- Член од
- 20 септември 2011
- Мислења
- 8.146
- Поени од реакции
- 8.544
- Возраст
- 71
Примерот со Ромите ти е никаков. Роми има од универзитетски професори, политичари, богати бизнисмени, лекари, полицајци, офицери до чистачи и што ти не како долна граница, И не може да се зборува воопштено за Ромите дека имаат многу децаНе преку умирање на деца туку преку контрола на раѓањето.
И не мора да одиме во Африка, ние и дома го имаме истиот проблем, доволно е да ги видиме Ромите во Шутка за да се свати дека не е така едноставно.
Кај нас во Македонија, ситуацијата е јасна. Ние сме на граница на депопулација и секое дете е добредојдено.
Од секогаш околу 10% бракови немале деца. Во такви случаи единствен излез е посвојување. Меѓутоа тоа е многу тешко, бидејќи деца нема.
Во цела Европа постои тој проблем. Дури и криминалците почнаа да се занимаваат со крадење деца и продавање на деца ради усвојување.
Види што е интересно со бројот на новороденчиња.
Во црквите низ Европа, соочувани се матични книги. Од тие матични книги е видливо дека бројот на деца што една жена просечно ги раѓа во тек на својот живот, на крајот на 18 век изнесувал 11 деца. На крајот на 19 век, тој број изнесувал 4 деца. А на крајот на 20 век помалку од 1,5 дете.
Јас денес не сум ни слушнал дека некоја жена во текот на својот живот да родила 11 деца, а тоа пред 200 години било просек.
Слично ја сфаќам и ситуацијата сега. Во следната гернерација бројот на новороденчиња ќе се намали.
Попладнево бев накај населба Аеродром и видов едно мало Дете кое туку што проодило. почнав да му зборам и тоа ми се насмеа, Таа негова насмевка е нешто што ми го разубави денот и веројатно ис ледните неколку денови. Што е поубаво од дете?