Што сакаат нека прават само никако да не се глупираат со 3-5-2 или 3-4-3.Ова е формација што бара многу трчање од оние играчи што играат како крила (Абате,Емануелсон) но и потребни се 3 добри фудбалери во одбрана,а не Бонера и Јепес.Можеби кондиционо ќе бидат спремни Абате и Емануелсон за Серија А но огромен проблем ќе се јави кога ќе треба да се одмараат,а потребен ќе им биде и те како одмор кога ќе играме викенд-вторник/среда.Друга работа е тоа што Абате е нуларица за центаршутеви и шутеви а во една таква формација потребен е страшен центаршут и искористување на чисти шанси.
Од она што го видов во овие 3-4 официјални утакмици слободно ќе кажам дека Милан не треба да има играч што игра позади напаѓачите т.е позицијата на Боатенг мора под итно да се смени и некој да му каже дека нема никој да му замери ако се реши да подаде.
Де Јонг
Боатенг Монтоливо Емануелсон
Пацини Робињо
Ова е она што мислам дека ќе донесе резултат со тоа што Монтоливо ќе биде креативец и ќе добие повеќе простор во средината па ќе може да оди и понапред,а Боатенг и Емануелсон треба да бидат задолжени за ширење на играта,пробиви,центаршутеви и главни кога се во прашање контра нападите.Со Андерлехт во еден дел од второто полувреме играта со центаршутеви од крилните позиции се покажа како доста опасна и се создадоа 2-3 убави шанси од кои една 100% за Шарави но тогаш Алегри го извади Емануелсон и го стави Констант па се падна во вода.Робињо би ја играл онаа улога на 2 напаѓач и со тоа на еден начин ќе се пополни она ‘‘празно‘‘ место зад Пацини плус таму може да доаѓа и Монтоливо,а ќе може Робињо да проигрува и со Емануелсон/Пацини што значи дека ќе има 3 играчи со кои што ќе ги градат акциите.Од другата страна Боатенг ќе проигрува со Монтоливо и ќе може да протури топка до Пацини,а ќе ги има и офанзивните Абате/Де Шиљо за пас по линија.Ако Пато веќе не се повредува (што не ми се верува) ќе се отворат и други интересни варијанти но се ова што го пишав е џабе затоа што во моменталниот Милан го нема она основното...желба за надигрување.