Македонскиот синдром си го знаеме сите ние многу добро тука што сме родени и што живееме во оваа земја .......... некој да дојде од страна можеби нема да ги осети работите, но ние тука во ова мало парче земја сите се знаеме меѓу себе, кој е, што е, каков е и.т.н. т.е. мал народ сме една шака .............. б.т.в. кога во Скопјево секој со секого се знае од некаде ... што ќе остане за помалите места, таму си ги знаат дури и броевите од гаќите и.т.н. ............ ние сме народ силни на уста, уште посилни на тастатура, јаки за оговарање, болно љубоморни кон секого кој што успеал колку-толку во животот, секој со секого е ’’пријател‘‘(намерно под наводници) но истовремено и непријател и по некое непишано правило секој со секого во своја близина е замерен за нешто, со брат, со сестра, со родител, роднина, комшија, колега и.т.н.
Нас најголем непријател нели ни се соседните држави и народи, како и внатрешните малцинства, но секако дека имаме и мал милион внатрешни поделби помеѓу себе ......... партиски, класни, културни, религиски(верници/атеисти), образовни(писмени т.е. интелектуалци и неписмени), географски(граѓани т.е. Скопјани и провинцијалци т.е. сељаци) и ред други поделби ....
П.С. На каде и де сврти човек се знае какви муабети се прават во Македонија, па дури и овдека на форумов гледаме секојдневно ............ се некакви проблеми со малцинствата меѓуетнички, меѓуверски, или пак се некакви политички/партиски препукувања .......... тоа се главните теми за муабет и да досега не сум чул барем еден Македонец/Македонка да рече имам, се немам, немам и тој што нема нема и тој што има пак нема ............ е сега политичарите како политичари тие се мала шака на луѓе кои произлегуваат од самиот народ, тие не се ниту странци, ниту марсовци, туку се дел од народот, он ги избира и секако дека се огледало на тој народ ............... каков народ = таква власт = таква држава !
--- надополнето: 2 октомври 2012 во 16:47 ---
Македонецот треба да прекине да се самосожалува колку е кутар и угнетен векови наназад. Ми се повраќа од тој муабет веќе. Цел свет оди напред, само ние тапшаме во место додека офкаме колку тежок живот имаме и имале нашите предци.
Како прво треба да се помириме со судбината т.е. да гледаме нанапред, а не наназад ............ ОК да Турчинот ни згрешил, исто и Гркот, Бугаринот, Србинот, Албанецот... но дали тоа значи дека треба вечно да се занимаваме со Историјата ........... дали треба да се враќаме не 100, не 200, 500, 1000 туку повеќе од 2000 години наназад во Историјата и да докажуваме кои сме и што сме, кому му е гајле на планетава за нас .......... секоја една држава и нација на планетава си ги гледа своите проблеми и своите интереси ......... каде отиде светот, каде отидоа многу до вчера затуцани држави од третиот свет ............ каде отидовме ние за овие последни 20 год. каде, во НАТО, во ЕУ !
Да има чаре ............ само образование, наука, еманципација, работа и секако отфрлање на стариот народњачки менталитет ............ бидејќи со прост и неписмен/полуписмен народ не се оди никаде ......... со селски менталитет во Европа никогаш !