Диви странски водичи ни ја искривуваат историјата

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefus Corp.
  • Време на започнување Време на започнување

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Диви странски водичи ни ја искривуваат историјата

Нелегалните туристички водичи од Бугарија, Србија, Албанија и од Грција предводат туристички тури и на свој начин ја презентираат историјата на градот и на Македонија

turisti-banskoliev%20(9).jpg

transparent.gif

Свети Климент е Бугарин. Истото тоа се тврди и за цар Самуил и за неговото царство. Александар Македонски е Грк. На ваков начин странските туристички водичи ја презентираат македонската историја пред гостите што го посетуваат главниот град. Нелегални туристички водичи има од Бугарија, Србија, Албанија и од Грција и најчесто во градот ги предводат и доаѓаат заедно со туристички тури од овие земји и на свој начин ја презентираат историјата на градот и Македонија. Со ова ѝ нанесуваат непоправлива штета на културата и на идентитетот на државата, притоа извитоперувајќи ја историјата, сметаат домашните туристички работници. Тие бараат заштита на домашните лиценцирани водичи и воведување туристичка полиција.

Имаме над 300 туристички водичи

Бранко Босилков, претседател на здружението за туристички водичи и придружници во Македонија, вели дека на градот му е неопходна туристичка инспекција.

- Има многу диви или нелиценцирани туристички водичи, затоа треба да се формира туристичка инспекција што ќе ги спречи овие неовластени туристички водичи. Оваа надлежност за формирањето на инспекцијата му припаѓа на градот. Тие веќе неколку години работат на формирање туристичка инспекција, која ќе контролира кој ја врши работата туристички водич, но сѐ уште не е формирана. Ваква инспекција има во Охрид, а и откако градот стана доста посетувана туристичка дестинација, потребно е во најскоро време да се воведе - истакна Босилков.

Најголем проблем прават туристички водичи од соседните држави. Тие доаѓаат заедно со турите и на туристите им ја презентираат историјата по свое, всушност ја искривуваат, нагласува тој.

- Често можам да забележам дека низ градот тури водат странски водичи, еве пред некој ден корејска група водеше нелегален водич, но немам ингеренции да реагирам.

Странските туристички водичи знаат дека немаме туристичка инспекција, затоа и си тераат по свое. Ние ги направивме спомениците „Скопје 2014“, а тие ги презентираат во нивна корист. Многу млади завршија за туристички водичи, така што тие седат без работа, додека други нелегално го работат тоа. Во Македонија има над 300 туристички водичи, така што нема потреба странци да ја работат нашата работа - додава Босилков.

Наскоро туристичка инспекција
Од градот информираа дека работат на формирање на туристичката инспекција, во согласност со одредбите од законот за туризам.

- Во најскоро време туристичките инспектори што ќе се грижат за регуларна работа на лиценцирани туристички водичи и придружници ќе излезат на терен и на сите нелегални водичи што ќе бидат фатени во нелегално вршење на дејноста ќе им бидат изрекувани санкции, во согласност со казнените одредби од Законот за туризам - соопштија од градот.

Со последните измени во Законот за туристичка дејност, странска туристичка агенција што носи туристи во Македонија без посредство на домашна туристичка агенција со лиценца или без склучен договор со туристички водич во РМ има обврска во рок од 24 часа од часот на влегување во државата да ангажира домашен туристички водич со склучување договор. Инспекциски надзор над работењето на туристичките водичи вршат овластените инспектори во градот Скопје, тврдат од Државниот пазарен инспекторат. На проблемот со дивите водичи укажуваат и од Министерството за економија.

- Изминативе години се соочувавме со голем проблем со диви туристички водичи, кој сега е намален. Претежно имавме проблем со странски туристички водичи што доаѓаа во нашата земја и ја искривуваа историјата. Но сега има многу заинтересирани млади луѓе што се јавуваат да ги положат обуките и курсевите и полагаат за туристички водичи - вели Зоран Николовски, раководител на сектор за туризам во Министерството за економија.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=101012959567&id=14&prilog=0&setIzdanie=22701

Темава може и во туризам ама јас тука ја ставив...
 
Во Чаир уште стојат нелегално ставените табли и никој нема муда да ги смени, па за странските водичи кои ни ја искривувале историјата ќе се грижи некој...
 
Тоа се глупости. Во ниту една држава нема таква цензура над туристичките водичи.

Кога учител води бугарска група со ученици во старите бугарски престолнини кои денес не се во бугарската држава, не е должен да ги почитува тоа што пишува во учебниците по историја на Република Македонија. Тој предава во бугарските учебници на бугарските ученици.
 
А да си појдеш ти на еден туристички аџилак таму кај што треба.
Слушни што убаво ти пеат и те викаат роднините на едно свиждање.

Таму убаво ќе ми ти објаснат се што треба за твојата историја.

Тоа се глупости. Во ниту една држава нема таква цензура над туристичките водичи.

Кога учител води бугарска група со ученици во старите бугарски престолнини кои денес не се во бугарската држава, не е должен да ги почитува тоа што пишува во учебниците по историја на Република Македонија. Тој предава во бугарските учебници на бугарските ученици.
Што не ќе прочиташ по нетов. Што туку тресеш без врска. Сите што доаѓаат во организирани групи во Македонија треба да имаат туристички водич лицензиран што ќе ја објаснува нашата историја, за кого и да било. А тоа што ќе има кажува учителот во школо на малите татарчиња е проблем на Бугарската држава а не на Македонските туристички водичи. Секој кој е во Македонија, треба да ги почитува законите.
 
Ало ова е 21-век, каков овластен водич, какви бакрачи... Секој има право како сака да ја толкува историјата и таа на неговиот народ а и таа од другите народи...

По оваа глупа логика на овластени водичи, кога Егејците одат да ги посетат своите села во Грција, нив треба да ги води грчки водич кој ќе им каже дека тие сами, без причина избегале од Грција пред 60 години... :tapp:
 
Познато е дека многу од државите на ЕУ воопшто не дозволуваат странски водичи да дојдат и да им зборуваат на туристите за историјата на земјата што ја посетуваат. Во такви случи обично се ангажира водич-домаќин и тие водичи се бесплатни, бидејќи се вработени во општината или во некоја туристичката организација на тој регион.

- Во ЕУ има земји, предводени од Италија, кои се борат со сите сили да го зачуваат своето културно богатство, со тоа што дозволуваат тоа да биде презентирано само од италијански водичи. Дури има и ограничувања по региони, што значи од регионот Венето не можат да водат водичи во Рим, на пример. Точно 2.000 места во цела Италија се забранети за водење од странски водичи. Наспроти ваквото стриктно ограничување, постои и полиберален начин на функционирање. При мојата последна посета на Будимпешта, токму на оваа тема дискутиравме со колеги-лиценцирани унгарски водичи. Тие ми кажаа, пак, дека лиценцираните водичи од повеќето земји во ЕУ можат да работат каде било, само под услов да земат тамошна лиценца - вели Марина Наумоска, лиценциран туристички водич.

И покрај глобализацијата, барем што се однесува до туристичките водичи, кај повеќето европски земји преовладува ставот дека никој не може да знае повеќе за културата и за историјата на една земја од оној што живее во неа.

- Во Англија на пример постои строга забрана за работа на туристички водичи од странство. И во Македонија треба да размислуваме во таа насока. За жал, ние воопшто немаме увид колку информациите што ги нудат странските туристички водичи се релевантни. Треба да се најде начин државата да не дозволи странски водичи да го презентираат нашето културно богатство - категорична е Наумоска.

линк
 
Што не ќе прочиташ по нетов. Што туку тресеш без врска. Сите што доаѓаат во организирани групи во Македонија треба да имаат туристички водич лицензиран што ќе ја објаснува нашата историја, за кого и да било. А тоа што ќе има кажува учителот во школо на малите татарчиња е проблем на Бугарската држава а не на Македонските туристички водичи. Секој кој е во Македонија, треба да ги почитува законите.

Кој ти зборува за "вашата историја"? Јас имам предвид нашата историја, не вашата.
--- надополнето: 11 октомври 2012 во 03:49 ---
Познато е дека многу од државите на ЕУ воопшто не дозволуваат странски водичи да дојдат и да им зборуваат на туристите за историјата на земјата што ја посетуваат. Во такви случи обично се ангажира водич-домаќин и тие водичи се бесплатни, бидејќи се вработени во општината или во некоја туристичката организација на тој регион.

- Во ЕУ има земји, предводени од Италија, кои се борат со сите сили да го зачуваат своето културно богатство, со тоа што дозволуваат тоа да биде презентирано само од италијански водичи. Дури има и ограничувања по региони, што значи од регионот Венето не можат да водат водичи во Рим, на пример. Точно 2.000 места во цела Италија се забранети за водење од странски водичи. Наспроти ваквото стриктно ограничување, постои и полиберален начин на функционирање. При мојата последна посета на Будимпешта, токму на оваа тема дискутиравме со колеги-лиценцирани унгарски водичи. Тие ми кажаа, пак, дека лиценцираните водичи од повеќето земји во ЕУ можат да работат каде било, само под услов да земат тамошна лиценца - вели Марина Наумоска, лиценциран туристички водич.

И покрај глобализацијата, барем што се однесува до туристичките водичи, кај повеќето европски земји преовладува ставот дека никој не може да знае повеќе за културата и за историјата на една земја од оној што живее во неа.

- Во Англија на пример постои строга забрана за работа на туристички водичи од странство. И во Македонија треба да размислуваме во таа насока. За жал, ние воопшто немаме увид колку информациите што ги нудат странските туристички водичи се релевантни. Треба да се најде начин државата да не дозволи странски водичи да го презентираат нашето културно богатство - категорична е Наумоска.

линк

Во земите има сертификација на туристички водичи, кои ќе работат како такви.

Не треба да си сертифициран водич за да раскажуваш на група туристи што и да било. Освен тоа, во ниту една држава нема цензура што точно да зборува возачот и што да не зборува т.е. во нормални држави цензура нема. Таму едноставно се земаат едни пари за да може човек да работи како водич.

Колку пати сум одел во земјите на европскиот сојуз, никогаш не сум користел туѓ водич, а секогаш бугарски, кој раскажува она што ќе ми е интересно да слушнам. Никогаш сме немале проблем со тоа.
 
Тоа се глупости. Во ниту една држава нема таква цензура над туристичките водичи.

Кога учител води бугарска група со ученици во старите бугарски престолнини кои денес не се во бугарската држава, не е должен да ги почитува тоа што пишува во учебниците по историја на Република Македонија. Тој предава во бугарските учебници на бугарските ученици.

Обиди се во Постојнска Јама да влезеш со татарски туристички водич, и кажи му оти ич не ти треба Словенецот, татарот си може што си сака....
И после кажи ми дали ти успеало.
 
Обиди се во Постојнска Јама да влезеш со татарски туристички водич, и кажи му оти ич не ти треба Словенецот, татарот си може што си сака....
И после кажи ми дали ти успеало.

Ако не знам друг јазик освен бугарски, како да му кажам на Словенецот? И од каква полза ќе е тој, ако групата не знае друг јазик освен македонски? Секогаш можеш да имаш придружувашт водич, кој да објасни на групата она што треба да знае. 100% сум сигурен дека ако учетелјат објасни дека на учениците требе да им се одржи говор според учебниот им материјал, ќе разберат. Имам многу познати водичи (потполно на ученици) што не се сетрифицирани, а водат групи низ целиот свет, без да имале какви било проблеми со тоа.
 
Ако не знаеш друг јазик освен бугарски, тогаш си премногу неписмен за било што да знаеш.
Постојат 5 водичи (тоа беше одамна, може и повеќе има сега) кои објаснуваа на 5 јазици, Англиски, Италијански, Германски, Словенечки и Српски, па ако ниту еден од овие не знаеш, твој проблем.
Не е важно што пишува во учебникот твој, за мојата земја, не можеш ти да кажеш што означува споменикот на плоштад, туку мораш да го користиш објаснувањето кое оваа земја го користи за истиот.
 
Ако не знам друг јазик освен бугарски, како да му кажам на Словенецот? И од каква полза ќе е тој, ако групата не знае друг јазик освен македонски? Секогаш можеш да имаш придружувашт водич, кој да објасни на групата она што треба да знае. 100% сум сигурен дека ако учетелјат објасни дека на учениците требе да им се одржи говор според учебниот им материјал, ќе разберат. Имам многу познати водичи (потполно на ученици) што не се сетрифицирани, а водат групи низ целиот свет, без да имале какви било проблеми со тоа.
Перење мозок на мали деца и ширење антимакедонска пропаганда може да си го правите во вашата земја. Тоа не е добредојдено во Македонија затоа има или ќе има вакви закони. Ако не ти се допаѓа недоѓај во Македонија. Во основа има и тука простор да се уапсат таквите „туристички водичи“ поради ширење на етничка и верска омраза...ама затоа да не прави нешто поголема иако е сосема легитимно и правно издржано да одат во затвор бугарските водичи има еден друг закон по кој само поминуваат со парична казна и се заменети со вистиски водичи кој ја зборуваат вистинската историја и не шират омраза и ксенофобија. Тоа е тоа.
 
. . . вистиски водичи кој ја зборуваат вистинската историја и не шират омраза и ксенофобија. Тоа е тоа.

"Вистинската историjа" е вистинска само во вашата земjа.
Надвор од неjа се учи друга историjа.
А и што е тоа " шират омраза и ксенофобија"?
Тоа не са македонски режисери.

Jаз и во Италиjа, и во Шпаниjа, и во Чешка, и во Австриjа сум бил со бугарски водичи. И гледах дека на Кинезите водичите беха Кинези, на Русите - Руси и т.н..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom