Ледиком

Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438
Момци некој да ми каже искуство со Ледиком. Дали сте имале проблем доколку сте сакале да смените некој телефон додека бил под гаранција, дали ви правеле проблем, дали имале залиха или ви рекле дека го нема тоа и нема да го има, и слични ствари. Гледам некои телефони ги продаваат по исти или пониски цени од оние кои операториве ги продаваат со договор (камоли без договор). Јас слушнав нешто дека може телефонскиот апарат да им е оригинал ама немаат оригинална кутија и опрема. Не знам од каде ги носат производите (односно за кој пазар се). Неделава треба да се одлучам, па секоја забелешка би била добредојдена.
http://www.ledikom.com/
 
за азиски пазар им се телефоните ...
дури некои имаат интегрирани апликации со цитати од куран :)
од јазик на нив имаш само англиски и арапски некои букви ... од десно кон лево шо се читаат.
--- надополнето: 23 септември 2012 во 22:05 ---
ама ќе си смениш firmware и би требало да е ок
 
Што сакаш отприлика да купиш?
совет ако веќе купуваш нов тељ од мобилара подобро отиди во мобеликс, бар тел им се за европски пазар, нема арапски и сл. и доаѓаат со орг кутии и опрема а не во кутија црна ко за кондури
 
....нема арапски и сл. и доаѓаат со орг кутии и опрема а не во кутија црна ко за кондури
:pos:
Гледав Нексус. Уште не сум одлучен, ако улета некој денар може и S3 да земам. Ама голема е веројатноста да биде Нексус. Ќе одам и до Мобеликс да видам цени и што има на лагер. До сабота некаде треба да продолжам договорот, па до тогаш сакам да знам дали да земам од ВИП телефон или ќе земам од друго место телефон а од овие некој за без пари или некој од 1-2.000.

Да не ми замерите ама искуствава ви се лични, од некој близок или онака рекла-казала? Бидејќи луѓево секакви муабети си тераат. А пред недела дена девојче зема од кај нив Галакси С3, не сум чепнал да видам firmware-и и такви ствари ако може да ми каже телефонов од каде е, ама ќе видам деновиве.
 
Имам слушано лоши работи за мобиларава, сега да не грешам душа ама прилично лоши искуства имале доста луѓе. Кога барав јас мобилен по мобилариве неколку луѓе ми рекоа немој од Ледиком.
 
за азиски пазар им се телефоните ...
дури некои имаат интегрирани апликации со цитати од куран :)
од јазик на нив имаш само англиски и арапски некои букви ... од десно кон лево шо се читаат.
--- надополнето: 23 септември 2012 во 22:05 ---
ама ќе си смениш firmware и би требало да е ок

И јас сум видел телефон со куран во него. Сакаат да ни ја сменат верата. :pos::pos:
 
Еднаш пред 2-3 години влегов во таа мобилара,сакав да купам нов мобилен,уште нов од кутија не работеше како што треба,башка и услугата дека бев Мекедонец беше никаква,излегов и не се вратив никогаш
 
Бев таму пред некој ден, со цел да зеам слушалки Beats by Dre, затоа што само таму видов да се толку евтини во цело Скопје, ако не и пошироко. Како што ги рекламираат на нивната страна, изгледаат многу добро, а и слики направиле од кутиите, демек како оргиналот. И пошто далеку ми се гледаше доелот, а и не е баш безбедно местото за шетање навечер, си платив поштено такси до таму. И кога влегов таму што да видам, слушалчињата беа многу помали од тие што треба да бидат, а цена ми кажа 1500 ден, а пишале и на Пазар3 и на страната нивна 900 денари. И кога го прашав, со што идат слушалките, ми рече дечкото : Како бе со што, само слушаљки и толку. А оргинал биле, прва класа ми вика. А оргиналот идат со кутија, таму 2-3 прирачника, торбичка за носење и уште нешто. А исто така приметив, и дека телефонот што го земав пред 2 месеца од T-Mobile во Трговски, и ме чинење 18,990 , овие го продаваа за 15 , 600 (260 евра). Ти препорачувам ако планираш да си земеш телефон, да земеш од добро место, од поголемите продавници, како што се во трговски, затоа што не се знае што е тука со телефоните, и за кој пазар се наменети.
 
Фала на сите за забелешките. Ги имав слушнато сличниве муабети, ама ај викам да видам какви искуства имаат и други луѓе. Конкретно за Нексусот, кај нив е 20.900, го најдов во друга мобилара комплет спакуван за 20.200.
После коментариве дефинитвно не планирам да земам од таму.
 
Ако земаш Вип постпејд оди ИСКЛУЦИВО во салон за дирекна продажба а не во Хенди, пошто бугарите продаваат пазарска роба. Ова ти го велам пошто се имам лицно уверено.

Партнери се со Вип, но верувај ке добиеш многу подобра услуга, производ и техницка поддршка во директен салон

Sent from my LG-P350 using Tapatalk 2
 
Брат ми купи од Ледиком и супер е задоволен има секакви јазици телефонот дури и македонски СГ Аце купи иаче.

Ти од која мобилара го најде поефтин?
 
Брат ми купи од Ледиком и супер е задоволен има секакви јазици телефонот дури и македонски СГ Аце купи иаче.

Ти од која мобилара го најде поефтин?
епа тоа пошто го откупиле од некое чоече наше (од вип и сл купен) па стигнал во љејди
 
Денес зема еден другар HTC One X. Нов, ги има сите јазици, одлична кутија, слушалки.Значи не ви држат вода муабетиве.Телефонот во Оне беше 33.000 само уред, кај нив 24.800.
 
Денес зема еден другар HTC One X. Нов, ги има сите јазици, одлична кутија, слушалки.Значи не ви држат вода муабетиве.Телефонот во Оне беше 33.000 само уред, кај нив 24.800.

Дечки проверете го телефонот убаво, и провери што пишува позади под батеријата, дали пишува Made in China. Затоа што, тешко телефон како што треба да е, да го продаваат за толку ниска цена, или може е предходно користен. :(
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom