На крајот на септември ќе почне со рабoта регионалниот канал на музичката телевизија Vh1, на кој гледачите ќе уживаат во музички спотови од сите декади на историјата на популарната музика, а за првпат на програмата ќе се најдат и видео спотови од регионот, објави MTV.
Зад регионалиот Vh1 канал стои компанијта MTV Adria, која е сопственик на лиценцата на мрежата MTV за Србија, Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Црна Гора.
Каналот Vh1 е дел од ланецот на MTV Networks, кој припаѓа на компанијата VIMN (Viacom International Media Networks), а го гледаат повеќе од 1.8 милиони домаќинства ширум регионот.
, не се нешо потресувам околу регионалново VH-1, a и веројатноста да го гледам е многу мала, ама не сакам да ми биде ускратена можноста да си го глеам и VH-1 europe на кое сум навикнал (чат-пат). Осеќам дека промоцијата на регионалниве бендови ќе им биде досадна, заморна, сива, па и уше ако ги воведат дебилните реални шоуа... По по по мераци... Го заебаа Mtv, уствари па логичен чекор не дека не де.

