Зошто интелигентните луѓе се понесреќни?

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
RocknRolaa

Секој има различно мислење.
Примеров малце е детски ама ајде...
Еве на школо пример подобрите ученици ги сметам за поинтелигентни отколку за глупите,па еве иде час за испрашување,а пред тој ден ученициве со подобри оценки цело време се нервира дали ова ќе биди дали она. Значи сепак не е целосно опуштен да не речам среќен.Додека пак кај оние што редат единица до единица,та му пишале единица,та не сеедно му е пак го има истиот израз што го имал претходно.
Значи не ја "тупи" премногу...
 
Мислам дека си премлад за да сфатиш кој е вистинскиот корен на несреќата на интелигентните луѓе. Во секој случај целиот живот е пред тебе и да сме здрави и живи повторно ќе разговараме некогаш на темава.;)
 
Широко видно поле квалитетна перцепција на нештата,гледање зад фасадата на случувањата.И најважно од се,интелигентниот не размислува како масата.Се одвојува од неа.По мене барем заклучувам.
 
Има подолг и пократок одговор. За подолгиот треба да направам мегапост, и ретко кој ќе го сфати, и пола од тие што нема да го сфатат ќе се закараат со мене (само што се вратив од принуден одмор, не сум за уште еден).

Краткиот одговор би бил - Интелигентните луѓе се доволно паметни да сфатат дека животот е кучка.
 
Среќата е апстрактен поим.Самотијата,решавањето на нерешливи проблеми...за некого се среќа а за некого несреќа.
Секој човек си има своја дефиниција за среќа и секој човек различно си ја доживува.Инаку школските оценувања и факултетските 10 не те прават најинтелегентен(тоа е индивидуално мерило на професорот) а нити кецовите не те прават најглуп човек на планетата.
Инаку според мене,постојат различни диверзитети на луѓе(некои се повеќе грижливи и хиперсензитивни на одредени „опшествени дразби„ ,додека другите се поопуштени и поинаку ја доживуваат опасноста,но во глобала дури и најголемите сељаци и најголемите умови (поголемиот дел од нив) имаат одбрамбен механизам кога се работи за моралот,опшествено прифатливите потези т.е културата и слично.

Според мене сите луѓе имаат фаза на среќа и фаза на несреќа во животот и сите луѓе се суперинтелегентни на своето „бојно„ поле.Хронично несреќните најчесто се чуствуваат така и немате да ги сретнете во нормални услови(таквите најчесто завршуваат со самоубиство,психијатрија,алкохоличари...) и оваа популација е сосема друго нешто.
 
Многу просто, поинтелигнтните луѓе се понесреќни затоа што ја сфаќаат суштината на животот повеќе од другите, неправдата во секој поглед и се обидуваат да го смират мозокот но не можат бидејќи им разбира повеќе од другите... Ова не важи за сите надпросечно интелигентни;)
 
Интелигентните луѓе се несреќни затоа што се малцинство и едноставно немаат со кого да разговараат и да се дружат ............. звучи чудно, но навистина е така .......... интелигентните луѓе тешко се вклопуваат во средината во која живеат, работат, се движат ............... интелигентните луѓе дури тешко им е и да си најдат партнер/ка спрема себеси, бидејќи да бидеме реални повеќето луѓе се или просечно интелигентни или пак воопшто не се интелигентни ............ интелигентните луѓе се застапени само со неколку проценти ............. најмногу интелигентни луѓе има кај белата и кај жолтата раса, кај црната раса интелигентните луѓе се вистинска реткост !
 
интелигентните луѓе се застапени само со неколку проценти ............. најмногу интелигентни луѓе има кај белата и кај жолтата раса, кај црната раса интелигентните луѓе се вистинска реткост !

Не те сметав за расист. Ова е изненадување :D
 
Интелигентните луѓе се несреќни затоа што се малцинство и едноставно немаат со кого да разговараат и да се дружат ............. звучи чудно, но навистина е така .......... интелигентните луѓе тешко се вклопуваат во средината во која живеат, работат, се движат ............... интелигентните луѓе дури тешко им е и да си најдат партнер/ка спрема себеси, бидејќи да бидеме реални повеќето луѓе се или просечно интелигентни или пак воопшто не се интелигентни ............ интелигентните луѓе се застапени само со неколку проценти ............. најмногу интелигентни луѓе има кај белата и кај жолтата раса, кај црната раса интелигентните луѓе се вистинска реткост !

Ако ги одземам твоите расистички ставови ке се сложам дека е многу потешко за интелигентен човек да најде човек со кој ке прави муабет.На многумина се им е заебанција,си живеат во некој свет гледаат со розе наочари.Зборуваат плитки теми,ништо сериозно.Дали јас малку сум созреала побргу од врсниците но не гледам поента во глупирањето повеќе.Се има граница.
 
Интелигентните луѓе се несреќни затоа што се малцинство и едноставно немаат со кого да разговараат и да се дружат ............. звучи чудно, но навистина е така .......... интелигентните луѓе тешко се вклопуваат во средината во која живеат, работат, се движат ............... интелигентните луѓе дури тешко им е и да си најдат партнер/ка спрема себеси, бидејќи да бидеме реални повеќето луѓе се или просечно интелигентни или пак воопшто не се интелигентни ............ интелигентните луѓе се застапени само со неколку проценти ............. најмногу интелигентни луѓе има кај белата и кај жолтата раса, кај црната раса интелигентните луѓе се вистинска реткост !
Neil_deGrasse_Tyson_-_NAC_Nov_2005.jpg
 
Интелигентните луѓе се несреќни затоа што се малцинство и едноставно немаат со кого да разговараат и да се дружат
интелигентните луѓе тешко се вклопуваат во средината
интелигентните луѓе дури тешко им е и да си најдат партнер/ка
Одамна неам прочитано толку глупости у еден пасус..
 
Според вашите постови, можам да заклучам дека не знаете баш што е тоа интелегенција.
Интелигенција е способност на учење за, учење од, разбирање и комуникација во една средина или опкружување. Ова способност се состои од голем број на специфични способности, меѓу кои можат да се набројат:
- Адаптирање на нова средина или на промени во моменталната средина на живеење.
- Капацитет на знаење и способност да се здобијат со истото
- Капацитет за резонирање и апстрактна мисла
- Способност за разбирање на меѓучовечки односи
- Способност да се оцени и процени
- Капацитет за оригинална и продуктивна мисла
(гуглано е горново не е мое, не се потресувајте)

Е сега се што сте напишале, дека интелегентен човек неможе да си најде интелегентно друштво за комуникација, или интелегентен човек не откачува т.е. прави глупости, или на интелегентните им се сите петки во училиште, се коси со основната дефиниција за интелегенција.
Најчесто изјавата во насловот на темата се поврзува со тоа што интелегентните луѓе (не сите), ја отфрлаат религијата како водач во животот, а нели според широката маса кој не се надева во нешто повеќе после смртта неможе да биде среќен, што според мене е најголем апсурд некогаш кажан од страна на црквата.
 
^^ Воглавно тоа е точно , но треба да се разграничи социјалната интелигенција.

Инаку неколку типови на интелигенција:

1. Вербална интeлигенција
Склоност кон читање, пишување и вeрбално изразување. Најчесто овие лица се писатели, говорници, политичари, адвокати или професори.
2. Логичко – математичка интелигенција
Склоност кон експериментирање, истражување, поставување и решавање математички задачи и сл. Овој вид интелигенција се препознава кај научници, математичари, инженери, смeтководители и компјутерски програмери.
3. Музичка интeлигенција
Овие луѓе обожаваат пеeње, слушање музика и свирење. Одлично препознаваат мелодии и имаат нагласено чувство за ритам. Тука спаѓаат пејачи, композитори и музичари.
4. Просторна интелигенција
Просторно интелигентната личност сака цртањe, гледање филмови и ужива во креативноста. Сложувалки, лавиринти, фантазирање и сонување се дел од нејзините интереси. Добро е развиена кај дизајнерите, сликарите и архитектите.
5. Лична интелигенција
Овие личности најдобро од сите се разбираат себе си, своите желби и потреби, што е добро, а што не е за нив. Самостојни се во работата и се занимаваат со своите интереси.
Оригинални се во работата, насочени кон остварување на своите сништа и амбиции. Изразена е кај теоретичарите и филозофите.
6. Телeсна интелигенција
Овие личности успешно го користат говорот на тeлото во своето функционирање. Уживаат во телесните активности. Пример се танчерите, спортистите, акробатите.
7. Социјална интeлигенција
Овие личности се пријатно друштво, добри пријатели, достапни и комуникативни. Подеднакво добри соработници, организатори и лидери во работата. Најчесто се професори, лекари, предавачи, политичари и психотерапевти.
 
Одамна неам прочитано толку глупости у еден пасус..

Да да смеј се звучи смешно, но вистинито ............... оди и ти живеј во ненормална/глупа средина па успеј со некого да се зближиш !
:facepalm:

Да се навратам на темата .................
Под интелигентни луѓе не подразбирам само луѓе кои што имаат по неколку дипломи по дома, не, може некој да има купче дипломи ама пак да е туп, под интелигентни луѓе подразбирам луѓе кои имаат познавања во повеќе области, не само во една област(онаа за која учеле), под интелигентни луѓе исто така подразбирам луѓе кои се независни, либерални, демократски настроени и кои се надвор од масата т.е. не се согласуваат секогаш со мислењата и сфаќањата кои им се наметнуваат од мнозинството !
Интересно е и тоа што скоро сите интелигентни луѓе(барем оние кои што јас ги познавам) се припадници на либералната идеологија(значи не се ниту комуњари, ниту пак хард-кор конзервативци) и исто така не се многу по религиите !
 
Никогаш ама баш никогаш најверојатно нема да разберам зошто владее ставот дека секој кој е интелигентен ја отфрла религијата.Или па фактот што е атеист го прави попаметен?!
Јас се сметам за интелигентна,паметна личност и да,верувам во Бога.И сега што?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom