Limbo
maybe an alien
- Член од
- 26 декември 2007
- Мислења
- 835
- Поени од реакции
- 1.471
океј, збориме за човечко тело, не збориме за тело на робот. Биолошко е, значи мора да е физичко.Е не е баш така,а поентата сега ќе ја доловиш бидејќи физичко тело не мора да биде биолошко.
сака некој.
Woodsman, Eon, значи не ме буни мене ништо, јасно ми е. Но не сфаќате изгледа кој е проблемот, се вртиме у круг затоа. Убаво Ставрогин ви објасни. Прашањата на учењето, тјурингов тест, вештачка интелегенција дали работи на невроснски мрежи дали на што било, се сосем ирелевантни во објаснувањето на свеста. Ниту ако одредена машина препознава нешто значи дека гледа, нема шанси. роблемот е апстрактниот концепт на гледање е невозможно да се објасни низ призмата на физичките закони затоа што не е физички поим (не ги мешајте процесите во мозокот, тие не се гледање) и тука имаме ќорсокак во науката. Џабе е се друго.
Али еве да ве прашам нешто по вашата логика, едно сценарио по кое ако целиов свет почне да размислува ко вас е возможно Година 2050. Свеста научно е отфрлена како непостоечка поради неможноста да се докаже во физички рамки има уште по некои што го тврдат спротивното, но се дискредитирани како религиозни, а религијата е веќе одамна отфрлена. Имаме супер екстра брзи компјутери кои можат да ви го симулираат телото целосно, околината и тн... значи од планкова дистанца па до се најголемо симулираат совршено во склад со физичките закони. За жал земјава треба да се судри со астероид доволно голем да не можеме да го уништиме, тоа ќе значи крај на биолошкиот живот на земјава, ама... некако имаме неограничен извор на енергија и компјутери кои после судирот би работеле со гаранција уште барем милијарда години. Светската влада решава дека тоа е единствен спас за нашето постоење. Ги скенираат нашите молекуларни структури и ги чуваат во база. 2 недели после судирот цел тој систем кој се наоѓа некаде длабоко под земја на сигурно, кој патем во последниве години 10 години е подложен на ригорозни тестови од роботи со IQ190 и не е пронајден нитуеден баг ниту било каков повод за сомневање во нешто такво треба да стартува. Таму луѓето ќе треба да го продолжат своето постоење во дигиталната ера, сите во големиот суперкомпјутер кој ќе им овозможи и работи кон кои физиката не им беше толку наклонета.
Еве Змејко и Eon и Woodsman ќе ве скенираат неколку седмици пред самиот судир да се случи. Непосредно пред судират имате апчиња кои ќе ви обезбедат безболна смрт, а после тоа ќе си продолжите да живеете во калкулациите на големиот суперкомпјутер, нели? Знаете дека во овој систем нема никогаш да се случи такво нешто како судир со метеор, програмерите веќе одамна ги имаа смислено скриптите кои би ги спречиле таквите нешта. Ќе се разбудите во симулирачката машина на неврони на вашите сетила, се ќе ви изгледа реално... зошто да не, перфектна копија на истите калкулирачки процеси што ги правите... или пропуштам нешто?
Со цел памет мислите дека тоа би било некакво „постоење“ на вас?
--- надополнето: 13 септември 2012 во 17:21 ---
И дај ако може дефиниција на свест. Ја имаат ли животните и каде може да се разграничи, кои животни имаат а кои немаат свест?
Consciousness is the quality or state of being aware of an external object or something within oneself.It has been defined as: subjectivity, awareness, the ability to experience or to feel, wakefulness, having a sense of selfhood, and the executive control system of the mind. Despite the difficulty in definition, many philosophers believe that there is a broadly shared underlying intuition about what consciousness is.
И да, ја имаат животните. Сите. И медузите.
За разлика од нив, кои во најголем дел имаат само awareness, ние имаме self-awareness т.е. не само што доживуваме, туку и сме свесни за самото доживување. Има некои животни што се сметаат самосвесни, како делфините, шимпанзите, слоновите но на многу пониско ниво од луѓето. Всушност тоа се разликува од човек до човек.