Бесплатен превоз за пензионерите и во сабота

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.164
Поени од реакции
18.206
Оваа одлука е добра од аспект што барем малку ќе им се олесни животот на оние кои се најпогодени од поскапувањата. За пензионер кој има 7-8000 пензија многу значи гратис возење, барем да ги заврши обврските кои ги има низ град.

Да нема забуна, никако не ги оправдувам оние кои се возат бесцелно, колку да ги искористат вторник и петок (а наскоро и сабота).

Но сепак, не ви личи да плукате по стари луѓе. Тоа многу повеќе зборува за вас отколку за нив.
Зарем никој од вас нема дома пензионер во семејството (баба, дедо, мајка, татко, или роднина)?!
На крајот на краиштата, хигиената и културата е одраз на домашното воспитување. Се си зависи од човекот, без разлика дали е млад или стар.
--- надополнето: 23 септември 2012 во 00:55 ---

Ако прочитаме во црна хроника дека некој тепа старци во бус, ќе знаеме кој е во прашање:D
Народ со ваква младина не мора да се грижи за својата иднина:facepalm::facepalm::facepalm:
A студентите не се погодени со поскапувања со 0 денари приходи?
И за студент со 0 приходи многу би значело бесплатно возење (барем во 2-3 дена како пензионерите) за да си завршат работи низ град.Ако е многу битно значењето за пензионерите да се возат бесплатно, за студентите би било од ОГРОМНО значење.

Ама вкупно бројот на студенти е околу 79.000 на сите државни и приватни институции(од кои 50% на УКИМ), а бројот на пензионери над 280.000 (податок од 2010).Многу битни бројки.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
A студентите не се погодени со поскапувања со 0 денари приходи?
И за студент со 0 приходи многу би значело бесплатно возење (барем во 2-3 дена како пензионерите) за да си завршат работи низ град.Ако е многу битно значењето за пензионерите да се возат бесплатно, за студентите би било од ОГРОМНО значење.
Не 2-3 дена, туку цела недела. Ги има многу што живеат подалеку од факултетот и по двапати треба да идат. Пример сабајле имаат предавања, а поручек вежби... и тоа му се 4 х 35 = 140 денари. А на пензионерите нека им се дадат сабота и недела, па што сакаат нека прават.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Ова нема врска.Возачот апсолутно не сноси никаква одговорност за безбеднеста на патниците освен ако тој не е причината за некаква катастрофа т.е судир каде што би имало повредени или не дај Боже починати.
А некој дедо што оди на штаки при нагло закочување падне лошо, тогаш кој е одговорен, возачот или дедото што не му е местото таму?
Нормално дека е возачот, на кој ќе му биде загрозена фамилијата само заради тоа што некој лаком стар газ, решил да искористи гага возење, ако ова ти е тебе нормално, тогаш не треба повеќе да се дискутира.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.164
Поени од реакции
18.206
Не 2-3 дена, туку цела недела. Ги има многу што живеат подалеку од факултетот и по двапати треба да идат. Пример сабајле имаат предавања, а поручек вежби... и тоа му се 4 х 35 = 140 денари. А на пензионерите нека им се дадат сабота и недела, па што сакаат нека прават.
Споредував исто да е демек со пензионерите.
Ама пензионерите 7,8 до 15.000 пензија секој месец (некои со подобро работно место во поранешниот систем примањата им се и 20-25), а студентите нула.Ако се 3 дена бесплатни за луѓе со примања колку просечна плата (а добар дел живеат сами, без деца), логично е да се барем петте работни дена слободни за студенти.
 
DreaM oNe

我是马丁
Член од
4 септември 2012
Мислења
235
Поени од реакции
175
А некој дедо што оди на штаки при нагло закочување падне лошо, тогаш кој е одговорен, возачот или дедото што не му е местото таму?
Нормално дека е возачот, на кој ќе му биде загрозена фамилијата само заради тоа што некој лаком стар газ, решил да искористи гага возење, ако ова ти е тебе нормално, тогаш не треба повеќе да се дискутира.
Од кај ти е ова дека одговара возачот? Не збори глупости,распрашај се по адвокати ќе видиш.

Нема врска возачот со безбедноста на патниците внатре во автобусот.
Убаво пишува не стоите за време на возењето и држете се за шипките.

Иди кажи им на шиптарине да не влагаат гага у автобус и да не дивеат во него.
Или несмееш?
Па сега гневот си го поместуваш кон постари лица каде што се чувствуваш супериорен?
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Но сепак, не ви личи да плукате по стари луѓе. Тоа многу повеќе зборува за вас отколку за нив.
Зарем никој од вас нема дома пензионер во семејството (баба, дедо, мајка, татко, или роднина)?!
На крајот на краиштата, хигиената и културата е одраз на домашното воспитување. Се си зависи од човекот, без разлика дали е млад или стар.
Ова е сосем погрешно место за мајки Терези, без да ме сфатиш лично.

Да, имам дома двајца пензионери и фала богу што ги имам, зашто ми се репер за нормални луѓе, не како овие што ги гледам по автобусиве во вторник и петок. И баба ми и дедо ми живеат со просечна пензија како и секој друг пензионер, па во вторник и петок не одат никаде, а ако имаат потреба плаќаат картичка од 25 денари за да не прават дополнителна гужва таму каде што не е потребно. А во однос на култура, не знам дали сте слепи или глуви, ама какви пцовки имам слушнато во автобус од старине, срам мене ме фати што слушам и тоа упатени кон деца средношколци зашто стоеле на скалите, оти реално децата немаа каде да стојат од што беше накрцан автобусот со нив.

Еве ви викам, качете се во петка кога децава идат во школо и тоа на основно мислам и видете дали нема да збеснете кога ќе видите дека не им даваат да излезат од автобус зашто не сакаат од место да се помдрнат, па децава се преплашени дека нема да можат да се симнат.

На крај краева кој видел нормални постари луѓе ќе сфати дека ова не е нормално, кој не видел ова што се случува ќе му изгледа нормално.
 
W

Werther

Гостин
Знаете што ќе биде добро ако им се дадат 7 дена место 3?Сега тие 3 дена утепува од смрдеа на кромид,праз,пот итн.,а ако им се даде 7 дена ке се распредели смрдеата пошто нема да се возат секој ден и ке си подзасмрдува по малце од малце неаме гајле.:D
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
3 дена превоз + покачување на пензиите ( бај Гвујо)
И јас имам дома пензионер, еве и тато сега ќе оди под пензија, ама никако неможат да се споредат со аждајине што ги осетив во Скопје!!!!
Па тие попрво ќе доплатат + 10 денари или во наш случај одење пеш, одколку да се тепаат за кој попрво да оди во автобус!
Овие погореспоменати аждаји се одликуваат со невиден простотилук!
И сеуште не можам да сфатам што ќе заштедиш со 5 денари разлика:?!!!Па на тоа ќе заштедиш на друга глупост ќе ги лупниш парите! ...
:tapp:

п.с со тоа гага изразот наликувате на скопски шмизли
а тоа пеер ......:facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Како зборите, како пензионери само во Скопје да има. Од овие бенифиции што користат пензионерите во другите градови? Оние пензионери што живеат во село, за да одат до болница во блискиот град треба да се возат со автобус. Што и нивниот превоз не им е бесплатен?

Инаку јас имам лошо искуство со ова возење на пензионерите во вторник и петок. Една бабичка не ми дозволи да се качам во 24ка, рано сабајле во 7.30, зошто и онака веќе имало гужва. Викам бабо ќе задоцнам на работа, вика еее млада си ти ајде чекај ќе дојде уште една 24ка. Најискрено ми доаѓаше да ја фатам за рака и да ја извлечам надвор и да и кажам еве чекај го ти наредниот, јас морам да се качам во овој зошто ЌЕ ЗАДОЦНАМ НА РАБОТА!
И ништо се откажав, си платив такси 150 ден. зошто поарно е да ги жртвувам тие 150 ден. отколку да ме репнат 1000 ка од плата.
Искрено незнам што толку обврски имаат, истите старци се возат секој вторник и четврток во 24ка од кога почна бесплатното возење. Претходно зошто ги немаше? Кога си ги завршувале обврските?
Кога веќе им дозволија да се возат бесплатно, барем нека го направат после 10, кога веќе сите сме отидени на работа или училиште.
Или нека пуштат неколку линии исклучиво за нив, да не прават гужви на оние кои навистина имаат „обврски“ во текот на денот.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
А некој дедо што оди на штаки при нагло закочување падне лошо, тогаш кој е одговорен, возачот или дедото што не му е местото таму?
Нормално дека е возачот, на кој ќе му биде загрозена фамилијата само заради тоа што некој лаком стар газ, решил да искористи гага возење, ако ова ти е тебе нормално, тогаш не треба повеќе да се дискутира.
Кога се работи за нагло кочење, истото е опасно за СИТЕ кои стојат. Јас еднаш паднав насред бус, бидејќи шоферот нагло закочи, а раката ми се лизна од држачот (и не, не сум баба).
Мислиш дека возачот одговараше? Никако! Немаше ни да застане да не спискаа неколку фини жени во автобус, кои веднаш ми дадоа вода, да се повратам од шокот.
Истиот го пријавив во полиција два пати, откаде НИШТО не преземаа. Дури на крајот ми кажаа дека е поарно да си ќутам и да не си барам белја. Толку од кутрите возачи, кои како да возат компири, а не луѓе.
 
Плавоока, разбирам што сакаш да кажеш и жалам за тоа што ти се случило, ама треба да сфатиш дека 80 % од пензионерите, бесцелно се возат навака, натака, додека постои и друга група како што се студенти, и млади луѓе кои одат на работа, а автобусот им е главен превоз! На вторите студиите и работата им трпат, зошто не можат да се качат на автобус, додека другиве демек одат напазар и сл.
Се работи за ужасно проста навика на старите луѓе кои од алчност да зграбат што повеќе го окупираат цел возен погон на ЈСП!
 
Јагод4е, ако ме читаше внимателно, ќе видеше - не ги оправдувам пензионерите кои бесцелно се возат по цел ден, а автобусот им служи како главно место за дневна журка.
Нашиот народ по природа е алчен, а кога е нешто гага, богами, гледам итекаква гужва и од млади и од стари. Таков ни е менталитетот;)
 
StringerBell

Rules change. The game remains the same.
Член од
13 септември 2012
Мислења
120
Поени од реакции
132
Како зборите, како пензионери само во Скопје да има. Од овие бенифиции што користат пензионерите во другите градови? Оние пензионери што живеат во село, за да одат до болница во блискиот град треба да се возат со автобус. Што и нивниот превоз не им е бесплатен?
Повеќето села немаат ни автобуски линии кон најблискиот град.
Ама не се битни тие за владата, битно во Скопје има најмногу пензионери -> повеќе гласови. Ете и денес им дадоа ручек плус нешто да си земат за дома.

Овој семестар им благодарам на тие што го правеа распоредот вторник и петок ми се слободни, само не ми е јасно зашто петок им го дадоа муфте кога голем број на студенти користат автобус да отидат до автобуска за да си заминат накај дома, откако им дадоа гратис возење се возев 2-3 пати и потоа си реков подобро ќе ја носам торбата 30 минути отколку да ме замараат, гураат, гледаат попреко и да ми префрлаат некој пензионери зашто зафаќам место со една торба/куфер во автобус додека тие натовариле цел пазар во автобусот.

Убаво велеше еден другар за тоа што народ сме кога наидеме на гага користи до крај :
И кур да е , само муфте да е.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
При нуклеарен напад се би се уништило освен бубашвабите и пензионерите кои секако се отпорни на радијација ......... и да врне и да вее и да студи(-20ст.)и по снегови, мразови, дождови, магли... како и по тропски горештини од +40ст. пензионерите и пензионерките ни ѓаол не ги задржува дома во вторник и петок ........... и сабота ! :D
 
Ги заборави политичарите...тие се најжилава врста, која ќе опстане и ако цел народ изумре (вклучувајќи ги тука и пензионерите, нормално):D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom