без финансиска поддршка од ЦВ како во случај ЈСП

- Оддалеченост во Охрид меѓу населбите Бараки (Гоце Делчев) и Далјан, т.е. некој правец отприлика Исток - Запад.Доста народ го вртат тој правец до/од центарот + после Далјан доста народ до болницата Св. Еразмо + 2.2 км.Супер линија за градски превоз.
- Оддалеченост меѓу другата населба и средното електро-машинско и информатичко (и козметичко :icon_mrgr: )
- Oддалеченост меѓу Охридска Банка и нас. Р.Новичиќ, нешто поголема е до индустриската зона/градски гробишта.Меѓу Далјан и Факултетот за туризам итн./Средно угостителско
- Една од линиите на градскиот превоз во Битола
- Партизанска Скопје

гледам дека си добро запознат со ситуацијата настрана од Скопје, како шо рече во некој пост поназад.Кога си бил последно, на екскурзијата низ Македонија?

Извини закаснав со одговор, ја молзев кравата и турав ракија на раката, ме нападна волк дури ги сечев прееска дрвата.

Sincerely, Кларк Кент (y)
За 3км од еден до друг крај градски линии да се воведувае:facepalm: јас некат кога сакам да се прошетам 3км ги идам за 25 мин пешки овие за 3 км автобус им требало. ЈСП е претпријатие на град Скопје. Ако имаат интерес нека земе општина Битола пример нека си прави и градски превоз и за околните села околу Битола(Пример беше Битола може и друг град да е) да имаше голем ќар немаше приватњаци ќе почнеа да возат по тие градови нешто како приватен ЈСП ќе имаше , ама таму нема ни голема популација ни луѓе што би се качиле во автобус за 1 км. Пример Градот Битола има жители колку општина Аеродром во Скопје. Плус колку јас што знам имате редовни автпбуски линии што освен во градовите поминуваат и низ некое села што сакате повеќе. На крај краишта имате градоначалници на нив зборете секоја општина има свој градоначалник. Ако вашиот градоначалник смета дека за 3 км дестинација ви треба јавен превоз и е спремен да ја покрива загубата од автобусите што ќе ви возат бујрум направете. Јсп го финансира град Скопје (освен новите автобуси кој се донација од владата , а 50% и од централниот Буџет го полни пак Скопје туку се најголемите компании и највеќе жители, и плус во тие автобуси меѓу другото се возите и вие што не сте од Скопје а студирате во Скопје што имате некоја работа да завршите во Скопје итн не ги користат само жителите на Скопје).
 
А лошо е да те познаваат и да се познаваш со луѓе?

Дечкото во воведниот пост кажа дека дошол овде заради факултет и работа бидејки во неговото место го немало ни едното ни другото.
Ете таков успех.Професионален.Кариера.Пари.

Да отворам paint да ти нацртам?

Е арно де, за него разбрав.
Него не разбрав, каков успех ќе барам од Скопје во на пример, Кратово?
И да, лошо е да се познаваат сите со сите.
Преферирам да влезам во маркет и да не ги познавам сите внатре.
 
А пак ако имаат езеро, ко нас Охриѓаниве, болјери по дома немаме, било лето-зима без гајле сапунчето и в езеро, какво трошење... вода ќе трошам, не сум будала. После ако ми се сојаде, ѕиркам низ прозор да видам во бавчава што има, обично преку лето си садиме патлиџанчиња, краставици, кромид и пиперки - обавезно комбинирам нешто од ова и после правам туршија за да имам за на зима. Струја немаме, кога ќе се стемни каминот дава светлина затоа што му редам дрва што сум ги товарел цел ден на магарето. Кола, за кола не е проблем, фичо или тристач, доволно е за да одиш итно до болница за недај Боже ситуација, во друг случај не ја користам. Интернет? Интернетот кај нас во внатрешноста уште не е стигнат...
Го читам твојот пост и прва асоцијација ми е како изгледа прватното сместување во Охрид и како го развивате туризмот.:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom