MIKI1 мислам дека нема потреба од толку жестина кон науката особено кон таканаречените по твое квази наулни дисциплини кои наводно ја минуваат црвената граница на религијата!?!?
Би запрашал како тука тие науки тебе лично те деконцентрирале во твојата верба во Бог?
.
Односот од Црквата кон науките, општо земено, е следен: за Црквата, знаењата од науките се од пониска, сетилно-умна природа, кои се корисни само на ниво‘ од прагматизам.
Попрецизно кажано,односот на Црквата кон науките е следен:
1. За Црквата, прифатливи се знаењата, кои подолг период се покажале како проверливо точни и неменливи. За беља, таквите знаења, се (пре)малку на број.
2. Црквата има иронично-саркастичен однос кон „знаењата„ од науките, кои се производ од нечија арбитрарност, своеглавост, високоумие, волонтаризам и и неконтролирана фантазија, во отсуство од опипливи факти.
3. Црквата има изразито негаторско-критички став кон дел од науките, кои имаат забраздено во „црвено„, и кои дрско се мешаат во Божјата екслузива, како што се: психологијата, генетскиот инжинеринг и сл.
Мене лично, науките не ми се од посебен интерес, ради мојата насоченост кон вероисповеста а не кон сциентизмот. Плус, немам професија која е врзана за науките, така да од таа страна сум раат. Она кое лично ми пречи, тоа е следното: научниот светоглед, наметнат преку образовниот систем и преку медиумите, ни‘ нуди саде една и иста вистина, која во суштина е само обична лага: лага се и еволицонизмот и марксовиот историски материјализам, па кој се впуштил во градење на светоглед на тие две основи (дарвинизам и марксизам) ќе добие и лажен светоглед. Образовниот систем наметнува монопол на вистината и не допушта „конкуренција„, оти ако такво нешто стори, ќе биде соборен од зафрканција...
Постои и друга работа која лично ми оди на нервниот систем, а која е непосредно произлезена од модерниот светоглед: тоа е елегантото наметнување на идејата за „напредокот„, која центрите на моќ ни‘ ја наметнуваат насилно, во облик од „најнов„ производ од оваа или онаа област, како на пример, пребрзото наметнување на „најнов„ софтвер и хардвер или модели од „мобиљки„ (небитно што и постарите нивни верзии вршат работа....) а кое наметнување во себе го крие дарвиновиот принцип, познат како „...посилниот победува...„ па сега, кој нејќе да се „надоградува„ и „прилагодува„ кон сите (пребрзи) промени во индустријата, а кои, како реков, се раководени од „сивата еминенција„, тешко си го него: таквиот поединец, ќе биде „дарвинистички„ осуден како „ретрограден„, „реакцонерен„, „непрогресивен„, „неприлагодли„ кон „промените„, и тако даље и томе слично....
--- надополнето: 10 септември 2012 во 22:46 ---
Знам дека си доволно интелегентен за да го сватиш следново во врска со твојов "аргумент" за невалидноста на научните вистини, поради нивната "минлива - менливост".
Значи вака. Имаш набљудувач чија точка на набљудување е статична - неменлива, и пред него се наоѓа столб, свртен со неговата квадратна основа. Поради статичноста на набљудувачот, тој пред себе гледа само квадрат - дводимензионално тело со четири исти страни и четири исти агли.
Ако набљудувачот почне да ја
менува точката - местото од кое набљудува, ќе свати дека пред него не се наоѓа дводимензионално тело, туку тродимензионално - столб со висина, ширина и должина.....
Е сега според твојава логика, тоа значи дека тој се нашол во заблуда, и новото сознание кое сега го има е лага, бидејќи е производ на менлива вистина!
Науката својата "менливост" во сознанијата ја должи токму на овој факт. Таа се надградува, се дополнува.
На пример Њутновите закони не се погрешни затоа што теоријата на релативноста или квантната механика откриле "менлива" вистина, која е поинаква од њутновата. Тоа едноставно значи, дека тие се дел од покомплексен систем, систем во кој теоријата на релативноста ја
надополнува њутновата механика.
Твоето тврдоглаво негирање на науката само затоа што не се вклопува во твоите догматични убедувања е во најмала рака лицемерно. Ти секојдневно ги користиш придобовките на науката, компјутерот на кој ја негираш, автобусот со кој се возиш, телефонот со кој разговараш.....сите тие се реалност не благодарение на твојата религија, туку благодарение на науката.
Таа "менливост" е најголемиот фактор за успешноста на науката, фактор кој ти го сметаш за нејзина слабост....
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Смешно и жално во исто време....
Испис,
иманентните дефекти, кои науките ги имаат неизбежно, не можеш до бесконечност да ги преименуваш во нивно доблести или типични атрибути. Тоа се нарекува „..класична замена на тези...„ на штета на вистината.
Плус, ако придобивките од науките ги гледаш еднодимензионално, тогаш ќе бидеш во право, но ако ги земеш во предвид сите последици од сциентизмот, ситуацијата се менува на полошо во однос на науките. На пример, кажи ми една еколошка катастрофа од пред 300 г, или кажи ми, историски, кога се меѓучовечките релации паднати на вакво, денешно подживотинско ниво‘, или, кога била лагата намената ако вистина по насилен пат, или, кога било вака масовно медиумското „перење„ мозоци и претворањето на луѓето во нео-идолопоклоници?