Ако Жаклина по математика е една ниска и плава, да ти кажам право ТАПА е невидена! Не е воопшто лоша, лесно се фаќат добри оцени кај неа, ама зборам за понатаму. Апла ништо нема да ве научи.
Тања по биологија е многу терсене човек. Си има каприци и си ги лечи наоколу. На моменти е премногу фина, ама на моменти е зло невидено. Значи, се менува побрзо и од времето во март. Со мене беше многу фина, ама не можам да кажам дека воопшто беше фер професор кон сите. Беше полоша од озлогласената Пацка, далеку полоша!
Вера по историја е ок. Си бара жената убаво да се знае. Стандардно лекциите за Албанија се скокаат кај неа
Откако се актуелизира екстерното тестирање жената крена паника и почна да дава тестови. Првите тестови и беа комедија невидена со прашања од типот: Кралството ________ во ____ година направи _______, па ти чуди се што треба да стои на празните места
До сега сигурно ги усовршила тестовите.
Не знам дали предходно пишав... Браво Корчагинци, по 5-ти пат докажавме дека сме најдобри во Македонија!