Што ако има дете?

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Дали би се одлучиле да бидете заедно (врска, брак) со партнер кој веќе има дете?
Ако веќе сте во ваква врска како се тоа функционира и дали претставува пречка за некој заеднички живот понатаму?
Дали некој бил сведок на таков живот со очув и маќеа и какви се неговите искуства?

Темава не е за дали би имале секс со таква личност (ова за љубителите на милфици го потенцирам), туку дали би кубуриле заеднички живот со таа личност.

До пред некое време имав некој личен став дека никогаш не би се впуштил во таква авантура од причина што порано или покасно кога ќе настанат некакви проблеми во заедничкиот живот што е неизбежно со темпото во кое живееме, генетскиот склоп на детето ќе стани како предмет на реваншизам или пак изговор за некои работи во заедницата.

Сега кога ги погледнувам дел од моите пријатели, роднини, познаници како ги воспитуваат и се однесуваат кон нивните деца, мислам дека сепак би бил подобар родител од добри 50% што ги познавам и детето не би требало да претставува некаква пречка ако има некоја компатибилност и љубов.
 
Член од
6 октомври 2012
Мислења
260
Поени од реакции
175
не важно другите што мислат ... увек ќе има гомнојадачи ....
ако на некого му е пријатно и убаво во таква ситуација , нека продужи ..ама прво нека биде сигурен што сака ,гревота е за детенцето да пати поради лоши одлуки ...:)
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.673
Поени од реакции
35.354
Ако веќе има дете ,,,
Нека е живо и здраво

Синдромот ‘‘маќеа/очув‘‘ кај нас (за жал) е поактуелен кај ‘‘посматрачите‘‘, отколку кај самите ‘‘актери‘‘. Чувствата во врската се далеку поважни од чаршиските муабети. А ‘‘вујните,стрините, тетките, останатите сезнајковците и душегрижници, и со дете и без дете повторно ќе бидат тука за да си зборуваат.(Нашата малограѓанштина никогаш нема да исчезне)
Доколку партнерите си одговараат меѓусебно, доколку постои вистинска хемија кога ги спојува, разбирање, ниедно дете или чопор деца неможат да влијаат на врската. Децата во никој случај не би требало да претставуваат пречка.
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Е ШТО АКО ИМА.
Рогови нема!
Не е ѓаол натемаго едноногиот, куциот, нечастивиот.

Има дете, нема дете, нели за љубов се говори. Небитна работа е прашањето дали има или нема дете.
--- надополнето: 7 октомври 2012 во 19:28 ---
дали би кубуриле заеднички живот со таа личност.
Зошто кубуриле? Негативна конотација веднаш. Предрасуд. Аман побогу.
 
Член од
19 септември 2012
Мислења
13
Поени од реакции
1
Е ШТО АКО ИМА.
Рогови нема!
Не е ѓаол натемаго едноногиот, куциот, нечастивиот.

Има дете, нема дете, нели за љубов се говори. Небитна работа е прашањето дали има или нема дете.
--- надополнето: 7 октомври 2012 во 19:28 ---

Зошто кубуриле? Негативна конотација веднаш. Предрасуд. Аман побогу.
Од сите можни слободни цурици,никогаш не би земал таква со дете.Ќе му го воспитувам,чувам,облекувам,давам пари за образование,а сепак мене нема да ме вика тато.НИКОГАШ
 
miki002

Фејл гејмер
Член од
18 февруари 2010
Мислења
369
Поени од реакции
269
Имам колега кој баш сака да се ожени за некоја со дете или две деца. За него вели дека е важно да се има некого во животот, како би ја засакал мајката, така би ги сакал и децата. А да и по карактер е open minded + i don't give a f**k about what they say. Според мене, супер би му било, зошто тој не само што го прифаќа тоа, туку и сака, тоа му е желба да го оствари. Заклучок е дека ако ТИ навистина сакаш, не прашувај никој. А во врска со проблемите, проблеми настануваат во секој брак, така и остануваат самохрани мајки, ова нека не те предомислува.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Зависи, зависи....
Познавам една жена, која беше во брак, и во тој брак имаше дете. Се разведе и по некое време се премажи за маж, кој исто беше раставен но без деца.
Во вториот брак, таа роди уште едно дете и во тој момент настанаа проблемите, бидејќи таткото второто дете го пази како свое, а поголемото дете ( на кое не е природен татко ) го запоставува.
Оваа не е добро...
Што значи сите не се способни за да влезат во брак ако пертнерот претходно има дете.
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Зависи, зависи....

Што значи сите не се способни за да влезат во брак ако пертнерот претходно има дете.
Јасно не секој треба да има дете, камоли со жена да биде која има од претходен брак.

Другар мој има три деца со жената која ја сака. Две не се негови. Ги чува еднакво со тоа што е негово. Всушностг, вели дека трите се негови бидејќи се од жената која ја љуби.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366

Токму така, ако сакаш некого вистински, ќе го прифатиш и неговото дете. Зборувам за вистинска, безрезервна љубов, без лечење на комплекси и фрустрации од типот: твое дете-наше дете, како пред познаниците, така и пред поблиските роднини/семејство.

Ако го отфрлите детето, исто како да сте го отфрлиле и вашиот партнер/ка, бидејќи тоа е дел од него/неа.

А за сите кои велите дека никогаш не би имале врска со таква личност...never say never. И да, пораснете веќе еднаш.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Лошо е ако цурата има 20 годишна ќерка.

Да не се побркаат лончињата:pos:

п.с. Шала на страна, глупо е уопште нкој да поставува вакво прашање. Детето си е дете и секако е добредојдено у новиот брак или врска. Таман работа да се има предрасуда околу тоа.

ГО знаеме она - еј љубави моите и твоите деца ги закачаат нашите;)
--- надополнето: 7 октомври 2012 во 22:07 ---
Од сите можни слободни цурици,никогаш не би земал таква со дете.Ќе му го воспитувам,чувам,облекувам,давам пари за образование,а сепак мене нема да ме вика тато.НИКОГАШ
А тебе која би те земала?
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Некој си правел ќефови,па ја ќе ранам туѓо дете.
Ако мајката/такото се разведени и со мали плати,а алиментација не стигнува па бидејќи не можат самостојно да опстанат подолг период затоа си бараат некој спонзор.
Ретки се тие што имаат големи примања и можат самостојно да опстанат,а мал е и е мал бројот на тие што се одлучувааа на таков чекор.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Некој си правел ќефови,па ја ќе ранам туѓо дете.
Ако мајката/такото се разведени и со мали плати,а алиментација не стигнува па бидејќи не можат самостојно да опстанат подолг период затоа си бараат некој спонзор.
Ретки се тие што имаат големи примања и можат самостојно да опстанат,а мал е и е мал бројот на тие што се одлучувааа на таков чекор.
Ти најубао ко ќе ти дое дете на свет да си напраиш ДНК тест, оти личиш на капиталец, па многу веројатно е да раниш туѓа јеботина, а да мислиш дека е твоја.
 
Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Некој си правел ќефови,па ја ќе ранам туѓо дете.
Ако мајката/такото се разведени и со мали плати,а алиментација не стигнува па бидејќи не можат самостојно да опстанат подолг период затоа си бараат некој спонзор.
Ретки се тие што имаат големи примања и можат самостојно да опстанат,а мал е и е мал бројот на тие што се одлучувааа на таков чекор.
Какво напредно размислување! Абе да беше до мене петче на рака ќе ти напишев!
Срамота, пу!
--- надополнето: 7 октомври 2012 во 22:45 ---
Сите во апсана што се разведени и имаат дете :D
А тие што паметуваат тука дека не сака да рани туѓо дете сите негови на комшијата да му личат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom