- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.368
- Поени од реакции
- 84.607
Видете, јас секако добро знам кои се овие двајца, особено Лон Мило...Да беа само членови...
Но, мојот пост повеќе беше со една бон-тон политички коректна интенција.
Иначе можев отворено да посочам дека ја препорачуваш како објективна, призмата на еден од лидерите на модерното ОТО, низ која го гледа Кроули.
Исто ко за објективна призма низ која се гледа Хабард, да го посочам човекот кој е моментално на врвот од Саентологијата.
...или за најобјективна призма низ која се гледа Мухамед, да ја препорачам призмата на врховниот имам во Џеда.
Сепак, останува фактот дека овие луѓе се меѓу најзапознаените со делото и ликот на Кроули. Бидејќи судот за Кроули, според мене мејнстримски се донесува врз база на неговата сува биографија, а тоа е сосема непотполна слика,.... кога е лишена од разбирањето на неговите пишани дела. Ако овие што ги спомнавте, не го познаваат Кроули и не го разбираат, тогаш не знам кој би бил тоа...
Стравот е поради евентуалната пристасност.