ДЕФИНИТИВНО НАЈСЛАБАТА УТАКМИЦА ОВАА СЕЗОНА !!!
Потфрлија апсолутно сите, цел тим, на утакмица каде 3 бода ни беа во раце...
Вината не ја гледам јас во тренерот, туку во играчите, каде не беа желни за победа, тромаво играја, му ги исплатија сите плати и сега кур му е двор му е...
Видовте како игравме дома со Ренова, Напредок, Брегалница, па и со Шкендија, а на гости добри партии пруживме со Вардар и Работнички...
Така да не е вината до тренерот, до душа денес фалеа и голем број од првотимците: Драганчо, Томе, Аце, Врапчето, Павлов..
Ни треба напаѓач ПОД ИТНО ! Реков уште пред сезоната дека МОРА уште 1 да се донеси. Ептен слабо денес Чаки, првото неќеше ни во дуел да влези да се турни за да избори топка...
Главевски денес имаше 2-3 убај шанси ама ништо. Една му ја фати голманот, а една имаше кога излезе сам пред голот и упати бомба удар но топката помина покрај стативата...
И Дрита имаја убај шанси во првото, при една нафрлена топка еден играч од кај нив излезе сам со Коруновски и кога цел стадион ја виде топката во голот тој промаши од само 2-3 метри, па следната акција нивна беше гол. Драгарски ја еба од кај нас овие повлекоја контра го поминаја и Коруновски и Нухиу 0:1
Подобро изигра Дрита првото и заслужено водеше...
Второто влезе Рутето кој воедно и го постигна голот од слободен удар од 30 метри аууу каква БОМБА
3 гола оваа сезона Рутевски и сите 3 од слободен удар, вистински мајстор за слободни
Последните 10 минути игравме само убо но без сили за да напрајме пресврт...
Сума сумарум реално беше и нерешено според прикажаното од двете екипи...
Денес ни фалеа влезојте на Китановски
За со Вардар се надевам дека Драганчо ќе се врати и ќе бидиме комплетни освен Александар Велјановски кој нема право на настап, другите се враќаат Миленковски денес играше, Лазаревски влезе, а на клупа беше и Павлов...