Сакаме полни стадиони, а навивачите добиваат забранa: Зошто "Војводи" не можат на тетовското дерби
Навивачката група „Војводи“ доби забрана за гостување на натпреварот кој се игра на Градскиот стадион во Тетово. Ова е одлуката која денеска новиот комесар за натпревари на ФФМ, Васко Дојчиновски, ја упати до фудбалскиот клуб Тетекс кој формално е гостин на неделното дерби против Шкендија. Но, дали ФФМ, а и СВР Тетово, знаат дека токму со ваквите забрани може уште повеќе да пламне атмосферата која речиси секогаш кога има натпревар со повеќе публика во Тетово, се прикажува како тензична.
Навивачите на Тетекс апсолутно имаат право да прашаат како тоа „Чкембари“, навивачката група на Пелистер, исто така гостуваше во Тетово токму на натпревар против Тетекс. Зошто секогаш меѓуетничките односи наведуваат на најави за судири, кога всушност се работи за фудбал и за два тима кои играат во еден ист град, Тетово. Впрочем, ако „Балистите“ и „Војводите“ решат да се пресметаат и да направат немири во градот, за тоа не им е потребен ниту фудбалски натпревар. Секојдневно се во истиот град Тетово, се гледаат низ истите улици, знаат кој каде живее...
Дали СВР Тетово се уште не може да превземе одговорност за организација на еден обичен фудбалски првенствен натпревар на кој ќе се соберат најмногу 15.000 гледачи?! Или најлесно е да се донесе забрана за едните навивачи, под претпоставка дека потоа ’другите’ ќе бидат мирни. Едноставно, со ваквите одлуки кои се спроведуваат низ телата на ФФМ умира македонскиот фудбал! На навивачите им се забранува да дојдат на стадион! Залудни се потоа сите напори за негово оживување.
Еве го дописот кој комесарот за натпревари при ФФМ, Васко Дојчиновски, го испрати до фудбалските клубови Шкендија и Тетекс.
Извор
Ете така, после да не се чудите зашто нема навивачи кои би дошле на градски у Тетово. Со цел да се сокрие нечија неспособност, ќе забрануваме гостување на навивачи.
Ново раководство со стари навики.
--- надополнето: 21 септември 2012 во 18:03 ---
Ne e rabotava za ovoj mec, opsto zboram so ogled deka gledam Vardar i so Sileks ke gi prenesuvaat. Na primer sakam da ja gledam ponekogas Shkendija koa igra na gosti, so ogled na toa deka ne sum vo moznost sekogas da gi pratam i nadvor. Za u Tetovo i SKY Sport neka prenesuvaat, brojot na gledaci ke ostane ist
Се надевам дека Шкендија нема никогаш да биде пренесувана на националниот јавен сервис, клуб чии навивачи се однесуваат игнорантски и навредливо кон државата не заслужуваат внимание.