Цензура на интернетот - SOPA/PIPA/ACTA/PCIP (Генерална дискусија)

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Моментално се down
revolutiontt (еден од најпознатите приватни тракери)
the pirate bay (најпознатиот јавен тракер)
rlslog (страница што објавува scene releases)

кажете ми дека е коинциденција
За TPB ти одговорија, а причината за недостапноста на RevTT е веројатно таа опишана во статијава.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.737
Поени од реакции
27.730
а причината за недостапноста на RevTT е веројатно таа опишана во статијава.
Не верувам дека е тоа. Објавија за случајот на нивната страна и рекоа дека е средено... имаа тогаш даунтајм. Си беше ок деновиве.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.024
Поени од реакции
12.528
МАНУ очигледно нема попаметна работа, освен да цензурира македонски содржини, ја повлекоа Македонската Енциклопедија, а сега го предлагаат ова ѓубре од закон за цензурирање на Интернетот.

Е сега се ставам себеси во ист кош со оние кои велеа:

МАНУ ЧАО !!! :tapp:

http://it.com.mk/izglasan-e-zakonot-za-navreda-koj-ja-stava-odgovornosta-vrz-provajderite-na-internet-uslugi/

Собранието го гласа Законот за навреда кој ја става одговорноста врз „провајдерите на интернет-услуги“

Објавено на 5 окт 2012, 13:24 од Виктор Дано

Со 66 гласови за, еден против и еден воздржан, Собранието во првото читање го изгласа предлог-законот за граѓанска одговорност за навреди и клевети (треба три читања законот да биде избран). Со овој предлог-законг освен што се поставуваат нови правила околу клеветите во медиумите, се наметнува и поголема одговорност врз „провајдерите на интернет-услуги“.

therealpsmst @therealpsmst
еве како гласале вашите пратеници за законот за клевета што може да го цензурира интернет: sobranie.mk/ext/exporteddo… #член16

Овие провајдери на интернет-услуги, како што се именувани во Законот (.Pdf), не се добро дефинирани. Може да биде веб сајт на кој се објавуваат текстови од новинари или други автори, може да биде веб форум на кој мислење споделуваат илјадници корисници, може да биде мобилна апликација итн. Но, што е со коментари на фан страна на друштвена мрежа или коментари на видео на YouTube? Facebook, Тwitter и YouTube се местата каде што често има говор на омраза, клевети, навреди, дури и повикување на геноцид. Дали модераторот на Facebook фан страната ќе сноси одговорност, или пак Facebook, ако се сомневам во второво? Facebook е хостиран во САД, а македонски закон може да влијае само врз .mk или .com.mk сајтови, така? Доколку одгворноста паѓа кај модератор на фан страна, тогаш дали истото правило ќе важи и за веб форуми каде, пример, модераторите ќе сносат одговорност, а не сајтот на кој е форумот?

*Го исконтактиравме претседателот на МАНУ, Владо Камбовски, кој го изготви законот заедно со други експерти, новинари и судии, за подетално објаснување околу терминот „провајдер на интернет-услуги“. Чекаме одговор.

Еве го конкретниот Член 11 од Законот во кој се објаснува одговорноста на „провајдерот на интернет-услуги“:

Одговорност на провајдерот на интернет-услуги
Член 11
(1) Провајдерот на интернет услуги превзема одговорност, заедно со авторот, за надоместување на штетата која произлегува од овозможување на пристап до навредливи или клеветнички информации.
(2) Провајдерот на интернет услуги не одговара за изнесена навреда или клевета како резултат на овозможување пристап до навредливи или клеветнички информации под услов доколу:

1. докаже дека авторот на информацијата објавена на веб порталот не дејствувал под директна или индиректна контрола или влијание од страна на провајдерот на интернет услугата, и
2. докаже дека не бил свесен ниту трeбал да биде свесен дека навредлив или клеветнички материјал е објавен на веб порталот, или, во рок од 24 часа откако станал свесен за навредливиот и клеветнички карактер на објавениот текст или информација, ги превзел сите технички и други мерки за отстранување на таквата информација. Барање за отстранување на информација може да поднесе и оштетеното лице.

Од една страна законот е добредојден за да донесе барем некој ред во прекумерните навреди и клевети на друштвените мрежи и сајтовите, кои сакале или не, сепак треба да модерираат коментари бидејќи тие се платформата на која се коментира. Ваквото модерирање на навредливи коментари се практикува од бројни медиуми во светот, но се практикува и слободата на говор и правото на критичко мислење. Ова важи и за IT.com.mk.

Од другата страна, пак, овој закон лесно може да се претвори во цензура. Законот вели дека „барање за отстранување на информација може да поднесе и оштетеното лице“, што значи дека се дава моќ на оштетеното лице без судски налог да се заканува на сајтови и да бара цензура на содржината. Или како што предупреди фондацијата Метаморфозис:

„Законов ќе ги обврзе порталите да цензурираат содржини објавени од нивните корисници по барање на „оштетеното лице“, не по судски налог врз основа на докажан и осуден прекршок. На пример, некој владин функционер може да биде навреден од изнесување докази за негова корупција. Ако провајдерот не може да докаже дека сторил сè да му го спаси угледот тогаш се соочува со иста одговорност за содржините како граѓанинот кој ги објавил.“

Поставен вака, Законот останува дел на различно толкување пред се кога се работи за друштвените мрежи и сајтови кои се хостирани надвор од државата, а се користат од стотици илјади македонски граѓани.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
На Макпетрол се поставуваат антени кои ќе служат за новиот закон клевета за цензура на интернет.
Има некој инфо што всушност ќе прават тие антени?
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
На Макпетрол се поставуваат антени кои ќе служат за новиот закон клевета за цензура на интернет.
Има некој инфо што всушност ќе прават тие антени?
Кој те заебава? :)
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Ај провери си уште еднаш, затоа што цензура не се врши преку антени, туку преку правници и (во краен случај) провајдери.
Преку антени може да се шпиунира?
На сите бензиски ќе ги поставуваат затоа што има многу такви објекти во цела македонија.
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Преку антени може да се шпиунира?
Што да шпионираат? Ако сакаат да те прислушкуваат (сеедно дали се работи за телефони или интернет конекција), тоа ќе го прават во фирмата која ти ги дава соодветните услуги.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Што да шпионираат? Ако сакаат да те прислушкуваат (сеедно дали се работи за телефони или интернет конекција), тоа ќе го прават во фирмата која ти ги дава соодветните услуги.
Кога ќе се чудиме од каде им се информациите може ќе ни текне.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.024
Поени од реакции
12.528
Преку антени може да се шпиунира?
На сите бензиски ќе ги поставуваат затоа што има многу такви објекти во цела македонија.
Единствен начин на кој тие антени би можеле да се искористат за Интернет шпионажа, е доколку користиш безжичен Интернет, односно WLAN, популарно нарекуван wireless во Македонија, под претпоставка дека можат да го фатат сигналот на твојот безжичен уред, најчесто безжичен рутер, но може да биде и безжичен access point и слично безжично мрежно решение.

Решението ти е едноставно, исклучи ја безжичната мрежна врска и поврзи се жично со мрежен кабел, полесно и поедноставно решение, здравје.

Во целост се согласувам со Јована Тозија, се надевам дека и македонската Интернет заедница ќе се освести и ќе се организира за масовно да излеземе на улица и да му кажеме едно големо НЕ на ова ѓубре од предлог закон.

http://jovanatozija.blogspot.com/2012/10/blog-post.html

Цензура на интернетот

Верувам дека веќе сте запознаени со новиот предлог закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета. Се случува едно АКТА/СОПА дежаву на македонскиов интернет простор. Исто како што кај АКТА интернет провајдерот требаше да сноси последици доколку преку него е овозможена пиратерија, со овој предлог закон интернет провајдерот сноси одговорност за изнесената содржина заедно сосе лицето кое што ја извршило клеветата. Еве го цитиран, спорниот член 11 од предлог законот:

Одговорност на провајдерот на интернет-услуги
Член 11
(1) Провајдерот на интернет услуги превзема одговорност, заедно со авторот, за надоместување на штетата која произлегува од овозможување на пристап до навредливи или клеветнички информации.
(2) Провајдерот на интернет услуги не одговара за изнесена навреда или клевета како резултат на овозможување пристап до навредливи или клеветнички информации под услов доколу:
1) докаже дека авторот на информацијата објавена на веб порталот не дејствувал под директна или индиректна контрола или влијание од страна на провајдерот на интернет услугата, и
2) докаже дека не бил свесен ниту трeбал да биде свесен дека навредлив или клеветнички материјал е објавен на веб порталот, или, во рок од 24 часа откако станал свесен за навредливиот и клеветнички карактер на објавениот текст или информација, ги превзел сите технички и други мерки за отстранување на таквата информација. Барање за отстранување на информација може да поднесе и оштетеното лице.

Мразам сложени и долги зборови и реченици, бидејќи сметам дека човек треба да биде концизен, краток и јасен кога сака да искаже некоја поента.



Затоа, како лаик за толкување на закони и експерт во користењето на интернет услугите ќе се обидам да дадам мое толкување на овој закон. Кажано на попрост јазик:

(1) Ако јас, Јована Тозија објавам навредливи и клеветнички информации на мојот блог, мојот интернет провајдер, во случајов One, ќе ги сноси последиците заедно сосе мене
(2) Мојот интернет провајдер, во случајов One, нема да ги сноси последиците сосе мене доколку:
1) Докажат дека тие мене не ме натерале да ја објавам навредливата содржина
2) Докажат дека не биле свесни дека јас сум објавила навредлива содржина на мојот блог или пак во рок од 24 часа се обиделе да направат се што можат за таа навредлива содржина да биде отстранета

Еве една хипотетичка ситуација со многу реален ауткам ако се изгласа овој закон.

1. Јас доаѓам до непотврдени информации дека Медо има секс многу почесто отколку што тврди на неговиот блог
2. Информациите ги добивам од вработен во мојот интернет провајдер.
3. Го прашувам вработениот дали е ок да ги објавам овие информации, а тој не само што ме охрабрува туку и ме убедува да ги објавам овие информации, бидејќи се уште му е лут на Медо што се ќарил со негова бивша женска
4. Информацијата со предзнак СКАНДАЛОЗНО и фотошопирана слика од Медо со 3 полуголи жени ја објавувам на мојот блог
5. Медо, бидејќи активно го следи мојот блог, го чита тој блог пост и се вади од такт бидејќи неговиот имиџ на форевералоун момак, врз база на кој ќарува женски, е тотално компромитиран
6. Медо бара од мојот интернет провајдер да се отстрани сликата и информацијата за неговиот активен сексуален живот
7. One одговара негативно на ова барање, бидејќи како побогу One ќе избришат контент од мојот блог, освен ако не ми ја пробијат лозинката
8. Медо ме тужи
9. Јас на суд изнесувам извадок од чет хистори со мојот пријател во кој тој ме убедува да ги објавам компромитирачките информации
10. One го јаде на суд, трошоците за отштета ги делиме, а јас морам да ги тргнам од блог компромитирачките инофмрации
11. Медо е среќен и задоволен и продолжува, со еден куп пари во џебот, да го гради својот имиџ на форевералоун момак

Мислам дека ју гет д поинт. Секој пат кога некое дерле, а ги има многу, ќе објави навредлива содржина за јавна личност/политичар/музичар/бизнисмен/сл. и таа јавна личност побара одговорност од интернет провајдерот за изнесената содржина, интернет провајдерот ќе треба да докажува дека не го испровоцирал објавувањето и дека направил се што може за содржината да биде отстранета. Ова секако да се докажува секој поединечен пат е тешко. А за да се заштити себе си, интернет провајдерот или ќе треба да ограничи пристап на своите корисници кон одредени интернет ресурси или да вработи луѓе кои што ќе мониторираат 24/7 што прават нивните корисници. Hence - welcome to China.

Мене ова воопшто не ми се допаѓа. Припадник сум на генерација која што израсна и чии што вредности се основаат врз база на слободата на говор во интенрет просторот. Припадник сум на генерација која што своето независно мислење и ставови за општествените промени ги донесуваше токму благодарение на достапноста на информации (од секаков калибар) на интернет. Интернетот е се што имаме. Интернетот е наш. Не смееме да дозволиме никој да ни го земе. Стоп за цензурата!

 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
За некој ден може ќе дознаеме каква можност имаат овие новитети.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.024
Поени од реакции
12.528
http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=56211

Декриминализацијата на клеветата ќе удри на слободата на интернет

вторник, 09 октомври 2012, 19:33

Црн екран, цензура ... портали за вести, блогери, невладини организации, корисници на социјални мрежи денеска го вклучија алармот против предлог законот за навреда и клевета. Причината е членот 11 од текстот на законот, според кој ако некој клевети на интернет, одговорност ќе имаат и провајдерите.

- „Провајдерот на интернет услуги превзема одговорност, заедно со авторот, за надоместување на штетата која произлегува од овозможување на пристап до навредливи или клеветнички информации.“ – се вели во став 1 од член 11.

- „Провајдерот на интернет услуги не одговара ... под услов... :
1. Докаже дека авторот на информацијата објавена на веб порталот не дејствувал под директна или индиректна контрола или влијание од страна на провајдерот на интернет услугата,

2. Докаже дека не бил свесен ниту трeбал да биде свесен дека навредлив или клеветнички материјал е објавен на веб порталот, или, во рок од 24 часа откако станал свесен за навредливиот и клеветнички карактер на објавениот текст или информација, ги превзел сите технички и други мерки за отстранување на таквата информација. Барање за отстранување на информација може да поднесе и оштетеното лице. – се вели, меѓу другото, во став 2 од членот 11.

Познавачите кои ги контактираше АЛФА се согласни дека точката содржи недоречености. Ако законот не се прецизира, останува отворена можноста за различно толкување па и цензура.

- „ Претпоставка е дека најлесно ќе биде тие (провајдерите н.з.) да ги пресечат тие канали на комуникација, да ги блокираат тие сајтови што всушност ќе значи де-факто цензура... Значи јутјуб, фејсбук, што ќе се случи со тие работи. Единствен начин да цензурира нешто такво е да се прекине доводот односно да се прекине можноста да се отвара таа страница од Македонија, што во секој случај е една од најригорозните мерки која што е спроведена само во најтоталитарните општества во светот, се разбира до сега.“ – изјави меѓу другото Дарко Булдиоски од Центарот за нови медуми

-„ ( доколку н.з.) Овој член од законот се толкува рестриктивно навистина може да дојде до опасност да луѓето се плашат јавно да говорат и самите медиуми да се плашат да ги отворат „дизгините на демократијата“... Меѓутоа, ако се запази онаа форма што значи навистина да се санкционираат негативните појави, национална, верска, етничка омраза, друг тип на навреда кој што навистина постои и штети на секој од нас, тогаш може да се сфати правилно. Но еден член е премалку за да уреди цела материја.“- изјави меѓу другото специјалистот за нови медиуми, Бојан Кордалов.

Алфа побара став и од интернет провајдерите- од Оне не можеа да одговорат бидејќи се уште го разгледуваат делот од текстот кој се однесува на одговорноста која тие би ја имале. Од Македонски Телеком пак сметаат дека е потребно ревидирање на одредбите.

-„ Предложената одредба иницира прашање која е улогата на провајдерите, да обезбедуваат услуга или да ја следат содржината на она што се објавува на сајтовите ... Оттука, сметаме дека спорниот член од Предлог Законот треба да се ревидира во насока на утврдување на поединечна одговорност на лицето кое ја објавило информацијата и на уредникот, но никако на провајдерот“- велат во дел од своето соопштените

Предлог-законот од денеска е пред комисијата за политички систем. За неколку дена се очекува да почне расправата за него, до кога пратениците кои сметаат дека текстот не е добар, можат да подготват,а потоа и да предложат амандмани за негова измена.

Александар Димитриевски
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Во краен случај ако блокираат страни ќе мора да се користи VPN. :cautious:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom