Демографски приказ на Македонија од Крсте Мисирков, 1900 година

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Веб-сајт
www.macedonianspark.com
Подоле е демографската статистика собрана од Мисирков и
претставена во списанието „Вардар“:






Статистиката е според број на куќи (домаќинства), а не според број на луѓе.
 
хаха ... Валандово и Гевгелија биле села со по 300 кукички.

Сега ни бега Гевгелија. :)

А шо му значи тоа “ПАЗАР“?
 
„Вардар“ е првото списание за наука, литература и политички прашања напишано на македонски јазик чиј уредник и основач бил Крсте Мисирков. Списанието било испечатено во 1905 година во Одеса, Украина[1]. Излегло во еден единствен број. „Вардар“ е составено од неколку секции каде се обрабутуваат теми од светската гео-стратешка политика, македонското прашање и странските пропаганди, народното творештво, литературата, како и статистиката и етнографијата.

Списанието започнува со уводник на македонски „Од наредилницана“, пренесен и на руски јазик.

Веднаш по рускиот превод на уводникот објавена е песната „Патник“ од П. Прерадовиќ, што претставува прв превод од хрватска поезија на македонски јазик. Носечки текст во првиот број е „Извикнува i н`ето и разбор на бугарцката и србцка теори i и за народноста на мак`едонците“.[1]

За жал, Мисирков во првиот број ја обработува само бугарската теорија, додека српската ја планира за вториот број, па ова негово видување никогаш не е објавено.

Потоа, во првиот број на списаниото „Вардар“ следел етнографско-демографско-статистичкиот труд „Список села од i ужна Мак`едони i а (Пазарцко, Гевг`ели i цко и Кукушко)“[1] што го составил Мисирков како студент во 1900 година.

За жал, направената „Об i аснителна забелешка за то i список и за Солунцкото равнишче, со плани i н`ето“ авторот најавува дека „к`е бидит дадена во друг`от бро i на Вардар“, кој никогаш не е составен и испечатен.

Потоа следи рубриката „Народни песни“ со единствениот запис на народна песна од Мисирков, како и два записа на безнасловни песни од Ф.Николов. На крајот е рубриката „Современ живот“ во која Мисирков објавува два кратки, непотпишани хроничарски записи за Македонија и Русија.

Во своето списание "Вардар (1905) Мисирков ги редува појавувањата на теориите за народноста на Македонците: таму пишува, дека најпрвин се оформила бугарската, после грчката и најназад српската. Македонската теорија воопшто не ја приклучува кон овој редослед, како нешто што е автохтон развиток и надвор од пропагандите.

Понатамошното излегување на списанието „Вардар“ би имало големо значење и влијание врз понатамошниот развој на настаните, но од различни причини тоа е спречено. Соседните проганди , Руската револуција, која во тој период особено се одразила во Одеса била дополнителна пречка.

Прочитајте повеќе на:

http://mk.wikipedia.org/wiki/Вардар_(списание)
 
Списанието започнува со уводник на македонски „Од наредилницана“, пренесен и на руски јазик.
Интересно е да се прочита тоа. Најинтересното е дека според самите национални сепаратисти простиот народ ќе биде против нивните идеи за национален сепаратизам.
vardar2.png
 
Бугар, затоа и со право го нарекуваат прост, а убаво и објаснуваат за пропагандите кои му ги проповедале.

А не сум ниту чул, дека класификацијата “прост“ или “паметен“ е во некаква си негација на постоењето на било кој народ.

Секаде има и прости и паметни луѓе.
 
Имам само една забелешка

Којнско на КПМ му е запишано како Влашко село, додека познат факт е дека Којнско (Конско) со Серменин се Македонски села, додека Ума е Влашко.

Гледам и Кнчов истата „грешка“ ја има направено. Можеби по извесен период Власите се иселени од Конско, па се населени Македонци, ама сликите од првата светска војна, по носија се гледа дека се Македонци луѓето.

Оф топик...
Кнчов на картата ја има згрешено местоположбата на с. Пирава (и тоа доста јако).
Незнам што и колку значи ова, ама да кажам де.
 
За прв пат слушам дека имало и "македонска теорија" за потеклото на Македонците, при тоа во времето на Мисирков.

Македонската теорија воопшто не ја приклучува кон овој редослед, како нешто што е автохтон развиток и надвор од пропагандите.

Повеќе интересно е терминот "национални сепаратисти". Од која националност се "отделуват" овие Македонци?

Инаку Мисирков е еден од првите (и малкуте) кои зборуват за отцепувањето на Македонците од бугарската нација, но тоа е само во еден одреден момент од неговиот живот. Подоцна зборува за обединување на Бугарите.

Интересно е да се прочита тоа. Најинтересното е дека според самите национални сепаратисти простиот народ ќе биде против нивните идеи за национален сепаратизам.
vardar2.png
 
Повеќе интересно е терминот "национални сепаратисти". Од која националност се "отделуват" овие Македонци?

:icon_lol: Изгледа само Бугар може да му парира на Филосорапторот.

philosoraptor.jpg


Инаку Мисирков е еден од првите (и малкуте) кои зборуват за отцепувањето на Македонците од бугарската нација, но тоа е само во еден одреден момент од неговиот живот. Подоцна зборува за обединување на Бугарите.

И според кој дел од приложеното на темава го донесе заклучоков? :facepalm:
 
Бугар, затоа и со право го нарекуваат прост, а убаво и објаснуваат за пропагандите кои му ги проповедале.

" Тука имаме работа со борба за слободија, со борба со мрачните сили, шчо не дозвол'уат на таткоината ни сама со свои очи да гледат своите интереси, ами и наврзуат ѕрѕала, шчо омрачуат истината и и придаат бугарцка, србцка и грцка боја . Време јет да отфрлиме од очите наши мрежите, шчо ни и кладоа националните и верцки пропаганди в Македонија. ..."

http://www.macedonium.org/Print.aspx?tekst=1342

Редно да се одбележи денот на смртта на македонскиот великан.
spacer.gif
spacer.gif

А не сум ниту чул, дека класификацијата “прост“ или “паметен“ е во некаква си негација на постоењето на било кој народ. Секаде има и прости и паметни луѓе.

Насекаде има прости и паметни, но само во една држава простите го прифатиле терминот прости/вулгарни како свој етноним.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom