Кабала и нејзината симболика

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.149
Поени од реакции
83.847
Треба на сите да ви е јасна една работа, пред да се вклучите во дискусијава за кабала.

= Кабалата не е ексклузивна за ОТО или било кој ред.
Кабалата ја има во Масонството, а потоа (подоцна) и во сите други редови, од западната магијска преродба, која се случи XIX, XX век...

Многу е можно кабалата, кога ја разгледувате низ призмата на редот, да има уникатни додатоци карактеристични само за тој ред, односно карактеристични само за кабалистичките учења само на тој ред.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.200
Точно... никој не рекол дека кабалата е ексклузивна за О.Т.О. или било кој Ред. Поточно Е ексклузивна за еден Ред, но нема да го дискутирам тоа тука.
Преку нејзе се разбираме со сите други! И на земјата, и под земјата и на небото! :love:
Универзален јазик...

П.С. Кабалата ја има од многу порано во тајните иницијаторски Редови, пред масонеријата да се појави јавно и нормално, пред XIX век! Само тогаш во XVIII-XIX век се појави плодна почва да излезе нешто на виделина за да се бараат иницијанти меѓу селаните и обичните луѓе. Бидејќи тоа беше новото време...
И сеуше е! Што е добро...
 
M

Muranyi

Гостин
Секти и симболи не ме занимаат
Кабалата не е секта,таа е книга и прилично сум сигурен дека не си ја прочитал и следствено на тоа поима немаш за што се работи и што пишува во неа,што те прави неподобен да ја класифицираш како нешто,што вушност не е.
Секташ еден низаеден:D
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.149
Поени од реакции
83.847
Кабалата не е секта,таа е книга и прилично сум сигурен дека не си ја прочитал и следствено на тоа поима немаш за што се работи и што пишува во неа,што те прави неподобен да ја класифицираш како нешто,што вушност не е.
Секташ еден низаеден:D
Не е ни книга. Lol
 
M

Muranyi

Гостин
Не е ни книга. Lol
Ова беше епик момент,хехе.Гледав едно видео и прилично сум сигурен дека таму беше претставена како книга,која се криела од човештвото се до пред 3 века,бла,бла итн.Оттаму и го знаев тоа.
Што е тогаш Кабалата?
П.С.Зохар нели беше дел од Кабалата и се продава како книга?Ме збуни малку,еве сега прочитав дека всушност таа претставува езотеричен метод,дисциплина и школа.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.149
Поени од реакции
83.847
Ова беше епик момент,хехе.Гледав едно видео и прилично сум сигурен дека таму беше претставена како книга,која се криела од човештвото се до пред 3 века,бла,бла итн.Оттаму и го знаев тоа.
Што е тогаш Кабалата?
Наречи го учење, филозофија....
Но не е книга. Знаењето со милениуми се пренесувало од колено на колено, усно. Кабалистите од магијскиот препород, пред еден-два века, сметаат дека во средновековието, по божја промисла е дозволено, т.е. дошло времето нешто од тоа знаење да се пренесе на медиум., т.е. да се стави на хартија/пергамент.

Имаш еден куп книги кои ја истражуваат оваа тематика.

Да каже некој дека Кабалата е книга е слично како да каже некој дека медицината е книга.
 
M

Muranyi

Гостин
Можеби прашањево е за во тема Прашања за христијанство,но ќе го поставам тука:
-Има ли оформено Црквата(неважно дали католичка,православна,било која) став кон Кабалата,зашто еве на темава сретнав информации дека преку неа се толкуваат одредени делови од Библијата,односно таа претставува еден вид на клуч во толкување на одредени нејзини делови?
Баш ме интересира,иако го претпоставувам одговорот,можеби грешам и ќе се изненадам.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Можеби прашањево е за во тема Прашања за христијанство,но ќе го поставам тука:
-Има ли оформено Црквата(неважно дали католичка,православна,било која) став кон Кабалата,зашто еве на темава сретнав информации дека преку неа се толкуваат одредени делови од Библијата,односно таа претставува еден вид на клуч во толкување на одредени нејзини делови?
Баш ме интересира,иако го претпоставувам одговорот,можеби грешам и ќе се изненадам.
(Православен пристап кон Св. Писмо)
Св. Писмо е резултат на дијалогот помеѓу Бог и Човекот = Црква.
Кабалата неможе да биде клуч бидејќи Бог сака сите луѓе да се спасат (вечно да постојат), а тоа не е ограничено на одредени познавачи на разноразни методи, шифри, медитации...
Црквата е клучот бидејќи е отворена за секој кој сака да креира жива релација со Живиот Бог, во која на жив начин се разбира, толкува Св. Писмо, а пак самиот, исклучиво егзегетски, методолошки пристап кон Св. Писмо, незначи дијалог и заедница со Бог.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.200
Која црква е клучот? Православната? Суеште со тоа? :facepalm:
Православна, католичка... варијации на католичка, варијации на православна, која е универзалниот клуч со кој комуницирате или верувате дека комуницирате со богот?
Кабалата за таа разлика е една и универзална... Еден клуч за поеќе порти!
Кабалата Е клуч. Не мора да се уништува кабалата за да црквата биде во право...

Црквите разни ... секако се само мала слика од сето тоа и секако не се клучот кон божественото... Тие се само ограничувачки, според мене(за разлика од православниот светоглед).
Соединете се прво, вие припадници на разните цркви, па потоа зборувајте за живиот бог, а не вака секој свое си тера.
Богот не се дели, а вие го поделивте со вашите философии и објаснувања и собири...

Кабалата обединува СЕ! Не разединува. И не ви вели да прифатите она или ова и да верувате безусловно без да имате знаење и искуство.
Додека не го погледнете зборот на богот преку кабалистичките методи и пракси, богот ќе го влечите по каливата Земја и ќе му давате премногу човечки особини.

Но, тоа е тоа.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Aко без престан, правилно мантрате "На врх брда, врба мрда." од една до друга полна месечина стоејќи на една нога во буре полно со жабји очи на Водно, без храна и вода евентуално ќе ви се отвори седмата чакра, ќе го спознаете во себеси светото тројство на Kether, Binah и Hokmah и евентуално ќе мутирате во човечката вистинска астрална инсектовидна форма, теост бубамара по име Пауло и на тој начин ќе го надлетатe Da'at.
Ама ова не се кажува секој, да си знаете.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom