Морам да се сложам со ова а би сакал да е обратно. Иако и сам тренирам мек систем зачуден сум (но не изненаден) што барем во пониските категории нема ниту еден единствен борец од вушу/кунг фу кој би станал шампион.
Западен бокс и џудо/бјј е засега убиствена и проверена комбинација за борба (и во ринг и надвор од него).
Тука грешиш многу.
1.Не е до вештината туку е до индивидуата
2.Ниту еден систем/вештина сам по себе не е супериорен над другите
пример (мислам дека го имам и претходно кажано):
јас имам стар пиштол од 2ра светска војна а ти имаш најнов модел автоматска пушка.
Јас сум многу добар во користење на истиот а ти просечен.
Дали тоа што имаш предност на поново и посовремено оружје автоматски би те направило победник?
--- надополнето: 10 октомври 2012 во 16:15 ---
не туку ти не ја сфати поентата, се што има да се види од таи чи мајсотиве се оние демнострации како на клипот погоре, не сум видел ниту еден турнир или натпревар каде што се борат со некој од друга вештона што е стварно добар
ММА ти е the ultimate battle ground for martial arts и мислам дека ако скаат да го промовираат таи чи-то,винг чу то кунг фу итн треба да влезат во кафезот и да се докажат, не тврдам дека ММА борците се најсилни борци во светов ама се доволно храбри пред камери и публика да си го бранат спортот.
--- надополнето: 10 октомври 2012 во 09:28 ---
проблемов во овие вештини е според мене тешкото имплементирање во борба, ти треба многу време за да ја добиеш таа брзина во кунг фу за да правиш според мене сложени движења и техники, од тоа кик боксот и муи-таи е страшно поедноставно и доста ефективно и затоа се користат тие вештини најчесто
Прв болд:
Ти не ја сфаќаш поентата најверојатно.Уште од самата појдовна точка на твоето гледиште грешиш.
Таи чи (во конкретниов случај) е вештина и пред се филозофија.
ММА (како што ти го нарекуваш системот кој се учи за борба во ринг) е спорт.
Неможеш од жонглер (оние финти со фудбалски топки што прават) да очекуваш да оди на терен и тоа да го прави против фудбалери кои тренираат специјално за натпревари.
Не им е иста целта.
Не велам дека таи чи се жонглери спрема ММА борците туку дека они си вежбаат за други цели и си имаат други мотиви.
Втор болд (црвено):
Кој ти вика дека ММА е само она што го гледаш на ултимејт?
Јас тренирам/сум тренирал кунг фу,аикидо,крав мага,руска система,јапонско џу џитсу и таеквондо.(во клубови)
Бокс и кик-бокс порекреативно,не во клуб туку со другари инструктори.
Не ме прави тоа mixed martial artist? Или дека не сум се спремал за ринг не се важи?
трет болд (сино):
Воопшто не се сложени ниту е проблем да ги имплементираш.
Со тренинг и напорна работа (што се бара во било која вештина) тие стануваат дел од тебе и веќе ги користиш по автоматизам.
Некој од нас се родил со преодреденост за кик-бокс или нешто слично.
Сепак не секој удар со нога или со рака или лакт е исправен.
Колку и да изгледа поедноставно и тоа бара многу вежбање за да се изведе правилно.