Ми треба безжично поврзување на 2 стана

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Наједноставна опција: го продаваш едниот стан. Со парите + доплатата за опремата (спомната погоре) го купуваш станот до/над/под тој шо ти остана. Дупиш дупка и се поврзваш со UTP кабел.

VOILA.

Поинаку, освен да си ангажираш некоја фирма да ти постави оптика помеѓу двете згради, не гледам како би ја решил комуникацијата, за да имаш 100Mbps реални.

Работиш со мрежи или џабе се објаснувам со аматер?
UTP кабелот работи добро до максимум 100 метри. После 100тиот метар му треба "појачало" (свич, рутер...), пак 100 метри е ок, и пак "појачало"... за 1 км кабел, ќе му требаат 10 "појачала" а не едно.
Мислам дека има солидна загуба на сигнал ако оди преку такви појачала... и појќе од 5 не е препорачливо да се врзат.
 
smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.699
Поени од реакции
288
Зградите се без оптичка видливост, и ќе мора сигналот да се преусмерува преку друга зграда. Финтата е што на локација 1 има оптички нет од 50mbps и домашен сервер со 6TB податоци и нејќам да плаќам два интернета и пак да не ми вршат работа (втор оптички да ставам скапо се фаќа). Овернет ги контактирав ама или не се баш заинтересирани или се скроз заборавени, од петокот ги чекам да ми вратат на повик така да ќе си барам некои други. На крајот на краиштата сам ќе си купам опрема од туку или комшии но финтата е некој да ми ја инсталира.

За математиките не сте у право:

1 х Ubiquiti Nano Loco M5 е приближно 80ина евра
И додај го кабелот и работната рака, макар и да треба да се 4 уреди нема да биде повеќе од 400ина евра, а пошто оптички нет од 50 mbps e 1400 на месец т.е. 18ина месеци а и пак нема да ми врши работа.

Така да предложете ми некој што би можел ова да го направи доколку знаете.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776

зависи колкав агол има таа трета зграда преку која би се преусмерувал сигналот (ако во агол од 90степена таа зграда ве гледа вас - двете згради - би било ок)...
не ни размислив за таква идеја затоа што би ги дуплирала трошоците ...
пред се треба да имаш дозвола од третата зграда за поставување на антените ... потоа и напон за антената ..
и со Loco и со NanoStation М2 ќе завршиш работа ... но ако имаш агол на третата зграда не е лошо да ставиш Rocket

само нема да те кошта 400 ... но над 600 нема да биде ..
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Не. И двајцата треба да имаат насочени антени, а помеѓу нив има зграда (нема оптичка видливост) како што пишува во првиот пост.
Дури и во идеални услови, без никаков објект помеѓу нив, без никаква рефлексија, со користење на WiFi стандард никогаш нема да го добијат бараниот трансфер на податоци. Никогаш. Помирете се. Едноставно не постои оваа варијанта. Крај. Финито.

Да, NASA може да комуницира безжично и со роверот на Марс. Ама за тоа треба пари.

Безжичните линкови што ги користат провајдерите се помалку од 100Mbps, а за тие да функционираат се потребни илјадници и илјадници евра. А ти сакаш два стана да си поврзеш без никакви особени трошоци и тоа со објект помеѓу нив. Незнам како поинаку да ти доловам колку е неизводлива идејата :)

Добро, „изводлива“ е ако сакаш да платиш барем 3 вакви и лиценца за користење на фрекфенција:
Да, се разбира дека преку бариера нема да има сигнал... мене ме интересира што во случај доколку има оптичка видливост, дали може wi-fi сигнал да се фаќа од рутер на поголеми далечини со онаква антена? На официјалната страна пишува во спецификациите дека има огромен домет...
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Да, се разбира дека преку бариера нема да има сигнал... мене ме интересира што во случај доколку има оптичка видливост, дали може wi-fi сигнал да се фаќа од рутер на поголеми далечини со онаква антена? На официјалната страна пишува во спецификациите дека има огромен домет...
рутерот ќе го види сигналот од антената но нема да има „сила“ да врати назад. шо значи комуникација нема да има.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
рутерот ќе го види сигналот од антената но нема да има „сила“ да врати назад. шо значи комуникација нема да има.
Aха... како што те разбирам, ќе има еднонасочна комуникација. А може ли со две антени, и на рутерот, и на мрежната картица? Дали така би функционирало?
Не сфаќам која е поентата на онаква антена ако не функционира начинов...
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
рутерот ќе го види сигналот од антената но нема да има „сила“ да врати назад. шо значи комуникација нема да има.
Сега разглабам теорија, можеби не сум во право, ама мое мислење.
Рутерот ќе праќа послаб сигнал, ама антената од другата страна е многу појака и може да го фати тој сигнал.
По некоја моја логика, така би требало да е.
По твоја логика секој мобилен телефон би требало да има јака антена како на базната станица за да може да комуницира со неа, ама во пракса не е така.
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Ми треба безжично поврзување на на 2 стана, со реален проток до 100Mbps, за делење на интернет , со тоа што двата стана се на точно 1 км воздушна линија но не се гледаат - има зграда меѓу нив. Ми треба човек или фирма кој ќе ја изведе работата. Контакт тука или по пп.
Ова не ти е добра идеја. Али ме мрзи да образложувам...
Ај кажи ни како ова у пракса ќе иде...мислам откако ќе поставиш се, каков ќе биде сигналот што ќе го добиеш...:noze:
 
smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.699
Поени од реакции
288
Идеата е супер али реализацијата е зезната, ако се деси. Имам неколку понуди али ќе видам, ако некои од понудувачите се занесуваат со цени ќе си стаам оптички па нека се сликаат, некои сакаат преку ноќ да се обогатат, е тоа малце потешко...
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
smole, не сум експерт (како останатите што ти дадоа пар „генијални“ идеи), ама затоа сум специјалист. Не троши енергија, време и пари за ова :)
 
smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.699
Поени од реакции
288
Ќе видам што ќе се случи и ќе пишам, за ако некој некогаш е на истите маки да знае што да прави.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Ќе видам што ќе се случи и ќе пишам, за ако некој некогаш е на истите маки да знае што да прави.
ако ти треба совет покрепен со искуство (2 града у МК покриени 90% со WiFi) слободно обрати ми се.
 
smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.699
Поени од реакции
288
изводливо е би те коштало околу 350 - 400 евра но брзината која ќе ја добиеш поради зградата би била макс 10 Мbps (дали и толку прашање е)
ако имаш можност да ја избегнеш зградата би било супер ... како на пример твојата и зградата на втората локација (претпоставувам сте во зграда затоа што спомнуваш станови) да се повисоки и антените се постават на кров ... или можеби имаш соседна зграда (не повеќе од 80тина-100метри) која има оптичка видливост со втората локација итн ... но тоа би било сложено и поскапо ...

400 евра инвестиција за ова (незнам колку ти е битно) значи 24 000 денари или (ако земеме 500ден од месец кабловски интернет) грубо 48 месеца. 4 години да не се замараш ....

според мене не вреди ... освен ако немаш некоја заработувачка шознам ...
Немам никаква заработка, во првиот стан имам 50мбпс интернет и NAS и двете работи сакам да ги користам на втората локација, тоа е тоа. Мислам дека и Макс ТВ можам да имам на втората локација бидејќи е IPTV. Инвестицијата за година ипол ја вадам ако рачунам дека би ставил оптички интернет.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom