Највлијателните философи низ историјата

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
И Шопенхауер и особено Витгештајн биле богати, а сепак Шопенхауер е познат како најголемиот песимист додека Витгенштајн низ целиот негов живот го мачеле суицидални мисли. Депресија од метафизички причини нема никаква врска со материјалната состојба.
Витгенштајн имал и една дузина браќа и дел од нив му се самоубиле, и покрај богатството што го поседувале.
Тој се откажал од неговото богатство што му следувало.
 
Член од
29 јануари 2012
Мислења
2.172
Поени од реакции
3.719
Пиши нешто за него де .сум заборавил за него,е.ати филозофот :LOL:
Првиот филозоф на запад бил Талес (624-574 пред н.е ).Предвидел помрачување на Сонцето.ОД него потекнува поделбата на годината на 365 дена.Во Египет успеал да ја пресмета височината на пирамидите врз основа на должината на нивните сенки.Го поделил месецот на 30 дена (трикада) и т.н

доволно е ? :P
 

Дарко Рибарот

Пуштен пуштен,а фактички го кријат..
Член од
15 мај 2012
Мислења
134
Поени од реакции
46
Разбирам зошто не си ги ставил Маркс и Енгелс ... али Конфучие.
Ако философијата ти е хоби, најди си ново.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Сократ е вистинскиот последен филозоф.
Ама, да не бидеме префинети - најголем впечаток ми оставија неколкумина како, Платон, Аристотел, Протагора, Демостен, Сенека, Тукидид, Спиноза, Мур, Вебер, Лок, Хобс, Де Токвил, Монтескје, Макијавели, Русо, Хегел, Кант, Маркс, Конфучие, Лао Це...

Во наредна прилика, ќе напишам пар реченици за повеќето а за неколкумина и повеќе, зашто мислам дека се толку влијателни.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Разбирам зошто не си ги ставил Маркс и Енгелс ... али Конфучие.
Ако философијата ти е хоби, најди си ново.
Не бе ,тоа професија треба да ми биде,као демек... на хартија.
А за Конфучие,ич ама ич не сме учеле,освен во етика нешто,чудна работа..затоа и слабо го имам читано.
 

Shemsa

Певаљка
Член од
2 октомври 2012
Мислења
174
Поени од реакции
285
Мен ме интересира за поконкретни влијанија у живото на народите, кој какво влијание имал. И дали влијанието за напредок на мислите и пишаниците на еден филозоф по автоматизам значи и измени, влијание, и донесувајне нови погледи за живото на човеците низ вековите.
Луки, тава е клучното прашање и е ного ретко разгледувано од прагматичен аспект.

Најголемо влијание у живото на сите човеци, масовно, имат филозофите од аналитичката школа. Ваа школа е ного тешко да се каже кога почнала, ама излева на површина со Бертранд Расел кој работе интензивно на логиката и ја става цврсто во рамките на математиката и природните науки. Од него продолжува Витгенштајн и тој оде и подалеко, развивајќи цел логичко-филозофски систем во Трактато. Трактато па, ного ги аресва тнр. филозофи од Виенскиот Круг кои развиват ултра тврд научен пристап подоцна познат како позитивизам. Хитлер ич не ги арсевал и скоро сите емигрирале во САД, Британија и Скандинавија во 30тите. Од овија човеци се развива асална аналитичка школа во државите кои ти ги набројах и под нивно влијание се случува најголемиот прогрес во науката (тава е времето на Ајнштајн, Бор, и компанија). Нешто подоцна иде на сцена Карл Попер и тој го рафинира и малку "омекнува" приодот кон науката но воведува ного стриктни граници кои делимитират што може да биде наука. Тава се најјаките фраери во последниве 2500 години.

