Креационизам наспроти еволуционизам

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Или не можеме да се натераме за да дознаеме дали постоела таква Светлина, пред Сонцето, за да настанат и сложените билки? Атеисти?
Што природа би имала таквата потенцијална Светлина? Навистина да не може да има ниту хипотетски одговор? Природата на таквата светлината каква би можела да биде, имајќи предвид нејзиното хипотетско потекло?
 
Која иронија човече!!
Пребарувањето не даде никакви резултати.

Кај мене функционира линкот, ајде кликни овде и скролај натаму во темата. Навистина е пообемна дискусија каде што членови како Атеист и Мики 1976 држат некои агностички ставови од инает..:D
 
Абиогенезата е теорија која го опишува создавањето на органскиот(живиот) свет од неоргански материи и енергија.
Еволуцијата е промена на наследните карактеристики на биолошките популации кај последвателн генерации.

Зошто според тебе абиогенезета е оттргната од теоријата на еволуцијата, а не е нејзин сотавен "почетен дел"?
--- надополнето: 8 септември 2012 во 23:38 ---

Можеме слободно да ја повториме дискусијата, и ќе видиш дека нема никаков инает, туку напротив.
 
Мики 1976 ти си овај Доналд? Нема потреба навистина, ако има желба Антитеист да продолжи со задоволство би ве читал.
Не верувам дека Сталкерот ќе одговори на ова прашање, покомпетентен би бил Дарвин.
 
Бидејќи се занимава со друга различна проблематика?
 
1) Во принцип се е можно. Веројатноста е веќе друга приказна. Селективната дисторзија и ретенција која ја имаат верниците е пак приказна за себе. Проблемот со твојот предлог е вметнување на агент кој ја усложнва состојбата, наместо да ја упрости, без да постои некаков доказ за истиот.

2)Ок ако зборуваме за планетата Миле во некој алтернативен универзум, каде важат други закони. Ако ја земеш Земјава како тоа тело организмите ќе ти изумрат. Прво од многу ладно церојатно нема ни да се равијат, после од нагла промена на температурата сите или најголем дел ќе изумрат.

3) Кога би ги имал биолошките механизми кои се претпоставка за мутација на организмот, да, би можел.
--- надополнето: 8 септември 2012 во 23:30 ---

Па нема.
Абиогенезата е теорија која го опишува создавањето на органскиот(живиот) свет од неоргански материи и енергија.
Еволуцијата е промена на наследните карактеристики на биолошките популации кај последвателн генерации.

1) Каков принцип?

2) Ако збориме за Господ, зошто да не ја усложни?

3) Каде во Генезата е кажано нешто за природите на Универзумот? Зошто да било многу ладно на Земјата од таа, за атеистите хипотетска Светлина? Не велиш ништо за таа Светлина, зошто воопшто на било кој начин не ја спомнуваш? Последователно, зошто нагла промена на топлината?
 
Бидејќи се занимава со друга различна проблематика?

Нека е и така. Друго ми е поентата.
Зошто еволуцијата не би ја "интересирала" како настанал "субјектот" врз кој делува?

ТУка имало еден куп "политички" моменти околу тој момент.

Мики 1976 ти си овај Доналд? Нема потреба навистина, ако има желба Антитеист да продолжи со задоволство би ве читал.
Не верувам дека Сталкерот ќе одговори на ова прашање, покомпетентен би бил Дарвин.

Тоа е дискусија во недоглед, за жал.

Тоа е дискусија каде едната страна тврди 100% диверзитетот на земјата се должи на еволуцијата, а другата страна му вели - кочи малку, пополека, имај резерва околу тоа.
 
1) Каков принцип?

2) Ако збориме за Господ, зошто да не ја усложни?

3) Каде во Генезата е кажано нешто за природите на Универзумот? Зошто да било многу ладно на Земјата од таа, за атеистите хипотетска Светлина? Не велиш ништо за таа Светлина, зошто воопшто на било кој начин не ја спомнуваш? Последователно, зошто нагла промена на топлината?
1)Основен. По дефиниција.
2)Не зборуваме, но ако претпоставиме дека е така, зошто јас или било кој друг не ја доусложни? Така никогаш ништо нема да знаеме. Упростувањето е докажана успешна практика. Има и закон на логиката, Окамова острица, кој помага доста при решавање проблеми.
3)Сам кажа дека сонцето дошло покасно. Нема сонце = нема светлина. Нема светлина= многу ладно. Со појавата на сонце температурата нагло расте. А ако мислиш дека твојана замислена Светлина може да создаде живот. Засади гравче, чувај го на температура од 44 Келвина, на темно место, или било кое растение, па кажи ни го резултатот.
 
Нека е и така. Друго ми е поентата.
Зошто еволуцијата не би ја "интересирала" како настанал "субјектот" врз кој делува?
ТУка имало еден куп "политички" моменти околу тој момент.
Може да имало, нема смисла да го спорам тоа.Не ме ни интересира.
Сепак разделбата на две различни полиња ја олеснува работата.
Од една страна има како се создало, од друга како се развива. Добри резултати дава поделбата.
 
Несомнено, дека има добри резултати на двете полиња.

Моите сознанија велат дека абиогенезета многу скоро ќе понуди доста цврсти докази, преку симулации на истата.

Зашто би биле тие две страни различни.

Тоа е логичен след на настаните -
1. Како се создало нештото.
2. Како се развивало нештото.

На абиогенезета и беше крајно неферски оставен жешкиот компир во време кога се мислеше дека ќе ја наруши плаузибилноста на ТЕ.

А плаузибилноста на ТЕ пак е приказна за себе.
 
1)Основен. По дефиниција.
2)Не зборуваме, но ако претпоставиме дека е така, зошто јас или било кој друг не ја доусложни? Така никогаш ништо нема да знаеме. Упростувањето е докажана успешна практика. Има и закон на логиката, Окамова острица, кој помага доста при решавање проблеми.
3)Сам кажа дека сонцето дошло покасно. Нема сонце = нема светлина. Нема светлина= многу ладно. Со појавата на сонце температурата нагло расте. А ако мислиш дека твојана замислена Светлина може да создаде живот. Засади гравче, чувај го на температура од 44 Келвина, на темно место, или било кое растение, па кажи ни го резултатот.

1) Што значи основен? Во основа се е можно, каква би можела да биде таа основа (од аспект на Генезата, се разбира прашувам)?

2) Зошто да не ја доусложни, со својата слободна волја? Зошто да не стори да се прашуваме за Него? Да биде во автентичен прв план за нас суштествата? Сепак: Господ е Господ... За Генезата е зборот, „И Бог виде сè што направи, и ете, беше многу добро.“ Со самиов цитат се наведува дека Бог усложнувал, оти сакал да види, да провери дека е многу добро.

3) Сталкер... Не велам за Сонцето, туку за поинаков вид Светлина (види погоре)...
 
Несомнено, дека има добри резултати на двете полиња.

Моите сознанија велат дека абиогенезета многу скоро ќе понуди доста цврсти докази, преку симулации на истата.

Зашто би биле тие две страни различни.

Тоа е логичен след на настаните -
1. Како се создало нештото.
2. Како се развивало нештото.

На абиогенезета и беше крајно неферски оставен жешкиот компир во време кога се мислеше дека ќе ја наруши плаузибилноста на ТЕ.

А плаузибилноста на ТЕ пак е приказна за себе.

Тој е редоследот, ама не значи дека мора по тој редослед да се донесуваат заклучоци или пак да се докажува. Доста фактори влијаат на тоа. Заклучоците кај ТЕ може да се донесат со релативно едноставни набљудувања и споредувања. За заклучоци од абиогенезата потребни се доста пошироки познавања од повеќе области.
Инаку ТА е моментално на доста цврсто тло.Кај абиогенезата треба уште работа.
--- надополнето: 9 септември 2012 во 00:28 ---
1) Што значи основен? Во основа се е можно, каква би можела да биде таа основа (од аспект на Генезата, се разбира прашувам)?

2) Зошто да не ја доусложни, со својата слободна волја? Зошто да не стори да се прашуваме за Него? Да биде во автентичен прв план за нас суштествата? Сепак: Господ е Господ... За Генезата е зборот, „И Бог виде сè што направи, и ете, беше многу добро.“ Со самиов цитат се наведува дека Бог усложнувал, оти сакал да види, да провери дека е многу добро.

3) Сталкер... Не велам за Сонцето, туку за поинаков вид Светлина (види погоре)...
1) Да, за тоа ти зборувам и јас. Принцип, основен, фундалентален,базичен по дефиниција. Според тоа се е можно. Дури и исказот под број 2.
2)Бидејќи и јас можам да ја усложнам работата со тоа што ќе кажам дека Donald Sikert го создал Господ бидејќи така му се сакало. Со тоа Доналд е татко на бог. Никаде не не води тоа. Само се усложнуваат работите.
3)Ти кажав колку ти вреди таа светлина. Подрум,темнина, 44Келвина, засади што сакаш и види дали таа светлина ќе го порасне растението.
 
Тој е редоследот, ама не значи дека мора по тој редослед да се донесуваат заклучоци или пак да се докажува. Доста фактори влијаат на тоа. Заклучоците кај ТЕ може да се донесат со релативно едноставни набљудувања и споредувања. За заклучоци од абиогенезата потребни се доста пошироки познавања од повеќе области.
Инаку ТА е моментално на доста цврсто тло.Кај абиогенезата треба уште работа.

Тлото ќе станува поцврсто или е можно да попушти некаде?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom