Сега пред малку ја прочитав статијава и сакав да ја споделам :
извор :
www.kurir.mk
Седум сурови вистини за животот
Секако дека животот има свои успони и падови, но начинот на кој се справуваме со нив ја прави разликата. Нешто од ова што ќе го прочитате можеби ќе ви биде старо и познато, во тој случај, обидете се во нив да пронајдете нова суштина, нова врска, со цел да го извлечете максимумот.
1. Пријателите доаѓаат и си заминуваат
Во средно училиште сметаме дека до крајот на животот ќе бидеме опкружени од луѓе кои тогаш сме ги познавале. Кога ќе тргнеме на факултет никогаш повеќе нема да се сретнеме. Кога ќе го промените местото на движење, ги менувате и луѓето. Во тоа нема ништо лошо, секогаш има време за нови лица.
2. Многу луѓе вас ќе ве сакаат, многу нема
Било да сте славни, свештеник или пак обично момче од село, некој вас ќе ве сака поради она што го правите, но многу и нема да ве сакаат. Причините се многубројни – љубомора, сличности, разлики или едноставно не сте негов тип.
Виe сте совршени такви какви што сте. Вашата совршеност за некого претставува мана, и обратно.
3. Никој не може да го промени вашиот живот повеќе од вас самите
Баш би било прекрасно нашите пријатели да прават само работи од кои сите би имале корист. Сепак, луѓето не се баш толку дарежливи едни спрема други. Само вие самите можете да се промените себеси и вашиот свет.
Научете да стоите на сопствени нозе, па макар и да мора да се качите на највисоката полица. Луѓето на кои се потпирате нема да бидат тука засекогаш, а сигурно не сакате да се влечкате на нечиј грб.
4. Ќе го допрете и дното
Ќе работите многу работи додека не ја пронајдете вистинската, а за многу од нив ќе мислите дека тие се вистинските. Што и да направите, мора да се носите со вашите неуспеси.
Постои изрека дека само оние кои спијат никогаш не грешат.
Можете да учите и од туѓите грешки, но само од сопствените неуспеси и грешки ќе извлечете вистинска корист. Искорестете ги своите грешки на патот кон успехот.
5. Околностите имаат големо влијание
Некогаш ќе заврне „дожд“ баш кога сте на патот кон „плажата“. Работите нема секогаш да бидат онакви какви што очекувате. Не се нервирајте за работи врз кои не можете да влијаете.
Научете да живеете со она што не можете да го промените. Не можете да го промените минатото, но затоа можете иднината.
6. Еднаш се живее, можеби нема да постои утре
Па, ова е реално. Може да биде несреќа на улица, срцев удар, кој знае што. Дури и крајот на светот е можен.
Еден од следните денови ќе биде последен. Искористете го секој ден. Држете се до луѓето кои се важни во вашиот живот. Правете го тоа што сакате и нема да го „промашите“ сопствениот живот, својата единствена прилика.
7. Некој секогаш ќе го има поголемиот дел од колачот
Било да е тоа пари, пријатели, партнер или било што, некој секогаш ќе има повеќе. Тоа што вие сакате кажува доста за вас. Тоа што тој има не значи дека е посреќен од вас.
Погледнете биографија на некоја славна личност и заклучете колку тој навистина е среќен. Колку воопшто знае што е среќа. Нивното уживање е трошењето пари, а тоа не е среќа.