Мислам дека ние Македонците повеќе се грижиме за американците отколку што тоа го прават американските медиуми.
Баш сега видов дека на СиЕнЕн емитуваат сторија за мода, на СиЕнБиСи емитуваат сторија за економската криза и за последиците од истата, на Блумберг прават муабет за инвестиции, никаде не се спомнува убиството на американскиот амбасадор во Либија.
А бре луѓе, разберете веќе еднаш, САД се во криза, им требаат пари, ако не можат да ги заработат тие пари од продажба на нафта, тогаш ќе ги заработат од продажба на оружје.
Во секоја држава низ која поминала таканаречената Арапска пролет, со себеси донела се и сешто, освен слобода и демократија, со што го заслужува името Арапска зима, а не Арапска пролет.
САД инсталираат марионетски режими во арапските држави, режими на кои им даваат кредити, исто како што ЕУ им дава кредити на државите свињи PIGS (Португалија, Ирска, Италија, Грција, Шпанија) за да си ги платат своите долгови, а допрва ќе го кркаат стапот кога ќе им пристигне цехот со камата за кредитите кои сега ги земаат, а од сите тие немири и незадоволства ќе профитираат само државите кои ги дале тие кредити, во случајот со државите свињи PIGS, тоа се Германија и Франција, а во случајот со арапските држави, тоа се САД.
Додека радикалните исламисти го симнуваа американското знаме во американската амбасада во Египет и го заменуваа со црно исламистичко знаме, Барак Обама му вети на Муслиманското Братство, партијата која ја превзеде власта во Египет после Арапската пролет, односно после Арапската зима, заем од 1 милијарда американски долари.
Овие пари доаѓаат од американските плаќачи на данок, а радикалните исламисти нема да ги инвестираат во образование, здравство, транспорт, инфраструктура и слични поважни области во кои мора да се инвестира, туку ќе ги инвестираат во вооружување против Израел и против останатите немуслимански држави, баш неодамна Муслиманското Братство почна преговори за нарачување на нови У-подморници од Германија, можеби се подготвуваат да го затворат Суецкиот Канал за Израел и за останатите немуслимански држави, и онака откако дојдоа на власт во Египет, најавија дека сакаат ревизија на примирјето со Израел од 1973 година, а истото го планираат и радикалните исламисти во Либија и во сите останати држави низ кои поминала Арапската пролет, односно Арапската зима.
И вие мислите дека убиството на еден амбасадор и на неколку дипломати ќе го смени сето ова ?
Амбасадорот и дипломатите ќе ги погребаат со сите почести, американците ќе се занимаваат со Кимчето Кардашијан, со Бренџелина, со реалните шоуа, со ТВ сериите, со се и сешто што ќе ги одвлекува од обрнување внимание кон настаните на политичката сцена, а кога-тогаш, арапските држави ќе мораат да им ги вратат на САД истите тие кредити со камата се разбира, ќе ги вратат ако можат да ги вратат, а ако не можат, ќе тргнат по патот на Иран, ќе станат заколнати непријатели на немуслиманскиот запад.
И да дојде до војна, на крајот САД повторно ќе профитираат од сето тоа, Големата Депресија завршила дури откако САД влегле во Втората Светска Војна после јапонскиот напад врз американската поморска база Перл Харбор на Хаваите, а САД од Втората Светска Војна излегле како држава победник и како светска суперсила на воен и на економски план, истото го планираат и во арапските држави, ако воопшто дојде до војна, дури и ако САД изгубат во таква војна, што е речиси невозможно, освен ако радикалните исламисти се обединат и заеднички ги координираат своите постапки, што можеби веќе прават со ваквите напади на американските дипломатски претставништва во арапските држави, сепак на крајот, САД на дебело ќе профитираат од таквата војна, бидејќи радикалните исламисти купуваат оружје од САД и од државите членки на ЕУ, без разлика кој ќе победи на крајот, САД и ЕУ на дебело ќе профитираат.