Убиен американскиот амбасадор во Либија

  • Креатор на темата Креатор на темата VOLK2234
  • Време на започнување Време на започнување

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Американскиот амбасадор и тројца службеници ги загубија животите во синоќешниот напад врз конзулатот на САД во Либија. Причина за нападот е филм од американска продукција во кој се навредува пророкот Мухамед.
Американскиот амбасадор во Либија и тројца службеници на американскиот Стејт Департмент ги загубија животите во нападот врз конзулатот на САД во либискиот град Бенгази. Поголема група вооружени луѓе ја нападнале зградата со гранати и автоматско оружје, а потоа и ја запалиле. Обезбедувањето на објектот возвратило на огнот, но според изјавите на либиски претставници, напаѓачите биле бројчано надмоќни. Амбасадорот и неговите соработници биле убиени откако врз нивното возило била испукана ракета во моментите кога ја напуштале зградата.
Американската државна секретарка Хилари Клинтон го осуди нападот.
„Некои се обидуваат да го оправдаат овој ужасен акт со предизвикувачки материјал поставен на интернет. Но, нема оправдување за ваков напад“, рече Клинтон.
Филмот кој ги предизвика протестите е дело на 56- годишен американски државјанин со еврејско потекло, Сем Бациле. Во филмот пророкот Мухамед е претставен како неморална личност, која дозволува сексуална злоупотреба на деца. Анти-исламистот Бациле во меѓувреме го напуштил својот дом и се крие на непозната локација. Во изјава за агенцијата Асошиејтед Прес тој вели дека исламот е болест, а со неговиот филм сакал да испрати политички став.
На нападот во Либија, вчера му претходеа и протести во Египет од истата причина. Исламски демонстранти успеаја да влезат во американската амбасада во Каиро, каде го симнаа и го запалија американското знаме, а на негово место поставија исламски симбол.

0,,16233474_402,00.jpg

Американскиот конзулат во Бенгази
На ѕидот на амбасадата со спреј била испишана паролата: „Ако вашата слобода на говорот нема граници, тогаш прифатете ја нашата слобода на дејствие“.
Голем број демонстранти и во текот на ноќта останале пред ѕидовите на амбасадата, но обезбедувањето на објектот во меѓувреме е драстично зголемено.
Инцидентите станаа тема и во американската предизборна кампања, откако кандидатот на републиканците Мит Ромни го нападна претседателот Барак Обама дека наместо да го осуди инцидентот и да ги гони сторителите, тој изразил симпатии со напаѓачите. Од Белата куќа изразија шокираност поради тоа што Ромни се одлучил да ја злоупотреби трагедијата за политички напади.

 
Не е убаво што убиле дипломат ама па и, амерот и фудаменталистот се крвни непријатели на македонскиот народ,па затоа нивните пресметки не може да имаат зијан за нас.
 
Јас апсолутно ги подржувам Америте. Секој си има право каков сака клип да си постави он-лајн. Нека се соберат Исламистиве и нека постават и тие клип со Давид и Мојсеј или Исус дека се незнам што...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu5
Јас апсолутно ги подржувам Америте. Секој си има право каков сака клип да си постави он-лајн. Нека се соберат Исламистиве и нека постават и тие клип со Давид и Мојсеј или Исус дека се незнам што...

Точно, но прашањето е КАДЕ? Во одредени места, како на пример во Сауди Арабија, го немаш тоа право (потврдено со одлука на меѓународен суд дека нивниот закон е примарен).

Вчера во Египет имаше демонстрации пред Американската амбасада. Демонстрантите влегоа внатре и го спуштија Американското знаме.

AP_Mideast_Egypt_US-x-wide-community.jpg
 
Американците ја основаа и ја финансираат Ал Каеда и овие вака им враќаат.
 
Така им е финанисраст терористи ,од нив и ке гинат ,според "Рамковниот договор" сега Американската влада треба да им даде доживотни пензии на убијците стаж, бесплатно школување и сл.
 
Ехххх, стока нецивилизирана, што да правиш.

Лудак со 30-ина следбеници објавува видео кое ги навредува, они убиваат тотално невин човек.
Но, тоа е тоа, цивилизациски Арапите се неколку века назад и ке треба време да направат ренесанса.
 
Точно, но прашањето е КАДЕ? Во одредени места, како на пример во Сауди Арабија, го немаш тоа право (потврдено со одлука на меѓународен суд дека нивниот закон е примарен).

Вчера во Египет имаше демонстрации пред Американската амбасада. Демонстрантите влегоа внатре и го спуштија Американското знаме.

AP_Mideast_Egypt_US-x-wide-community.jpg
Има клипови на Јутјуб каде го прават христијанството лом и тоа поставени од Американски Граѓани и никој ништо не реагира. Арапиве мораат да учат уште многу за слобода на говорот. Може дури и напад на амбасада да се смета за акт на агресија. Инаку случајно приметив маски од оној Guy Fawkes на арапите инаку типот бил Католички Фундаменталиста од Англија. Смешно ама толку им сече на прост и неедуциран народ.
 
Ехххх, стока нецивилизирана, што да правиш.

Лудак со 30-ина следбеници објавува видео кое ги навредува, они убиваат тотално невин човек.
Но, тоа е тоа, цивилизациски Арапите се неколку века назад и ке треба време да направат ренесанса.
Како она пред неколку недели кога наводно ретардирано 12 годишно девојче го запалило Коранот после испадна дека некој имам го наместил. Со менталниот сколп се како Европа пред 10 века.
 
И овие напаѓачиве се посебна сорта, ама екипата од Вашингтон вака ќе научат можда некогаш со кого се плеткале за интереси.
 
Ехххх, стока нецивилизирана, што да правиш.

Лудак со 30-ина следбеници објавува видео кое ги навредува, они убиваат тотално невин човек.
Но, тоа е тоа, цивилизациски Арапите се неколку века назад и ке треба време да направат ренесанса.
Тоа е тоа.........они се сеуште во средниот век.Како што христијанството во својот почеток беше напредно во однос на политеистичките религии,дојде средниот век.Тогаш кога христијанството беше во тој период се појави исламот кој како нова регилија го имаше својот за сега врв и арапскиот свет беше 100 пати поразвиен и послободен од западниот.
 
Го убија Гадафи кој има даваше се ,ама тоа ти е проста раја сега американциве се ке има земат само заради нафтата
 
А пазете го ова во Египет, протестираар против филмот а не го ни виделе:

http://www.csmonitor.com/World/Midd...assy-walls-in-Cairo-over-prophet-insult-video

He has not seen the film but heard that it "showed the prophet as a very bad man."

Nader Bakkar, the spokesman for the Salafi party Nour, says the US embassy had asked him to negotiate with the protesters, and ask them not to breach the embassy walls or use violence.
"Insulting [the prophet] is like insulting every Muslim citizen across the world," he says. "We cannot accept that this is a kind of freedom" in the US.
He says he demanded that Egypt withdraw citizenship from anyone who worked on the film. He also had demands for the US to "stop these actions, and understand that [insulting the prophet] is a special case."
"There is a new situation after the revolution in Egypt," he says. "We cannot accept this kind of insulting. The relationship between the US and Egypt could be affected by this kind of attitude."
(во превод „ние сме посебни, сите други се помалку вредни“)

Најјако е што ја обвинуваат цела Америка. Како секој граѓанин заедно да учествувал во правењето на филмот.
Сакаат Америка да ја забрани слободата на говор, а не им е јасно ако тоа се случи и ако Америте станат фашистичка држава дека прво од Сахара и Арабија ке направат застаклен паркинг. Кој свети во ноќ од радијација.

И најбрилијантното во сето ова:

One religious channel broadcast what it said was a clip from a film produced in the US by Egyptian Christians who had emigrated there. (Ова никако не е лажно обвинување без докази и повик на насилство врз Коптското малцинство, неееее ни под разно)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom