Stefus Corp.
Рационална Коза
- Член од
- 22 август 2012
- Мислења
- 2.097
- Поени од реакции
- 1.821
Диви странски водичи ни ја искривуваат историјата
Нелегалните туристички водичи од Бугарија, Србија, Албанија и од Грција предводат туристички тури и на свој начин ја презентираат историјата на градот и на Македонија
Свети Климент е Бугарин. Истото тоа се тврди и за цар Самуил и за неговото царство. Александар Македонски е Грк. На ваков начин странските туристички водичи ја презентираат македонската историја пред гостите што го посетуваат главниот град. Нелегални туристички водичи има од Бугарија, Србија, Албанија и од Грција и најчесто во градот ги предводат и доаѓаат заедно со туристички тури од овие земји и на свој начин ја презентираат историјата на градот и Македонија. Со ова ѝ нанесуваат непоправлива штета на културата и на идентитетот на државата, притоа извитоперувајќи ја историјата, сметаат домашните туристички работници. Тие бараат заштита на домашните лиценцирани водичи и воведување туристичка полиција.
Имаме над 300 туристички водичи
Бранко Босилков, претседател на здружението за туристички водичи и придружници во Македонија, вели дека на градот му е неопходна туристичка инспекција.
- Има многу диви или нелиценцирани туристички водичи, затоа треба да се формира туристичка инспекција што ќе ги спречи овие неовластени туристички водичи. Оваа надлежност за формирањето на инспекцијата му припаѓа на градот. Тие веќе неколку години работат на формирање туристичка инспекција, која ќе контролира кој ја врши работата туристички водич, но сѐ уште не е формирана. Ваква инспекција има во Охрид, а и откако градот стана доста посетувана туристичка дестинација, потребно е во најскоро време да се воведе - истакна Босилков.
Најголем проблем прават туристички водичи од соседните држави. Тие доаѓаат заедно со турите и на туристите им ја презентираат историјата по свое, всушност ја искривуваат, нагласува тој.
- Често можам да забележам дека низ градот тури водат странски водичи, еве пред некој ден корејска група водеше нелегален водич, но немам ингеренции да реагирам.
Странските туристички водичи знаат дека немаме туристичка инспекција, затоа и си тераат по свое. Ние ги направивме спомениците „Скопје 2014“, а тие ги презентираат во нивна корист. Многу млади завршија за туристички водичи, така што тие седат без работа, додека други нелегално го работат тоа. Во Македонија има над 300 туристички водичи, така што нема потреба странци да ја работат нашата работа - додава Босилков.
Наскоро туристичка инспекција
Од градот информираа дека работат на формирање на туристичката инспекција, во согласност со одредбите од законот за туризам.
- Во најскоро време туристичките инспектори што ќе се грижат за регуларна работа на лиценцирани туристички водичи и придружници ќе излезат на терен и на сите нелегални водичи што ќе бидат фатени во нелегално вршење на дејноста ќе им бидат изрекувани санкции, во согласност со казнените одредби од Законот за туризам - соопштија од градот.
Со последните измени во Законот за туристичка дејност, странска туристичка агенција што носи туристи во Македонија без посредство на домашна туристичка агенција со лиценца или без склучен договор со туристички водич во РМ има обврска во рок од 24 часа од часот на влегување во државата да ангажира домашен туристички водич со склучување договор. Инспекциски надзор над работењето на туристичките водичи вршат овластените инспектори во градот Скопје, тврдат од Државниот пазарен инспекторат. На проблемот со дивите водичи укажуваат и од Министерството за економија.
- Изминативе години се соочувавме со голем проблем со диви туристички водичи, кој сега е намален. Претежно имавме проблем со странски туристички водичи што доаѓаа во нашата земја и ја искривуваа историјата. Но сега има многу заинтересирани млади луѓе што се јавуваат да ги положат обуките и курсевите и полагаат за туристички водичи - вели Зоран Николовски, раководител на сектор за туризам во Министерството за економија.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=101012959567&id=14&prilog=0&setIzdanie=22701
Темава може и во туризам ама јас тука ја ставив...