Убиен Македонец во Солун?

Член од
9 март 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
220
Брат не се криви само новинариве,па Тодор Петров вчера се јавува ударно на МТВ и вика треба да објавима војна на Грција:vozbud:
Тоа е навистина шокантно и ке биде искористено од Грците.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.738
Поени од реакции
12.168
Брат не се криви само новинариве,па Тодор Петров вчера се јавува ударно на МТВ и вика треба да објавима војна на Грција:vozbud:
изјавава му вришти. Нека иде у некоја институција нека изигрува Наполеон.
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Еве што кажа државната МТВ и Тодор Петров.
Да не знаеш што да мислиш.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Ни солунската болница, ни полицијата, ни попот во селото каде наводно треба да биде погребан Самарџиев немаат потврда на приказната на Стилјан

Александар Самарџиев или Александрос Самарѕис –име за кое никој во Грција не слушнал. Постои ли навистина студентот за кој вчера се тврдеше дека починал во Солун? Болниците во Солун, грчката полиција, жителите на селата во егејскиот дел – никој нема потврда.

Канал 5 контактираше и со Стилијан, тој и понатаму си стои на својата приказна дека неговиот братучед бил претепан од Златна зора, по што им подлегнал на повредите, вели дека бил пренесен во солунска болница. Оттаму пак, вчера ни рекоа дека во периодот додека болницата примала итни случаи, од 8 часот наутро во петокот до 8 часот вчера, немале пациент со конкретните податоци.
На нашето прашање до Стилијан дали случајот е пријавен во полиција, добивме потврден одговор. Од грчката полиција пак, немаат информации. Ниту за во Солун ниту пак за во поширокиот регион на грчката област Македонија. Немаат потврда за случај со момче кое било претепано,и им подлегнало на повредите.
Стилијан тврди дека погребот ќе биде денеска во селото Треболец или на грчки Мавровуни.
Канал 5 се распраша и таму, но никој не чул дека имаат соселанец Самарѕис или Самарџиев. Го контактиравме дури и попот, кој категорично вели, ниту постои дете под тоа име ниту пак денеска има погреб во селото.
Обвинувањата за наводната смрт на 19 годишниот студент одат на сметка на Златна зора. Канал 5 разговараше со пратеникот Никос Илиопулос, кој категорично ни рече дека немаат поврзаност нити пак сакаат да дадат било каков коментар за целиот случај.
Стилијан, од кого започна целата приказна, за Канал5 коментира дека македонските медиуми претерале со инцидентот, без најверојатно да биде свесен дека токму тој е виновникот.
Како што објавивме вчера Самарџиев во петокот на својот фејсбук профил ја објави веста, но оние кои го познаваат велат дека е проблематичен и изолиран случај кој не е поврзан со ниедна организација на Македонците во Грција и има екстремно националистички позиции.
Македонската јавност го запозна Стилјан Самарџиев во август годинава кога наводно бил приведен од грчката полиција поради поставувањето на македонското знаме пред полицијата во Солун. Ниту овој инцидент го немаше во полициските извештаи...
Сања Ристовска
Добар патриотов! БЦ е крив, може да ги накривиме и Србите, Бугарите сега...
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Од тоj фанатички национализам на Стилjан страда имиџот на Македониjа. Не е момент за делби на партиска основа или да се натпреваруваме коj е поголем патриот затоа што понекогаш неприjателот може да биде некоj коj мисли дека и мисли добро на Македониjа но неговите дела го прават токму спротивното.
Можеби се работи за публицитет, можеби типот е луд , не можам да му направам ментален профил затоа што не го познавам. Само знам дека доколку се испостави дека сево ова било фарса ќе бидеме во тешки гомна и ќе им дадеме причина на соседиве кои „не сакаат“ да не плукаат уште толку. Се помалку верувам во тоа дека е убиен извесен Александар Самарџиев.
 
Член од
23 декември 2010
Мислења
578
Поени од реакции
365
Ма ништо веќе не ме изненадува ниту пак се возбудувам.

Прво брејкинг њус од Анал 5 дека се срушил авион а они да ти рекламирале турска серија.
После Тодор Петров објавува војна од националната телевизија.

И кој страда?

Народот.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
недела, 30 септември 2012, 14:39

Балкан

Стилјан Самарџиев: Настанот постои и се случил
Во денешниот разговор со Стилјан Самарџиев, за весникот "Нова Македонија" вели дека настанот постои и се случил. Дека неговиот братучед е претепан по што починал. За тоа ги обвинува неонацистите од „Златна зора“
Во денешниот разговор со Стилјан Самарџиев, за весникот "Нова Македонија" вели дека настанот постои и се случил. Дека неговиот братучед е претепан по што починал. За тоа ги обвинува неонацистите од „Златна зора“.

И во нашиот разговор тој не ни даде сигурна и веродостојна потврда дека е се случило убиството на неговиот братуџед.

- Вистина е ова. Јас прв дознав кога мајката на Александар, мојот братучед, ми с е јави и ми рече под итно да заминам за Солун каде е повреден братучед ми. Но по немилиот настан семејството ме замоли да не давам никакви изјави и да молчам затоа што се плашат од додатни проблеми од Грците. Александар студираше на факултет во Солун и имаше 19 години. Потекнува од село кое се наоѓа меѓу Воден и Солун - ни изјави Стилјан Самарџиев во разговор за случај на убиство на македонец во Грција, за кој се уште нема официјална потврда, од грчките власти.

Тој не дава повеќе информации за случката со образложение дека со тоа ќе предизвика поголеми несакани последици.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Овци. Непроверени гласини од луѓе со сомнителен ментален склоп можат да ги нафураат само.
Реални проблеми, од друга страна, нема шанса.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Тодор Петров кој на МТВ 1 повикуваше на војна, сега како во секоја нормална земја да си поднесе оставка како морална така и етичка. Како може да тврди вакви работи? И така односите со Грција се кревки, сакаат да ги доуништат.. Ова не се работи кој се за зафрканција!
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.081
Тодор Петров кур го боли се напика таму и сега функционира на принцип нишај врата земај плата, и он најде да продава македонштина :facepalm: Па уште па има луѓе што се палат на неговите изјави и повици за војна, до кое дереџе дојдовме само... Тоа се' треба да се собере и право во ментална институција да се носи.
Ја читам темава од кога е отворена и мислам дека многу луѓе се запалија без никакви официјални информации, Дарки и АнФем ги направивте подоле од гомно, зошто? Затоа што се дрзнаа разумно да погледнат на ситуацијата...
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Тодор Петров кур го боли се напика таму и сега функционира на принцип нишај врата земај плата, и он најде да продава македонштина :facepalm: Па уште па има луѓе што се палат на неговите изјави и повици за војна, до кое дереџе дојдовме само... Тоа се' треба да се собере и право во ментална институција да се носи.
Ја читам темава од кога е отворена и мислам дека многу луѓе се запалија без никакви официјални информации, Дарки и АнФем ги направивте подоле од гомно, зошто? Затоа што се дрзнаа разумно да погледнат на ситуацијата...
Utre so toj razum ke vi vlezat grcite i ke ve okupiraat so toj razum albancite si dobija pola drzava so tj vas razum ,samo trpeniee abe site trebalo da ve krstat Trpevci ili Trpani :facepalm: ne BAN ako saka i Jelacic neka mi stavat ebagoooo
 
Член од
23 декември 2010
Мислења
578
Поени од реакции
365


Него,го гледам малиов и...освен интелегентно замислениот поглед...многу нешто патриоти ми се измнамножиа...се по фејсбук,јутуб...да ви ибам сортата да ви ибам:D
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.484
Стилјан во тазговор со дописничката на Канал 5 од Грција потврдил дека погребот ќе се оддржи денеска во селото Треболец или на грчки Мавровуни, но како што информира телевизијата, ниту соселаните, ниту пак попот не слушнале дека имаат соселанец кој се презива Самарѕис или Самарџиев. Попот рекол дури и дека денеска нема погреб во селото.Македонската јавност го запозна Стилјан Самарџиев во август годинава кога наводно бил приведен од грчката полиција поради поставувањето на македонското знаме пред полицијата во Солун. Ниту овој инцидент го немаше во полициските извештаи...
Е ај сега... Овој Стилјан стварно да не ги утнал апчињата..Или може ги пропуштил.
 
E

emission

Гостин
Тодор Петров кој на МТВ 1 повикуваше на војна, сега како во секоја нормална земја да си поднесе оставка како морална така и етичка. Како може да тврди вакви работи? И така односите со Грција се кревки, сакаат да ги доуништат.. Ова не се работи кој се за зафрканција!
Каде има повик на војна? Има повик властите на грција да си ја завршат работата и да се пронајдат сторителите ако се случило ова. Нема такво нешто како што почнаа да фантазираат неколкумина на темата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom