D
Daedalus
Гостин
Затоа што несваќаш дека постои повеќе од еден концепт за Бог, реалност, битие....итн, итн!
Постои теистички, пантеистички, гностички, агностички......концепт за Бог. Јас Бог, Апсолутот или Нуит ги сваќам како пантеистички концепти.
Кога ти ми велиш дали постои Аиваз, јас неможам да знам како ти го замислуваш тој поим. Јас кажав за мене што претставува - Повисоко Себство, поконцизен одговор од овој неможам да ти дадам.
И во право е Дибек, оваа дискусија не е за на оваа тема.
Темата е, во што веруваат атеистите. Јас како атеист кажувам во што верувам. Затоа што атеизмот опфаќа поширок спектар на теми, не би било убаво дискусиите да се ограничуваат на христијанство/муслиманство и анти христијанство и анти муслиманство. Конкретно за постоењето на Повисоко Себство кое освен како збор нема никакво значење е исто толку лабаво во својата реалност колку и Аивас кој воедно е истото според тебе. "Според мене" е многу апстрактно... Според мене Хитлер е човек, но според Мирко Хитлер е Вулканец а според Ана тој е лебарка.... Како атеист, Повисоко Себство многу ми личи како некој хиреархиски концепт за некоја врста на божество. Секако, доколку не сакаш да дебатираш на темава, ќе запреме. Сепак за дебата треба расположение и сето тоа. Но мислам дека темата не е офф топик поради причините кои ги наведов погоре.
Еве јас ќе бидам христијанин и ќе дебатираме доколку сакаш...
Јас верувам во Господ затоа што мојата пракса ми покажала дека Постои. Јас го сфаќам Господ како Светото Тројство, во мојот универзум...