Берово

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување
Вилава е нешто измислено, нешто правено за свој кеиф, нешто преубаво и прељубезни домаќини. Кој има желба да иде во Берово дефинитивно му ја препорачувам. Чиплакова колиба:
Прегледај го приврзокот 49966

Прегледај го приврзокот 49967

Прегледај го приврзокот 49968

Прегледај го приврзокот 49969

Прегледај го приврзокот 49970

Колибава се наоѓа во самата шума и не е заштитена со ограда од дивеч. Така не се препорачува во темница да се шетате, бидете си внатре на топло со каминче. Утре слики и од внатрешноста која е исто така прекрасна.

искривете си го вратот за првите две ме мрзи да менувам:))

А колку е сместување од човек? И колку е далеку од езерото? И како се стига од Берово до таму, пошо неам кола, ако би идела би идела со автобус до берово и после...?
 
А колку е сместување од човек? И колку е далеку од езерото? И како се стига од Берово до таму, пошо неам кола, ако би идела би идела со автобус до берово и после...?
Не е од човек ова сместување. Цела вила ви ја дава за 2400 денари, ви остава човекот клуч и си заминува. Доаѓа денот кога сакате да си одите.
Колибата собира 6 лица, има три соби со по една спална. Има и два помошни кревети кои не ги видов какви се за да можам да ти кажам. Соберете се повеќе лица и ќе ви излезе поефтино.
Беровско езеро е на 5минути пешачење од колибава, преку пат. Ако немате кола веројатно идете со автобус до Берово, а после со такси до колибата. Берово и колибава се блиску, што не би требало да ви земат повеќе од 150денари. Незнам како им одат цените за такси во Берово.
 
Како по пат?како што го опишав или полошо?
Баш како што опиша:) Малку кривини и тесен пат до Берово, али добро е се вози. Повеќе ме плаши делницата Велес-Штип таа е мислам најезива за возење.
Лесно се наоѓа колибава потоа, обележано е. Само незнам зимно време како би го поминале тоа патче со снег и кал.
 
Зимно време само со Лада Нива, иначе нема шанса. Нешто чистат, ама не многу успешно... И, да, Велес-Штип е полоша за возење, после накај Берово има кривини ама не е страшно за возење, полека-полека се стига.
Прошетавте до Аурора? Мене ми се оди таму, ми се плаче, ама другар ми Евро прерано ме напушти :D
 
Да, гламурозно е. Али за Берово 50 евра од вечер не давам :)
 
Има прекрасни викендици во местото Абланица (со такси 150 денари), а се наоѓа на пола пат од градот до езерото.
Повратна автобуска карта со берово транс чини 500 денари.
Езерото е забрането за бањање, а природата воодушевува.
Цените во кафичите се на пола од овие во Скопје:
Нескафе- 50
Коњак- 50
Вотка/сечена- 50-60
итн..
Исто и по рестораните е доста поевтино: Пици,Пастермајлии,Панцероти итн. 150/100/100
Прекрасна е храната :)
Све што ве интересира можете да прашате, 2 пати годишно идам натака (зимо-лето) :)
 
IZDAVAM SOBI VO BEROVO cenite se po 4OODEN SDC13180.JPGSDC13180.JPGSDC13180.JPGSDC13192.JPGSDC13190.JPG SO SOPSTVENO VC SO SOPSTVENA KUJNA SO PARNO GRENJE SO BEZICEN INTERNET SO TV,DVD SO BESPLATEN PARKING SO TERASA MISLAM DEKA E ODLICNO MESTO ZA ODMOR PA KOJ SAKA NEKA ME KONTAKTIRA PO PP.
 
Знае ли некој дали е дозволено поставување шатори во околина на езерото (претпоставувам дека не е, но да прашам)?
 
Каде да се прошета за еднодневна прошетка,и шо да се виде во берово ? сакам овие денови да мрднам,ама патот некако ми изглеа ептен кривини и зезнат,и таму дали би се снашол. Ова езерово лесно ли се стигнува до него ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom