Денес од глад починаа 16.500 деца

S

Sagan

Гостин
Весниците не пишуваат за нив, телевизиите ни го свртуваат вниманието со цицките на некоја си Кардашијан, голиот газ на некоја си „принцеза“, вечната криза на Блискиот Исток, смрдливите политичари и нивните проститутки...


И покрај т.н. економски раст на Индија, во 2008 година од глад и болести поврзани со неухранетост, починале 1.8 милиони деца под 5 годишна возраст. По 200 деца секој час, три на секоја минута. Од 25 милиони бебиња кои се раѓаат во оваа држава секоја година, 48% имаат тежина под нормалната. 1/3 од родените бебиња имаат тежина помала од 2,5 килограми во моментот на раѓање.

Од децата кои не супеваат да дочекат пет годишна возраст, 1 од 5 умираат во првите 28 дена од живот, од инфекции на респираторниот тракт и дијареа. Освен гладот, придонес кон ваквата катастрофална ситуација имаат и недостигот на квалитетна вода за пиење, неписменоста и бременоста во рани години.

http://worldnews.nbcnews.com/_news/2012/02/16/10424930-indias-hunger-shame-3000-children-die-every-day-despite-economic-growth?lite
http://www.thehindu.com/opinion/op-ed/article1694278.ece

Во светски рамки, годишно умираат 6 милиони деца од глад и болести поврзани со гладта. Дневно: 16.500. Или пресметано официјално од Светската програма за храна при Обединетите нации, едно дете умира од глад на секои 6 секунди. Организацијата за храна и земјоделство при ОН тврди дека се произведува доволно храна за сите 7 милијарди жители на Земјата, а може да се произведе и за 12 милијарди. Проблемот е нерамномерната распределба.
http://en.wikipedia.org/wiki/Starvation#Starvation_statistics

Годишно ширум светот се трошат 1.464.000.000.000 (трилиони) долари за вооружување.
Во 2010 амерскиот воен буџет беше 680 милијарди долари - 711 оваа година, кинескиот 143, рускиот 71 милијарда...

Америте секоја година во канта фрлаат храна вредна 165 милијарди. Амерските ресторани годишно во канта фрлаат 6.000 тони храна.

http://en.wikipedia.org/wiki/Millionaire#Number_of_millionaires_in_the_world
 

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Wakey, wakey! Welcome to reality :)
Не е од денес ова вака.

Навалете со сликички од црнчиња и поучни текстови ако се осеќате боље <3

Утре пак ќе умрат уште 16.500.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
секоj ден толку деца умираат .. and not a single fuck was given today or yesterday or any day before...
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Уствари, зашто мене да ми е гајле? Зашто нивните земји не го средат тоа? Шо има везе ако некој живее богато, со своите заработени пари? Не смее да ги троши парите, зашто постојат неспособни лидери на земји, кои никако не може да ги опраат државите? Кој е крив? Ние што не се грижиме а сме на друг дел од светот или луѓето кои можат да сменат во тие држави?
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.730
Поени од реакции
4.481
Долго време е вака.
Ова ми е најжална глетка/појава на целата планета.
За што се криви децата?
Значи имаме храна имаме начин да ја донесеме до оние на кои им треба, но таа се фрла во ѓубре.
Да и се .... на политиката.
Важно е нека живее демократијата.
Само нека продолжат со модерниов геноцид.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.173
^ ^ ^ ^ ^ ^ ^
Зошто кај нас добар дел луѓе плачат и се молат од ЕУ да не средат :)
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Не ми се јасни родителите, знаат во каква сиромаштија живеат и пак раѓаат по толку деца.
Ако не раѓаат по толку деца ќе им исчезне нацијата , вака барем од тие 20 деца 2-3 ќе останат да дочекаат старост ....
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.730
Поени од реакции
4.481
Уствари, зашто мене да ми е гајле? Зашто нивните земји не го средат тоа? Шо има везе ако некој живее богато, со своите заработени пари? Не смее да ги троши парите, зашто постојат неспособни лидери на земји, кои никако не може да ги опраат државите? Кој е крив? Ние што не се грижиме а сме на друг дел од светот или луѓето кои можат да сменат во тие држави?
Вистина е ова што го велиш бе друже ама за што се криви децата?
До 18 години треба да има храна,место за живеење ,едукација(читај основни потреби за живот) после тоа може сам/а да решава за својот живот.
Ако ја прочита статијата храна се произведува и повеќе од доволно, но се фрла/уништува за да не паднат цените.
 

Брзии

Бело сунце, Бело небо, иди даље бог те јебо!
Член од
15 јануари 2012
Мислења
1.026
Поени од реакции
481
А што да прават децата? Родителите немат шо да прават па наместо да се снаоѓаат ќе си тераат кеиф и деца ќе праат. Прост народ, силна држава.
 
P

PewDiePie

Гостин
Уствари, зашто мене да ми е гајле? Зашто нивните земји не го средат тоа? Шо има везе ако некој живее богато, со своите заработени пари? Не смее да ги троши парите, зашто постојат неспособни лидери на земји, кои никако не може да ги опраат државите? Кој е крив? Ние што не се грижиме а сме на друг дел од светот или луѓето кои можат да сменат во тие држави?
Точно.

Искрено не ми е гајле......нас не жали некој што 21 година сме второразредна земја ? Демек кај на рози цветаат па сега ќе чувствувам грижа на совест што некој прави по 6 деца што не може да ги одгледа.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.730
Поени од реакции
4.481
Не ми се јасни родителите, знаат во каква сиромаштија живеат и пак раѓаат по толку деца.
Не можеш и да го обвинуваш некој кој не е свесен за своите постапки.
Во Индија едукацијата не е баш на највисоко ниво.
И кај нас пред 50 години беше иста појава по 5-6 деца раѓаа затоа сега 1 макс 2 деца.

Е сега пак некој кој е свесен и пак прави што не треба да прави е веќе ненормален :)
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Вистина е ова што го велиш бе друже ама за што се криви децата?
До 18 години треба да има храна,место за живеење ,едукација(читај основни потреби за живот) после тоа може сам/а да решава за својот живот.
Ако ја прочита статијата храна се произведува и повеќе од доволно, но се фрла/уништува за да не паднат цените.
А друже, кој е крив? ЈАС или ТИ? Или пак Американците што имаат па фрлаат? Што ги боли кур нив бе за држави кои не знаат да се снајдат? Демек некој го боли што ние не сме ко Шведска? Не. Снајди се па живи бе. Хуманитаризам е супер али не е на долги патеки успешно. Ќе помогнеш денес, утре ќе помине војската и ќе собере храната, зашто и они немаат. Кој е крив? ВЛАДАТА НА ТИЕ ДРЖАВИ!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom