Никола Јонков Вапцаров - и во смртта Македонец

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Убаво е да се прочита докладот на Вапцаров.
Таму пишува

И се случи така, че с'битијата ни надскочиха, удариха ни ритник и след този ритник ! тази вечер едва ние се м'чим отново да запазим равновесие. Случи се така, че в Ср'бска и Гр'цка Македонија великоб'лгарските утопии изстиват и крепне едно поколение, ентусиазирано от лозунга – Свободна и Независима Македонија. Това е нај-важнија етап от македонскија в'прос в последните години, којто ние навреме не забелјазахме и за чието проспиване носим лична и организационна отговорност.
http://cveta.eu/blog/literary-criticism/116-doklad.html
Крати, сечи, искриви, што ти не арно ама џабе ти е.
Во самото продолжение ете што напишал Вапцаров:

"И се случи така, че с'битијата ни надскочиха, удариха ни ритник и след този ритник ! тази вечер едва ние се м'чим отново да запазим равновесие. Случи се така, че в Ср'бска и Гр'цка Македонија великоб'лгарските утопии изстиват и крепне едно поколение, ентусиазирано от лозунга – Свободна и Независима Македонија. Това е нај-важнија етап от македонскија в'прос в последните години, којто ние навреме не забелјазахме и за чието проспиване носим лична и организационна отговорност. Да се т'рси организационна отговорност е било винаги лесно. Ние сме свикнали след всјака грешка да правим стереотипни самокритики, да приказваме, да пишеме и все пак да т'пчем на мјасто. Но ако ние милееме за својата Родина, ако в нас има капка македонска кр'в, ако в нас е останала искра от благороден патриотиз'м, този п'т трјабва да се впрегнем, за да понесеме част от тежестта на едно дело и жестокото величие на една епоха."

Chento kako obiknoveno se probuvash da apesh shtoto si bezsilen i zalok. Ako majka mu veli deka e bugarka kakov trebe da e sinot. Na sichkoto otgore i pishuva na edin mnogo stranen jazik, koi trebe da se preveduva na rodniot mu jazik. Toa e skodoumie ot very high level. Ti samiot si edno nedorazomenie ot epic proportions!
:facepalm:
Турко-монголско црнче што ми шкрапа овде со латиница и додава англиски небаре со тоа ќе си ја сокрие глупоста, читај убаво што напишал САМИОТ Вапцаров!

Еве еден поздрав за тебе и за твојата турко-монголска сурија од најдобрата џез-рок група во Македонија, во бивша Југославија, на Балканот, па и Европа можеби и во светот.


На кој јазик е песната, и што се по национална-етничка припадност членовите на групата?
 
Член од
27 октомври 2011
Мислења
21
Поени од реакции
20
Таков веројатно најмоќен – и подолгорочен и територијално извонредно широк процес беше елинистичкиот, кому македонскиот народ му плати висок данок. Се постави ли, пак, како прашање македонскиот креативен влог кон грчката култура, не може да не се види дека најскапа, најдрагоцена жртва на Македонците во/од елинистичката националистичка пропаганда од претходните 2-3 века на литературно рамниште, бездруго беше веќе раниот и, секако, во име на вистината, креативно највисоко остварениот Григор Прличев, кај кого имаме неспорно прифаќање на елинистичкиот културен идентитет, како што имаме подоцна и неспорно одрекување од него. Оттука, се разбира, наспроти високата цена, никако не може да се превидува неговото формирање како производ на грчката култура и на нејзиниот широк дејствен и експанзионистички радиус.

И производи и потенцијални партиципиенти во исто време на грчката културно-експанзионистичка прогресија и агресија на почетокот, а потоа исто така отстапници и нејзини жестоки противници беа и Миладиновци, особено Димитрија. Во прашање е, значи, прифаќање, а потоа откажување и заменување на еден инонационален, односно инонародносен културен идентитет. Не е непознато дека експоненти на, во тоа време извонредно моќниот, грчки културен експанзионизам беа некои високо остварени културни дејци и творци и кај другите народи во јужна Европа. На македонски терен, затоа, тоа не се случува само со, на грчки јазик високо остварениот, Прличев, односно со Миладиновци, и тоа кај нив само на просветно-образовен, а не и на креативен план, туку уште и со многумина други од редот на разностраните културни дејци.
--- надополнето: 12 септември 2012 во 19:25 ---
Подоцна тоа се случува и со Кузман Шапкарев, односно со за нас сè уште пошироко недоволно познатиот Евтим Спространов и уште со безброј други Македонци, кои, под секогаш или кај секого различни околности и скоро никогаш прецизно и докрај отворено изјаснети, се брануваат повеќе меѓу македонскиот и бугарскиот јазик, отколку меѓу македонската и бугарската национално-културна позиција и идентитет. Најчесто тоа е еден непрецизно изјаснет, зад кој стои еден друг, по малку прикриен, недоречен и особено оневозможен национален идентитет. Така е бидејќи тие не беа несвесни дека се жртви на, односно заплеткани во или редовно се наоѓаат под третманот на еден веќе друг национално-културен експанзионизам – бугарскиот, кој започнува значително подоцна, но како и елинистичкиот, имаше целосна поддршка од најмоќните европски сили, во случајов од Русија.

Одличен пример, инаку, не само за деструктивните упади во прогресивниот процес на македонската национална идентификација и целисходно планирани упади од страна на помоќниот, па уште и отстрана поддржуван процес на бугарската национална експанзија е преименувањето на Зборникот на Миладиновци, пред самото негово излегување. Ако тоа така се случи со националниот потфат на Миладиновци, веќе на почетокот од 60-тите години на XIX век, и тоа во Хрватска, која уживаше културна автономија во границите на австриското царство, може само да се претпостави практикуваната моќ на тој експанзионизам во самата Бугарија, особено по нејзиното ослободување и државно конституирање скоро две децении подоцна.

Македонските литературни творци, како и културните дејци пошироко, во XIX век, особено во неговата втора половина, се скоро исклучиво со, ако не веќе целосно формирана, тогаш во својот развој дефинитивно насочена, македонска национална свест. Тоа е нивната примарна идентификација. Без тој предзнак никако не се и сите нивни асоцијации – како Словеномакедонската книжевна дружина, која во 1888 година беше основана во Софија и чиј претседател беше Ѓорѓија Пулевски, така и нејзината наследничка – Младата македонска книжовна дружина и уште цело мноштво други. Нејзиниот печатен орган, списанието „Лоза“ е извонредно показателен пример дека станува збор за крупен чекор на македонската национално-културна развојност, особено со преку него изразениот и испробан стремеж за создавање на македонска јазична норма. Тој чекор е реализиран во круговите на македонската емиграција и претставува пример кој е извонредно илустративен кога се во прашање насилните спречувања на тој процес, како и обиди за негово пренасочување кон туѓа национална матица и според друга национално-културна матрица. Јазикот за индивидуалната творечка реализација, на протагонистите на „лозарството“ пак, и покрај присилбата, е диктиран уште и од нивното образование, од ненормираноста на нивниот мајчин македонски јазик, ако не и од некои други околности и предуслови. Така е бидејќи предусловите за креативната реализација на некој друг, на некој туѓ јазик се еден вистински спектар од пошироки состојби и процеси, кои не ги исклучуваат ни присилните средства, како ни индивидуалните можности на создавачот. Затоа воопшто не е чудно што меѓу тие предуслови најмалку се пронајде себеси на креативен план најмоќниот, Прличев. Но, сега не Прличев од/во елинистичката, туку од/во неговата постелинистичка творечка развојност, кога тој, немајќи свое поприште, како што вели, долгорочно луташе и се брануваше меѓу поширокословенските и општословенските јазични фикции.

За разлика од Прличев, Кузман Шапкарев како фолклорист, како просветен работник и особено како учебникар, на почетокот, односно во годините додека дејствуваше на македонски терен, и покрај почетната елинистичка училишна подготовка, стоеше на безрезервни македонистички позиции. Доволно е да се потсетиме на неговата тогашна учебникарска дејност. Но, со него, понатаму, во Бугарија, оперираше, него тактички го кршеше и од прекршениот и скршен Шапкарев свое смирено и послушно орудие, подоцна направи, тогаш веќе и од позициите на државата, т.е. со државна моќ спроведуваната големобугарска идеологија. Погоре, пак, само спомнатиот Спространов, кој креативно се реализира целосно во Бугарија, понекогаш манифестира забележлива двојбеност (Тодоровски, Г., 1968: 79), т.е. променливост кога е во прашање не толку неговата народносна, односно национална идентификација, колку неговиот јазик. Затоа, неговата национална идентификација понекогаш треба да се разгледува независно од променливоста на јазикот на неговите дела. Навистина, тие се создаваат час на македонски час на бугарски јазик, но тоа, зошто да не, може да биде поврзано, односно резултат на безброј креативни, интелектуални и какви ли сè не други предуслови (Миронска-Христовска, В., 2004: 39-55). Дотолку повеќе што, на планот на тематиката, Спространов е извонредно доследен на татковината. Веројатно најмногу токму поради двојазичноста, авторите од неговиот вид ги немаа, па би се рекло и дека сè уште не ги добиле своите вистински реципиенти. Спространов не е вистински позициониран во бугарската, а сè уште не е ниту преведен ниту објавен на македонски, што е основна мерка за неговата поцелосна позиционираност во македонската литература.

Што се однесува, пак, до истиве прашања пресликани врз состојбата на македонскиот етнички терен, при самиот крај на XIX и на почетокот на XX век, може да биде сосема прифатлива појдовната одредница дека определбата за туѓиот јазик најмногу и пред сè и повторно и скоро исклучиво е условена од училишното образование на тој јазик. Не е непознат фактот дека во XIX век на македонската територија, училишните права ги имаа откупено некои од извонредно моќните конфесионални, просветни, ако не и некои државни институции на соседните народи, како Цариградската патријаршија, Бугарската егзархија итн. Како во последните 2-3 децении од XIX век, така и во првите децении од XX век, немајќи услови во татковината, македонските творци и македонската интелигенција пошироко, правеа напори за литературна реализација и за национално-културна активност во круговите на македонската емиграција, што значи во друга, во туѓа национална средина. Само ќе потсетиме дека, како и другојазичноста, така и национално-културната и творечка реализација во други државни и национални средини воопшто не е непозната практика во светот. Литературните асоцијации на Македонците во Бугарија, каде што беше најбројно концентрирана, а на овој план веројатно и најактивна македонската емиграција, меѓутоа беа жестоко пресретнати и оневозможувани од институциите на младата бугарска држава.
--- надополнето: 12 септември 2012 во 19:26 ---
Оттука, воопшто не е неочекувано што, кон крајот на XIX и во почетокот на XX век, на друг јазик пишуваат дури и повеќето од видните претставници на македонското национално-ослободително револуционерно движење. Станува збор за една воопшто не мала група од и на уметнички план респектабилно реализирани автори. На тоа рамниште се презентираат најпрво протагонистите од групата на „лозарите“, како Петар Попарсов и Коста Шахов, а потоа на литературата забележливо повеќе посветените револуционери и творци како Димитар Молеров, Атанас Раздолов, Владимир Ковачев, Лазар Поп Трајков, Арсени Јовков и други. Сите тие создаваа на јазикот на своето училиште. Со исклучок на автори како Војдан Чернодрински или како Никола Киров Мајски, кои сè до задушувањето на Септемвриското востание во Бугарија (1923), успеваа да се одржат, не само во тематско и идејно туку и во јазично единство со македонското револуционерно движење и со македонската национална култура. На Мајски повремено тоа му успеваше и подоцна.

Но, сите, од првиот до последниот, беа во тематско и идејно единство со Македонија и со македонскиот народ. Колку беа тие целосно и непроменливо врзани со македонското колективно, национално битие, со актуелните состојби и трауми на македонскиот народ, непогрешливо и најсуштествено зборува подоцнежниот исказ на Владислав Славчо Ковачев, братот на претходно спомнатиот Владимир Ковачев, исто така познат македонски револуционер и литературен творец со нешто поскромна реализација. „Пет минути од деноноќието ќе ѝ посветам на маченицата Македонија“, вели тој, „за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што сум го сторил за неа“ (Тодоровски, З.; 1997: 7). Тоа, пак, е исказ според кој, во ништо не се поразлични сите овде спомнати и неспомнати македонски литературни творци од тој период.

Аналитичката сонда на овој пристап, затоа, никако не може да не го допре она што е за нас сега посебно интересно. Тоа е фактот дека креативната другојазичност кај погоре спомнатите автори воопшто не подразбира промена и на нивната свест за сопствената национална и национално-литературна припадност. И сето тоа наспроти веќе сосема безрезултатните дејства на извонредно моќните пропаганди на соседните држави. Дотолку повеќе што, другојазичните македонски творци од овој период, и тоа не само погоре спомнативе туку сите од ред, се извонредно значајни партиципиенти во македонското револуционерно движење. И во нивната револуционерна актива и во нивното литературно творештво, целосно, до најдлабоките длабочини на битието тие се Македонци. Наспроти тоа што тие толку често го користат, во писмена употреба, јазикот на другиот, кај нив никако не може да стане збор и за прифаќање на идентитетот на другиот. Јазикот на другиот им е само нужност и средство. Туѓиот јазик не извршил врз нив никакви промени врз нивната себеидентификација, ниту на културно, не пак на национално рамниште. Јазикот на нивното училиште, прифатен како посоодветна, ако не и како единствена изразна можност во писмена форма, кој никако не е без елементи и на јазикот во кој се родиле како луѓе, македонскиот, никако не може да ги изнесе од литературата што ја создава македонскиот народ и да ги внесе во литературата на другиот. Тоа значи дека теориите кои сè ставаат на картата на јазикот, во овој дел од творештвото на другојазичните македонски литературни творци, едноставно, се безрезултатни.

Претходно програмски спроведуваните пропаганди на целата македонска етничка територија од страна на соседите, по поделбата на земјата во Балканските и по Првата светска војна прераснаа во уште посистематски денационализаторски процеси. Од таквите долгорочни антимакедонски дејствувања резултираа и националните заблуди на некои литературни творци кои израснаа од полите на македонскиот народ, како на еден Анѓелко Крстиќ, а можеби и како на еден Томо Смилјаниќ Брадина, на пример. Тие заблуди доведуваа до промена дури и на авторовото индивидуално чувство за етничка припадност, но не можеа да ги лишат барем од делумна употреба на говорниот македонски јазик, на некој негов дијалект, што се забележуваат како во расказите, во романот („Трајан“), така и во единствената драма („Заточници“) на Крстиќ. Македонските јазични елементи се не помалку карактеристични и за поетските, прозните и драмските објави и на Брадина, кој во неговата поетска Националниот идентитет и етнитет кај другојазичните македонски литературни творци книга „Песмарица“ вклучи и песни на македонски јазик. За него е карактеристично уште и тоа што остварува и забележлива научна актива. Што се однесува до неговото индивидуално национално чувство, показателни и во прилог на неговото индивидуално македонско себечувствување се сознанијата што ги откриваат некои негови и до денес сè уште необјавени трудови.

Делумната и тактичка употреба на македонскиот јазик, најчесто како народен говор кај творците од Вардарска Македонија, меѓу двете светски војни, е не само јазичен и креативен туку и идеолошко-тактички маневар, а најмногу и пред сè манифестација на неприфаќање на туѓиот национално-културен идентитет, особено кога се во прашање драмските текстови од автори како Васил Иљоски, Антон Панов или Ристо Крле. Ова последново, пак, значи дека надворешните, политичко-експанзионистички фактори не можеа насилно ни да ги изместат, ни креативните пориви ни националната свест на македонските творци, не пак да ги избришат резултатите од внатрешните, од длабоките етногенетски процеси и бранувања меѓу мислечките и креативно предиспонирани претставници на македонскиот народ кој тогаш беше принуден не само креативно да се остварува туку и секојдневно да кореспондира на туѓи јазици. Дека е тоа така, веројатно најдобрата потврда ја имаме во Крстиќевите прози. Неговите дела, како неговиот роман „Трајан“, уште повеќе неговите раскажувачки бисери („Се продава село“, „Вечно должни“, „Селскиот поштар“, „Жената на печалбарот“, „Покојниот Алија Лулар“ и други), претставуваат одличен показател дека и во дела што се настанати на туѓ јазик, па дури и кај автори кај коишто е неприродно променето индивидуалното чувство за сопствената национална припадност, можат да бидат непроменливо кодирани не само националните туку најмногу и пред сè етнопсихолошките посебности на народот од кој неизместливо произлегува тој автор.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
И л и н д е н с к а

Вината не беше наша,
таа кај друг се крие,
и туѓи прсти тогаш
стотонска вина сторија!
Но, штом ќе дојде ден,
и штом ќе треба, ние
за се ќе и раскажеме
на мајката историја.

Започнаа со раце гнасни
на народот во душа да му џбараат,
но, гневот беше толку нараснат,
та, не се фати волчката им нарав

и муцките на ѕверови во овчки кожи,
престапничко и плитко лицемерие.
Но, идат дни а тогаш и ќе може
со грски кал по сурат да ги пернеме.

Се почна бунтот.
И не беше обичај
да изостанеме, -
Не се предадовме!
Туку,
со крвта
на народот обичен
во Илинден наша
соржина кладовме!

Што ли ќе речете за таа новост?
Ќе барате ли тука руски рубли?
В Крушево уште феудалот гнетеше
и колкав скок? -
Изградија република!

А беа исто млади колку нас,
се такви, какви што сме ние.
Се бореа,
умираа без глас,
како што утре,
ќе умреме
ние.

Многумина ги нема, но, не липам јас, чу ли?
Ќе дојдат други среде дим и жареж.
Глеј в овој тука. Знај: тој е Питу Гули,
ати? Ти, секако си Карев...

И ако требаат пароли - в ред!
До месецот ќе кренеме плакати.
Слобода сакаме,
и без,
и без протекторати...

Моторни песни,

Н.Ј. Вапцаров.
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Ченто - Вапцаров бил како сите други комунистички дејатели - за да ја олесни судбината на Македонија, требало да се преправи на Македонец. Таква била зараката на БРП. За преправачите - читај го Ангел Динев.

Вапцаров никогаш не се заложил за посебен македонски јазик. Тој сметал дека бугарскиот е совршен.


Гевара - Читај го Вапцаров во оригинал. Со препејување му се губи силата на словото.
Замисли дали Вапцаров би можел некогаш да напише нешто на „мајчин јазик“.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247

Но, ако ние милееме за својата татковина, ако во нас има капка македонска крв, ако во нас останала искра од благороден патриотизам, овој пат треба да го впрегнеме, ропски да го впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и жестоко величие на една епоха ...
Никола Јонков Вапцаров


*************************************************
--- надополнето: 12 септември 2012 во 21:57 ---

Дрн, дрн.... ти ко покојна баба ванѓа, знаеш во што требало да се преправи, a ти кажал за што се заложувал и што сметал.

Kasnakoski, пред 51 минути Гевара - Читај го Вапцаров во оригинал. Со препејување му се губи силата на словото.
Замисли дали Вапцаров би можел некогаш да напише нешто на „мајчин јазик“.
Не ми давај совети што да читам, како да читам. Знам и бугарски... не деј да се тревожиш Билјанче.


Никола Вапцаров е еден од најголемите македонски писатели и еден од нај преведуваните автори во светската литература. На македонската литература ѝ припаѓа според љубовта со која ѝ приоѓа на татковината; на бугарската - со јазикот на кој создава своите дела.

***************************************************
--- надополнето: 12 септември 2012 во 22:12 ---
Никола Вапцаров отворено застанува во борбата против фашизмот во Бугарија со подготвување летоци и организирање диверзантски акции. Фатен е од полицијата и осуден на смрт со стрелање заедно со Македонците Атанас Романов и Антон Попов поет и револуционер Казната е извршена истиот ден 23. јули 1942 година
Останува нејасно како се помилувани другите деветмина осуденици од групата по потекло Бугари.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Ченто - Вапцаров бил како сите други комунистички дејатели - за да ја олесни судбината на Македонија, требало да се преправи на Македонец. Таква била зараката на БРП. За преправачите - читај го Ангел Динев.

Вапцаров никогаш не се заложил за посебен македонски јазик. Тој сметал дека бугарскиот е совршен.
Знам дека те болат, те печат зборовите на Вапцаров, ама жал ми е не можам да ти помогнам.

И за јазикот ти посочив еден мошне јасен пример во мојот предходен пост овде, затоа ли не го цитираше?

Одговори, на кој јазик се повеќето од песните на светски познатата македонска џез-рок група "Леб и Сол", и што се по националност нејзините членови?

Плус никакво мешање на комунизам нема да ти помогне.
Врати се на првата страна овде и убаво прочитај ја песната ЗЕМЈА.
"Комунистичкиот" дел во неа е означен со црни букви, а со зелено и црвено е етничкиот-националниот = МАКЕДОНСКИ

Ако ти е таа малку еве уште една.
И во оваа има левичарски идеали, арно ама има и НАЦИОНАЛНИ факти:


РОДИНА

Над тебе Пирин
издига гранити,
обвити в'в сиви м'гли.
Орли над бедни села
размахват крила
и хала в полјата пишти.

А бјаха години,
когато невинно
лјулјаха ме празни мечти.
Живота бе вед'р
и лесен,
живота бе штед'р
и песен бе ти.

Но ето –
преминах
през дим,
през масло
и машини,
преминах през
гнет и тегло –
вред, к'дето се борјат
за хлеб.

И нешто се счупи
в'в мене.
Простенах от болка,
но бјах без изход.
Погледнах надире
и плјух озлобено
и в теб,
и в самија живот.

Сега си ми близка,
по-близка от мајка дори,
но днеска ме плиска
ненужно пролјатата кр'в,
нас'н ме души
плоштаднија к'рвав двубој
на твои герои,
платени с'с чужди пари...
Тежи ми, Родино,
кошмарно жестоко тежи
димјаштата кр'в
и аз ште те питам –
всичко това
за теб ли бе нужно,
кажи?

Вред мрак.
И в мрака – тегло и робија.
Глад.
Остана стотици години назад.
А нејде живота пулсира,
израства
завод
след завод,
бр'мчат пропелери...
А мојат народ
работи,
умира,
както в д'лбоката
бронзова ера.

Аз пак те обичам,
Родино на Гоце и Даме,
заштото израснах,
заштото закрепнах в'в Теб.
И носја в с'рцето си младо
тревожното знаме
и вечнија устрем
на всички без покрив и хлеб.
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Не спорам дека Вапцаров се изјаснил како Македонец и дека неговата Татковина е Македонија. На алл.бг имам цели теми за тоа.
Само укажувам на времето, кога се освестил како Македонец и што го освестило.
За споредба - Сматракалев - 1932 г., Ангел Динев - 1935 г., Васил Ивановски - 1932 г.

Не знам дали знаете дека е покажана архивата на Политбјурото на ЦК на БКП од 1944 до 1989 г.. Таму има еден документ од Ивановски, кој во 1948 г. пишува дека се ангажирал да работи како Македонец „пред 16 години“.
 
Член од
24 декември 2009
Мислења
312
Поени од реакции
18
Никогаш Вапцаров, не е рекол дека не е Бугарин. Напротив, зборува за "нашата Бугарија" и "нашиот Пирин".

„Никаде нема поубава од нашата Бугарија, мамо. А нашиот Пирин со ништо не може да се сравни.“
~Никола Вапрацов (превод на македонски)
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Не спорам дека Вапцаров се изјаснил како Македонец и дека неговата Татковина е Македонија. На алл.бг имам цели теми за тоа.

Само укажувам на времето, кога се освестил како Македонец и што го освестило.
За споредба - Сматракалев - 1932 г., Ангел Динев - 1935 г., Васил Ивановски - 1932 г.

Не знам дали знаете дека е покажана архивата на Политбјурото на ЦК на БКП од 1944 до 1989 г.. Таму има еден документ од Ивановски, кој во 1948 г. пишува дека се ангажирал да работи како Македонец „пред 16 години“.
Песните се пред тебе, и повеќе од јасно е дека нема што да спориш.
Арно ама не ти даваат мир, па по старата ти добра навика тргна малку да замачкаш и инсинуираш со тресење глупости.

Мило ми е што барем "дилемата" околу употребата на јазикот преку примерот со песните на "Леб и Сол" ојде јабана.

Веќе ти објаснив дека во неговата поезија има силна социјална-левичарска идеологија, арно ама етничкиот-национален карактер си е исто така јасно изразен.

РОДИНАТА НА ВАПЦАРОВ

Или си се лажеш дека за Македонци се изјаснувале само комунистите и лево-ориентираните луѓе од Македонија?
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Никогаш Вапцаров, не е рекол дека не е Бугарин. Напротив, зборува за "нашата Бугарија" и "нашиот Пирин".

~Никола Вапрацов (превод на македонски)
НЕ.... ова твое е измислен превод, можеби е од бан ова што си го плеснал.
Нема да можеш да ја преземеш работата на институтот по историја при бан и на Ѓеорги Марков.

На... бугарине превод на Македонски. Ова е точно што рекол Вапцаров...

Првите писма од Варна до фамилијата ја откриваат кај него носталгијата:
,, Многу е убаво Црното Море. Особено навечер, кога месечевите зраци си играат со него.
Но ништо, ништо не може да се спореди со нашата Пирин Планина".

Мајкаму ја разбира болката и на првото писмо со одговорот му испраќаат и неколку еделвајса за да му приспомнат за Пирин Планина.

Чукни ќефалото да ти текне каде е Пирин Планина, во нашата Пиринска Македонија.
 

spas72

Oficial
Член од
13 мај 2008
Мислења
280
Поени од реакции
47
Вапцарови се од Банско и е логично Никола Вапцаров да пише за "нашата Пирин Планина" То е нормално ,како един Скопjанин да пише за неговиот Вардар.
Во грешка си бре Гевара . Пирин е во нашата Пиринска Македониjа ,не во твоjта.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Вапцарови се од Банско и е логично Никола Вапцаров да пише за "нашата Пирин Планина" То е нормално ,како един Скопjанин да пише за неговиот Вардар.
Во грешка си бре Гевара . Пирин е во нашата Пиринска Македониjа ,не во твоjта.
Последен пат на темава и за тебе и за целата твоја турко-монголско-бугарска братија:
Прочитај му ги песните за да видиш која му е ЗЕМЈАТА и РОДИНАТА на Вапцаров.

Ако си слеп или неписмен оди лечи си се на друго место и престани да дрочиш тука.

И благодариме што не потсети на ПОДЕЛБАТА на МАКЕДОНИЈА и нејзините украдени делови од две од трите соседни и "братски православни држави", кои гледаме дека катаден се натпреваруваат која повеќе ќе украде и искриви од македонската историја.
А за поставувањето на дебилни "услови" и "црвени линии" за евро-атлантската интеграција на Македонија па ич да не спомнувам.

 
Член од
24 декември 2009
Мислења
312
Поени од реакции
18
Вапцаров читавме како мали деца задолжително (целото негово творештво), за време на летниот распуст и потоа правивме анализи врз некои од стиховите му. Колку и пати да сум го прочитал, никогаш не сум стигнал до заклучок дека не е Бугарин. Бугарија е татковина на Вапцаров според неговата родна мајка. Со огорченост мајка му зборува за "писателите-новинари од Скопје" (забележи дека дури не вели "македонските писатели-новинари, и забележи изразот писатели-новинари"). Гледал сум документарни кадри на неговата мајка - за никакви макеоднци не зборува. Гледал сум интервјуа со внука му - Маја Вапцаров (лулана во истата лулка во која е лулан како мал Никола) - и таа вели дека Вапцаров не е основачот, на македонската литература, а пишал бугарска литература. Прочитај книгата напишана од неговата родна мајка и тогва "интерпретираj" "што е сакал да каже поетот". Забележи дека иако Вапцаров е роден во Османлиската империја, неговата мајка вели дека Бугарија е неговата татковина т.е. дури не ја идентификува историско-географски.

Најди ми барем едно место каде Вапцаров вели дека не е Бугарин. Тука е тенкиот момент. И дедо ми е македонец, но никогаш не тврдел дека не е Бугарин - токму спротивното.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Срцепарателните приказни од твоето детство задржи си ги за себе, или евентуално за твојот психијатар. На темава се ирелевантни.
Сите деца од Македонија го читале и го читаат Вапцаров како задолжителна литература, зашто тој е голем МАКЕДОНСКИ поет.

И престани да ми драпаш за некакви "интерпретации" кога е кристално јасно која е земјата-родина на Никола Вапцаров и како се чувствувал тој. Последен пат ти кажувам: прочитај ги неговите песни за ова ако си писмен, ако не...

Не мислам до бескрај да се вртам во круг со таквите ефтини тролови како тебе.
 
Член од
24 декември 2009
Мислења
312
Поени од реакции
18
Вапцаров пишува за Бугарија како целина, така како што пишува за Пирин, Охрид, Егреjа, така пишува и за Дунав и Црно Море. Како што пишува за Гоце и Даме, така пишува и за Христо Ботев за Индже војвода.

Мajка му Елена Везjува пишува дека е родена "во сами скутот на бугарштината", во пазувите на Пирин планина.

Записвај го просто и честно,

т'ј както
просто го пее народа -
"Заплакала е гората
все зарад Индже војвода...".

Денес гледам како овој силен и непоколеблив поет - борец на Бугарија стана толку голем што не може да се држи во географските граници на татковината.
- Али Сардар Джафри


Тој не е само поет на бугарскиот народ, но еден од најголемите поети на нашата ера, еден од најголемите нејзини пејачи.
- Ѓорге Дину

Децата во Македонија преводите на македонски книжевен јазик ли читат или оригиналите на бугарски? Дали денешните македонски деца се запознаени со оригиналите? Едно е да читаш Шекспир на македонски, друго е да го читаш во оригинал на англиски. Претпоставувам ќе се согласиме барем со тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom