Пушењето трева, дилањето екстази и разноразни стимуланси не ја тангира и не ја менува врската? Продавањето на ствари од девојката ( во конкретниов слуцај дечкото и го продал мобилниот телефон на девојката) за да купи трева/апчиња или не знам што не влијае на врската? Ако така мислиш секоја чест на тоа. Јас не мислам така. И те како ме занима со кого мислам понатака да основам семејство и каков човек ќе имам покрај себе. И да кажав и претходно не прифаќам конпромис на таа тема. И марихуаната е дрога по мое мислење и не сакам да биде во моја близина. Ако на дечкото му е побитно да "откачи" со другарите секој викенд наместо со мене да го поминува времето, нема место за компромис, не таква врска се става крај пред да се продлабочи.
Кажи ми ти Како тоа ако девојката си шврља на страна директно влијае на врската, ако ти за истото не знаеш?Впрочем зошто и би влијаело на врската? Нема никаква штета од тоа што он шета и со други,битно тебе највеќе те сака. Па ајде ќе бидеме open minded и ќе речеме дека човекот е полигамно суштество и не може да живее во моногамна врска, а тоа што ти си му девојка на конкретниот дечко воопшто не ти дава за право да му се мешаш во толку лични работи кои он не сака да ги сподели со тебе и дека има право во слободно време да си прави што сака.
Боже господе каде замина светов
Не драми многу многу.
Му го имала дадено телефонот да го користи, и типот го дал на заем, шо значи си го вратил пак назад.
И го продал..
Како и да е.
Зашо немоеш да напраиш разлика меѓу ВАРАЊЕ и ова конкретново? Толку ти се слични?
Кога влегуваш во озбилна врска обично си ветувате верност. Тоа е Предуслов за една врска да опстои.
Ако он сака да си пафне од време на време, или онака има некој фетиш на хентаи или незнамшо, или ќе се прилагодат еден на друг или едноставно ќе си продолжат секој по свој пат! Тоа се две различни ствари!
Тука Има место за компромис и врската Може да функционира.
Едно е да дознаеш дека дечко ти ебе на страна, а иде со тебе (нели, врска = верност), скроз друго е да дознаеш дека има вакво.. хоби.
Што во случајов е harmless. Не само за неа, општо. И не претерувај..
Да се пукал у вена или да се коцкал на големо, или да крадел ствари, да разберам да се алармира девојчето.
Пушел трева.. И шо?
И наштетил некогаш? Ја повредил дур бил напушен?
Некад коа читам вакви постови ako pusis marihuana si drogiras ми се темни. Седни, прочитај малце па после глуми Дева Марија.
Не тука да ми мешаш полигамии и моногамии со ова.
Ако и чини, нека седи со него и нека не го замара зашо уопште. не. ја. допира. нејзе тоа.
Се дур и е верен, ја сака, ја пази, ја тинтра и не ја меша у нешто што онака нејќе да биде вмешана, незнам шо не би и чинело.
Ако не и чини, бујрум, има и други риби во морето.
Колку комплицирање за ништо.