И покрај победата, не сум задоволен од тоа како игравме, особено во средината. Како се нафрли Каљари кога почна второ полувреме мислев дека ќе дадат гол. Имаа премногу слобода, а ние ќе земевме топка, 2-3 паса и ја губевме. До црвениот картон си играа супер, после се изгубија и тука искористивме уште една шанса.
Не сум задоволен од Констант, очекував барем да биде подобар од Траоре кој мислам дека е најголемо дрво во составот, а пак испадна исти ко него. Ко излезе сам на крајот и ко си ја запука в пченки..

шта речи... коју послугу порати, коме?
Шарави и Шиљо одиграа супер, се гледа дека од фараонот ќе биде одличен играч, курпулентен е, нема страв, трча, се труди. Урби... како беше мубетот за него, ќе викаме кај е оној Урби од подготовките

епа тоа е, за жал. Добро е што Робињо се врати, а за брзо и Пато.
Јас не се слагам за Пацини да грее клупа, ни еден натпревар во овие наредни. Видете ја снимката од вториот гол на Ел Шарави како Пацо повлече двајца играчи кон него и му ослободи простор. Камо да стигнеше до тука проблемот па да плукаме по Пацини уште од сега. Мислам дека проблемот ни е најмногу во средината, Монтоливо неубедливо, Де Јонг слабо... Овие двајца да влезат во шема и ќе добиеме повеќе на сигурност, за нападот не се секирам баш, максимумот го ваѓаме, додека кај средината има мнооогу неискористен потенцијал.
Парма не ја осеќам како тежок противник, ама од искуство нема многу да се надевам на а у нешто, само ете ќе речам - имаме шанси, премногу се слаби Парма оваа сезона, немаат голгетер како лани Џовинко, би требало со цврста игра да си одиме дома со трите бода.