Арно ама стапо има два краја. Во повоена европа се појавуват ного шарлатани кои се претставуват како филозофи а се у ствари шибицари. Најистакнати од овија ајдути се Дерида, Фуко, Делез, Лакан (ного се, името да им се сотре). Налет што уништија голем дел од здравата филозофија со своите глупости, туку инфицираа и цели генерации на академци, првенствено од хуманистичките науки и ги претворија овија "науки" во нешто слично од писарниците од Процес: секој си пише нешо, никој никого не може да критикува, секој е во право и секој е во криво во исто време.

И Кирил Филозоф бил кул ама ного тешко воа кога се префрлам од еден јазик на друг, нема Мако хотки, барем тава можел да го измисле со се кирилицата.
 

Дарко Рибарот

Пуштен пуштен,а фактички го кријат..
Член од
15 мај 2012
Мислења
134
Поени од реакции
46
Не бе ,тоа професија треба да ми биде,као демек... на хартија.
А за Конфучие,ич ама ич не сме учеле,освен во етика нешто,чудна работа..затоа и слабо го имам читано.
Без навреда, користење на вики без да додадеш нешто свое, не ти ветува многу за твојата професија.
Мене најомилен ми е Ниче. Симпатични ми се фантазиите на Маркс. Сократ е must. Сега премногу време трошам на Хегел.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Луки, тава е клучното прашање и е ного ретко разгледувано од прагматичен аспект.

Најголемо влијание у живото на сите човеци, масовно, имат филозофите од аналитичката школа. Ваа школа е ного тешко да се каже кога почнала, ама излева на површина со Бертранд Расел кој работе интензивно на логиката и ја става цврсто во рамките на математиката и природните науки. Од него продолжува Витгенштајн и тој оде и подалеко, развивајќи цел логичко-филозофски систем во Трактато. Трактато па, ного ги аресва тнр. филозофи од Виенскиот Круг кои развиват ултра тврд научен пристап подоцна познат како позитивизам. Хитлер ич не ги арсевал и скоро сите емигрирале во САД, Британија и Скандинавија во 30тите. Од овија човеци се развива асална аналитичка школа во државите кои ти ги набројах и под нивно влијание се случува најголемиот прогрес во науката (тава е времето на Ајнштајн, Бор, и компанија). Нешто подоцна иде на сцена Карл Попер и тој го рафинира и малку "омекнува" приодот кон науката но воведува ного стриктни граници кои делимитират што може да биде наука. Тава се најјаките фраери во последниве 2500 години.

Арно ама стапо има два краја. Во повоена европа се појавуват ного шарлатани кои се претставуват како филозофи а се у ствари шибицари. Најистакнати од овија ајдути се Дерида, Фуко, Делез, Лакан (ного се, името да им се сотре). Налет што уништија голем дел од здравата филозофија со своите глупости, туку инфицираа и цели генерации на академци, првенствено од хуманистичките науки и ги претворија овија "науки" во нешто слично од писарниците од Процес: секој си пише нешо, никој никого не може да критикува, секој е во право и секој е во криво во исто време.

И Кирил Филозоф бил кул ама ного тешко воа кога се префрлам од еден јазик на друг, нема Мако хотки, барем тава можел да го измисле со се кирилицата.
Што збориш ова,жити се..ај за Дерида има јаки критики,дека неговата филозофија е копи-пејст..Ама за Фуко и Делез.. посебно Фуко кој заедно со Гадамер е најзначаен филозоф во поствоена Европа..некако не ми иде..Ај еве нека ти држи тоа,ама објасни го конкретно.
--- надополнето: 6 октомври 2012 во 00:52 ---
Без навреда, користење на вики без да додадеш нешто свое, не ти ветува многу за твојата професија.
Мене најомилен ми е Ниче. Симпатични ми се фантазиите на Маркс. Сократ е must. Сега премногу време трошам на Хегел.
Не ни сакав да давам нешто мое,пошто ни имам време ни па јака воља да давам описи за секој поединечно. Само кажав дека тоа го учам,а дали тоа ќе ми биде професија,не сум сигурен ни ја самиот.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Сега премногу време трошам на Хегел.
Ако кажеш дека го сфаќаш Хегел, ќе те наречам лажго. Хегел не се сфаќа, Хегел се интерпретира а најчесто тоа е грешно. Хегел е појава која едноставно е прекомплицирана и пренапредна. Феномен, колку пати да ги читам неговите мисли, сепак не можам до крај ни да направам конечна претпоставка за што мислел вистински.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Ако кажеш дека го сфаќаш Хегел, ќе те наречам лажго. Хегел не се сфаќа, Хегел се интерпретира а најчесто тоа е грешно. Хегел е појава која едноставно е прекомплицирана и пренапредна. Феномен, колку пати да ги читам неговите мисли, сепак не можам до крај ни да направам конечна претпоставка за што мислел вистински.
Хегел цел живот да го читаш неможеш да го сватиш..тоа го има кажано една професорка,еве ја пред пензија,цел живот предава и пишува книги.. Тоа си во право :sneaky:
 

Shemsa

Певаљка
Член од
2 октомври 2012
Мислења
174
Поени од реакции
285
Хегел цел живот да го читаш неможеш да го сватиш..тоа го има кажано една професорка,еве ја пред пензија,цел живот предава и пишува книги.. Тоа си во право :sneaky:
Само ти слушај ја професорката. Софизмот е ценет и многу добро платен во мк.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Само ти слушај ја професорката. Софизмот е ценет и многу добро платен во мк.
Марике ај лети со авион. А за мудрувања има друга тема со мудрости.Те прашав убаво погоре,кажи го ставот за тоа и тоа што го напиша. Сигурно дека неа ќе ја слушам него тебе,фала што ме упати..
 

Shemsa

Певаљка
Член од
2 октомври 2012
Мислења
174
Поени од реакции
285
Марике ај лети со авион. А за мудрувања има друга тема со мудрости.Те прашав убаво погоре,кажи го ставот за тоа и тоа што го напиша. Сигурно дека неа ќе ја слушам него тебе,фала што ме упати..
Прашањето го упатуваш на погрешно место. Луѓето кои ги плаќаш да те научат како да разликуваш филозоф од заебант ти ги земаат парите и ќе те остават со прстот во уста.
Професорка која држи тезга со децении ти вика дека никој не може да разбере што кажал некој ајван пред 250 години, и тебе не ти светнува сијаличката. Имаш ли ти некој во вемеро да ти помогне во животот?
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Прашањето го упатуваш на погрешно место. Луѓето кои ги плаќаш да те научат како да разликуваш филозоф од заебант ти ги земаат парите и ќе те остават со прстот во уста.
Професорка која држи тезга со децении ти вика дека никој не може да разбере што кажал некој ајван пред 250 години, и тебе не ти светнува сијаличката. Имаш ли ти некој во вемеро да ти помогне во животот?
аха,ај заеби..гледам некој јак памет си нема разбирачка со тебе,си направил двоен јузер за да дробиш и сркаш само,ако некој е шибичар и фолирант тоа си ти на форумов,тука барем ги разликувам.
 
L

Luki Junior

Гостин
Marikaletasoavion иам слушнано по нешто за Расел и компанија за аналитичката филозофија... Само јас не можам да цитирам имиина од ракав, оти не ги знам повеќето филозофи.

Најного ме фасцинира едноставнио пристап (нормален јазик, без да се пробуваш да изгледаш/звучеш супер филозофски) дека е доволно да си имаш логички објаснени мисли, и ги испреплетуваш да си надополнеш природните науки.
Тава нешто тешко да се добие со елитистичкио начин на размислувајне тука низ темата (нешто у стил те нија сме тија шо го пијат вискито у градо. нија сме посебна наука, нија ќе ги најдеме причините и принципите на се шо не опкружува)...

А за Хегел, пробах се да го читам ама ништо не разбрах... и се откажах...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom