Ми треба безжично поврзување на 2 стана

  • Креатор на темата Креатор на темата smole
  • Време на започнување Време на започнување

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.700
Поени од реакции
288
Ми треба безжично поврзување на на 2 стана, со реален проток до 100Mbps, за делење на интернет , со тоа што двата стана се на точно 1 км воздушна линија но не се гледаат - има зграда меѓу нив. Ми треба човек или фирма кој ќе ја изведе работата. Контакт тука или по пп.
 
Види колку е самоносечки (со сајла внатре) UTP кабел + 30% за рака + рутер. Така ќе имаш 100Мbps реални.
Бежично нема да имаш реален проток од 100Мbps колку и да разглаба било кој.
 
UTP кабелот работи на 100 метри, smole бара 1км далечина. WiFi е единствена солуција што има смисла, ама од друга страна не знам и тоа колку може да се постигне без да се гледаат точките (има зграда измеѓу).
 
Може зашо да не, не мора рутерот да им е дома на биро. 100 метра од едениот стан па рутер и приемник у другиот стан(со 100те метри да се избегне зградата) :) Само за напојување на рутерот ке биде малку потешко, една од париците од мрежниот кабел може да се искористи за пренос на напонот од напојувањето, али на 100 метри ке има голем пад на напонот, ќе треба некоја алтернатива :)
 
Работиш со мрежи или џабе се објаснувам со аматер?
UTP кабелот работи добро до максимум 100 метри. После 100тиот метар му треба "појачало" (свич, рутер...), пак 100 метри е ок, и пак "појачало"... за 1 км кабел, ќе му требаат 10 "појачала" а не едно.
 
После првите 100 метра става wifi рутер.
 
Ми треба безжично поврзување на на 2 стана, со реален проток до 100Mbps, за делење на интернет , со тоа што двата стана се на точно 1 км воздушна линија но не се гледаат - има зграда меѓу нив. Ми треба човек или фирма кој ќе ја изведе работата. Контакт тука или по пп.
Не ми е јасно зошто би ангажирал човек или фирма да ти изведе вакво (невозможно) решение, а на би земал 2 различни интернет пакети?
И онака решението со 2 интернет пакети ќе ти биде поефтино од опремата за инфраструктурата која ти е потребна за „реален безжичен проток од 100 Mbps“ за „делење интернет“ помеѓу становите. Или со други зборови, парите што ќе ги фрлиш за тоа, ќе ти бидат доволни за да си го платиш интернетот за барем 10 години на двете локации.

Ако сакате да се гледате „во мрежа“ едноставно кренете си VPN и бркајте работа.
 
јас мислам дека поевтино ти е да си купите кабел одколку да купувате толку „пренасочувачи“ и на крајот поворно да не ја добиете посакуваната брзина
 
јас мислам дека поевтино ти е да си купите кабел одколку да купувате толку „пренасочувачи“ и на крајот поворно да не ја добиете посакуваната брзина
Ти ќе им пуштиш кабел од 1.5км?
Читајте го првиот пост, да не ви се смее цел форум... :)
 
Ми треба безжично поврзување на на 2 стана, со реален проток до 100Mbps, за делење на интернет , со тоа што двата стана се на точно 1 км воздушна линија но не се гледаат - има зграда меѓу нив. Ми треба човек или фирма кој ќе ја изведе работата. Контакт тука или по пп.

Земи два пакети оптика во становите и крени VPN, не се заебавај со импровизации.Еден колега мој имаше пуштено УТП кабел 50м и од толку што се собрал електрицитет на кабелот му прегоре рутерот.
 
А дали е изводливо со ВАКВА антена да се поврзат? Овие антени колку што знам имаат огромен домет...
 
А дали е изводливо со ВАКВА антена да се поврзат? Овие антени колку што знам имаат огромен домет...
Не. И двајцата треба да имаат насочени антени, а помеѓу нив има зграда (нема оптичка видливост) како што пишува во првиот пост.
Дури и во идеални услови, без никаков објект помеѓу нив, без никаква рефлексија, со користење на WiFi стандард никогаш нема да го добијат бараниот трансфер на податоци. Никогаш. Помирете се. Едноставно не постои оваа варијанта. Крај. Финито.

Да, NASA може да комуницира безжично и со роверот на Марс. Ама за тоа треба пари.

Безжичните линкови што ги користат провајдерите се помалку од 100Mbps, а за тие да функционираат се потребни илјадници и илјадници евра. А ти сакаш два стана да си поврзеш без никакви особени трошоци и тоа со објект помеѓу нив. Незнам како поинаку да ти доловам колку е неизводлива идејата :)

Добро, „изводлива“ е ако сакаш да платиш барем 3 вакви и лиценца за користење на фрекфенција:
intertel0410.jpg
 
А дали е изводливо со ВАКВА антена да се поврзат? Овие антени колку што знам имаат огромен домет...
И ја помислив на тие Ubiquiti, односно овие се тие шо се и као дистрибутери за МК за антениве.
 
изводливо е би те коштало околу 350 - 400 евра но брзината која ќе ја добиеш поради зградата би била макс 10 Мbps (дали и толку прашање е)
ако имаш можност да ја избегнеш зградата би било супер ... како на пример твојата и зградата на втората локација (претпоставувам сте во зграда затоа што спомнуваш станови) да се повисоки и антените се постават на кров ... или можеби имаш соседна зграда (не повеќе од 80тина-100метри) која има оптичка видливост со втората локација итн ... но тоа би било сложено и поскапо ...

400 евра инвестиција за ова (незнам колку ти е битно) значи 24 000 денари или (ако земеме 500ден од месец кабловски интернет) грубо 48 месеца. 4 години да не се замараш ....

според мене не вреди ... освен ако немаш некоја заработувачка шознам ...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom