Еве ти нешто што мене ми се деси:
Јас имам сертификати за мрежен инженер од Александрија, знаењето таму што ќе го стекнеш нема нигде да го стекнеш - стрикно она што си се запишал, нема да леташ по метеријал за џабе. Нема глупи предмети и слично. И воедно тоа е и она што во иднина, ако тоа работиш, ќе го користиш. Нема да ти треба ништо дополнително.
Е сега, Македонијава ни наша златна, не го признава.. сертификатот кој го признава цел свет.

ИРОНИЈА нели? И каде и да работиш и покрај знаењето што го имаш ти ќе бидеш среднист. Што не ти се исплати финанскиски (пази ова важи само за ако работиш за некој, не ако си имаш сопствен бизнис).
Ако имаш ФИНКИ, не верувам дека ќе знаеш исто, ама па ќе се водиш како академски граѓанин.

Па јас морав да упишам и факултет кој ми донесе диплома и плус сертификатите е тоа ти е нешто што ќе ти даде многу предност.
Ти треба да си одлучиш.