Интересна тема за разговор, браво за тој што ја почнал. Како и многу други одговори на егзистенцијлани прашања накрај испаѓаат очигледни, така и на ова прашање би можеле одговорот да го бараме ако не каде на друго место него ли во, природата. Секое живо нешто на планетава се раѓа, расти, било во квантитет или квалитет, достигнува одредена старосна граница, и кини конци. Дали човек се раѓа со душа? Хм...зависи што подразбираме под душа. За мене се што е живо поседува одредена интелигенција или свест за околината, прета, живо е, се бори, и на крај умира, умира бидејќи било живо. Од тој аспект и ние луѓето спаѓаме во таа категорија, очигледно. Ако душата речиме дека е живот тогаш со нејзе секој се раѓа, меѓутоа тогаш таа има рок на траење, освен ако не прифатиме теорија на реинкарнација, но не би сакал да одам таму пошо тоа е друга длабока тема. Дали треба да ја заслужиме? Па веќе ја добиваме од старт. Тоа е како дрвја кога зборуваат дали се раѓаме од семиња или треба да ги заслужиме. Според мојата перцепција, душата се раѓа во некоја основна форма, како во примеров семе, и е подложна на менување, еволуција, раст.
Но што е тоа што не прави различни од останатите животински видови, т.е. души. Одговорот е едноставно ние можиме да прајме муабет за душа
, а другите не можат. Очигледно ние можиме да се ставиме на врвот на еволуцијата на свест. Од сите видови на планетава само човекот може да биде свесен за себе, своето себство, својата свест, свеста е во можност да стани свесна за себе, да го комплетира кругот (не за џабе кругот го има како симбол скоро во сите религии, почнувајќи од зен, па змија која си ја гризе опашката) Што не доведува до заклучокот дека, да се раѓаме со душа, но треба да се негуваме за неа, т.е. треба да се негуваме себе си, т.е. себе си е душата. Затоа скоро сите религии со акцент на Будизмот, ја ставаат само свеста како најбитен фактор за духовна еволуција. Сите големи учители како Буда, Гурѓиев, Исус, Ошо итн., од петни жили се мачат да им кажат на луѓето дека се повеќе од тоа што мислат дека се, и дека во себе носат право неисцрпно богаство.