Дерби: Вардар - Пелистер (недела, 19 часот)

Кој ќе излезе како победник?


  • Вкупно гласачи
    144
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.244
Поени од реакции
76.298
Локација
Б'с
Кога може да има теми за дербињата од сите можни странски лиги, зашто да нема и за нашето :D
Најголемото фудбалско дерби во Македонија ќе се игра под рефлектори во вечерен термин, исто како и пред 2 години :)
Тогаш и двете екипи беа закопане, Вардар влезе во дуелот со 0 бодови, Пелистер со 3 ми се чини, после 4 кола...
Оваа година ситуацијата е различна. Вардар таму каде што припаѓа, на врвот (:D), Пелистер на средината на табелата но со солиден состав, спемен за изненадување.
Вардар ќе влезе во мечот со неколку повредени играчи, а двајца од нив се можеби и клучните играчи.
Не се знае состојбата на Георгиев и на Хименез, двајцата играчи кои донесоа многу голови во нашата игра, нешто што го немаше лани. Хименез веќе пропупшти некоолку средби, а беше повреден на дуелот со Тетекс каде одигра маестрално.
Дали ќе се врати за дербито не се знае, но овде сме и така добро покриени бидејќи го имаме солидниот Петров.
За георгиев ништо не се знае. Ни како се поведил ни колку ќе отсуствува, дали тактички се кријат информации или стварно е некоја посериозна повреда ќе видиме во наредниов период.
Илчо Георгиевски имаше сосема друг стил на игра од Благоја. Он влеваше стабилност во тимот, се градеа долги акции, ретко примавме голови, ама тешко дававме. Сега на Градски даваме голови како алва, благодарение на брзите крила, нешто што ни фалеше лани.
Работнички прими 3 гола, Тетекс 4, Турново 5, Дрита 4, односно во просек даваме по 4 гола, а примаме нешто помалку од 1 гол по натпревар на домашен :)
Сезонава се покажа дека екипите многу тешко победуваат на гостински терен. Слично важи за нас, а особено за Пелистер кој мислам дека досега нема ниту еден освоен бод вон Битола.
Ете им шанса со поголема мотивација да дојдат до првите гостински бодови, особено ако нас ни фалат Георгиев и Хименез, покрај Оса кој сеуште ја влече повредата и неможе да даде се од себе.
Кај Пелистер сигурно ќе сака да се покаже нашиот екс играч Тони Вељановски, но и Илир Елмазовски кој воопшто не е омилен тука, особено по ланските пародии што ги правеше на мечевите Вардар-Шкендија и сигурно нема да биде пречекан со убаво.
Благојче Главевски сеуште чека да влезе во голгетерска форма. Пелистер се потпира и на веќе искусниот Драган Димитровски, екс репрезентативец, и уште еден наш екс играч Димче Ристевски.
Останатите с помлади играчи, ги оставам Битолчани да си пишат за нив пошто сигурно повеќе им ги познаваат квалитетите :)
На голот е уште солидниот Пеце Коруновски.
Ние во отсувто на Георгиев, веројатно ќе играме слично како и во Кратово, Захов, Илиевски, Вајс, Таневски, Цикарски, Петров, Темелков, Ранѓеловиќ, Маневски, Стојаковиќ и Костовски. Играњето на Маневски како замена на Георгиев видовме дека не функционира. Време е Борче да си седне на клупа, и да се направи некоја рокада, пример Цикарски крило, Бошковски лев бек. Се зависи од тоа дали некој од Хименез или Георгиев ќе биде способен за игра.

Дербито не е само на теренот, туку и на трибините :D
Од едната страна ние, навивачите на Вардар, Комитите, а на другата ривалите од Битола, Чкембари.
Би требало со нас да има група од Војводи, а на противничка трибина група од Лозари.
Ние ветуваме добро навивање, со разни кореографии и приотехника, сигурно истото се очекува и од Чкембари кои на овој меч ќе слават 27 години постоење. Јас се надевам дека за разлика од други години ќе дојдат во поголема бројка и ќе се покажат многу подобро...

Нашата најава за мечот:
final-1348655861.jpg


Забавата е загарантирана!

Бар за еден викенд баталете ги странските првенства и кладилниците, завршете со обврските на време и сите на Градски!

Ако некој од кајгана е заинтересиран за мечот, картите се по цена од 100 денари, може да ги купите во сите тобаковци together во Скопјево.

Нека почнат провокациите сега!
Лалалалалалалалала О СУЗАНА ГО ЕБАМ ПЕЛИСТЕР... :icon_mrgr:
 
Браво Сабер:),иначе очекувам нормално победа на Вардар,а исто така победа и на трибини :).
Од мој поглед,очекувам да дојдат околу 200-250 Чкембари,а ние на трибина 1,000 + ..
После една година пауза се враќа најголемото дерби во Македонија,нека победи фудбалот тоа е тоа :)
 
Комити-Војводи против Чкембари и Лозари страшна работа !
Од цел пост баш тоа си го издвоил :rolleyes:
И што има тука страшно тука?
Од секогаш Комити и Чкембари имале здраво ривалство...

Иначе заборавив да напоменам дека мерачки е да се гледа Вардар на последниве мечеви на домашен терен. Знам дека многумина се разочараа по мечот со Бате, ама оттогаш се сменија работите. Хименез се уигра максимално, немаме тренер кој излегува со кукавички тактики,туку тренер кој мисли само на гол плус.
На изминативе мечеви можеа да се видат неколку одлични голови, волејче на Милан Илиевски, слалом на Петров, слалом на Георгиев, гол од 30 метра на Костовски и многу други убави акции.
И Пелистер не е екипа која се брани и ќе се влече по терен.
Така да очекувам одличен меч за око, нешто што треба да ги намами обичните гледачи.
Плус тука се Георгиев и Стјепановиќ, да се уверите далисе репрезсентативен матријал или не :D
 
ЕТЕ ГО ДЕРБИТО ПАК :)
Некој си ојде поштено 2ра лига си се врати пак и со чист образ ќе игра сега :)
Недела идиме во досега најголема бројка,на ова дерби,ќе се чудите :)
очекувања : и со нерешено сум задоволен,а оти да не и победа се е можно во фудбалот :)
 
Aма... И ДА МИ ЈА ПОООНУДААAAAAТ КАРОЛИНА ГОООЧЕВААА :D се знае рестот не е баш адекватен за тука :D хаха
 
Останатите с помлади играчи, ги оставам Битолчани да си пишат за нив пошто сигурно повеќе им ги познаваат квалитетите :)
Нема шо да пишиме, недела ќе ве изгазат тие помлади играчи.
 
Алав да тие, кога можи да има теми за странски дерби натпревари за тинкање зошто да нема и за ова :D
инаку Главевски мислам дека веќе е влезен во форма :D само да не играат нашите пичкарски како што изиграле со Тетекс...ако даваат 100 % од себе тогаш очекувам добар натпревар и можно е да се изненади :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom