Грчкиот претседател бара да му ја намалат платата

T

Tetro

Гостин

Грчкиот претседател Каролос Папуљас побара од министерството за финансии да му ги намали платата и пензијата, објави заменикот министер за финансии, Христос Стаикурас на седницата на парламентарната комисија за буџет.

Претседателот, исто така, предложил да се намалат пензиите на сите поранешни претседатели на Грција, со што, според министерството, државниот буџет ќе заштеди околу 350 илјади евра годишно, пренесува грчката телевизија SKAI.

Шефот на државата кого го избира парламентот, во Грција врши главно церемонијални функции, а извршната власт му е доверена на премиерот.

Според претседателот, платата на шефот на државата треба да се намали, заедно со намалување на платите на министрите и другите владини претставници.

Претходно во февруари, по состанокот со претседателот, грчкиот министер за финансии изјави дека Папуљас се откажал од платата за да ја поддржи земјата западната во тешка финансиска криза. Потоа беше објавено дека платата на претседателот изнесува 23 илјади евра месечно, или 278,4 илјади евра годишно, а по оданочување му остануваат годишно 192 илјади евра. Сега, како што претпоставуваат грчките медиуми, ќе се дефинира новата плата шефот на државата.

Грција којашто се наоѓа петта година во тешка економска криза, презема чекори за драматично намалување на јавните трошоци, особено во сферата на платите и пензиите. Атина води напорни и сложени преговори со Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд за продолжување на финансиската поддршка за Грција, којашто е целосно зависна од надворешното финансирање од 2010 година.

Премиерот Антонис Самарас, лидерот на конзервативната Неа демократиа која победи со мала предност на повторените предвремени парламентарни избори на 17-ти јуни, уште на самиот почеток од неговиот мандат ги намали платите на министрите за 30 отсто. Самарас, исто така, ги укина сите специјални комисии и секретаријати на владата, што државата ја чинеше значителен износ, ја ограничи употребата на службени автомобили од страна на министрите, а го затвори и ресторанот за администрацијата во неговата резиденција, на што се трошеле по 63 илјади евра годишно.

http://makfax.com.mk/#4/291366/grchkiot_pretsedatel_bara_da_mu_ja_namalat_platata
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Да да во смислата еве јас си ја намалив платата мислам на вас на народот :facepalm:

15467529.jpg
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.639
Поени од реакции
35.179
Кутриот од 23 000 евра месечно, сега ќе му ја намалат на 22.000 евра, како ли само ќе преживее :coffee:
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
ова е само политички гест
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Јас сум за да му се зголеми дупло на него и на останатите политичари , едноставно така ќе се докусури таа вукојебина од држава
може... не ти е лоша идеата... не се секирај и вака и така ги спремаат нив за лошо сценарио....
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
може... не ти е лоша идеата... не се секирај и вака и така ги спремаат нив за лошо сценарио....
упс мора да го исправам тоа вукој****а сеа одма ќе ме опоменат :D
Ма да покрај нивните за жал ќе патат и нашите од Егејот
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
И? Од 23 илјади евра ќе му ја намалат на 20.000....Big deal, пак ќе зема шест пати поголема плата од обичниот човек, работник кој придонесува 100 пати повеќе од него.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Бар да помислат нашиве на Н од намалување
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
И? Од 23 илјади евра ќе му ја намалат на 20.000....Big deal, пак ќе зема шест пати поголема плата од обичниот човек, работник кој придонесува 100 пати повеќе од него.
Да се шест добро ќе е ама шеснаесет пати поголема ќе зема.. на работниците по 400-500 за овој 18-20.000 :)
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Ко демек од државна плата имаат они многу пари.
300 други шемички си прави на страна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom