Тесалоника не е грчко, туку е Mакедонско име

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
tesalia + nika (bozica na pobedata) tesalonika=pobednicka nad tesalija. filip i go dal ova ime na novorodenata mu cerka. ce rodila vo vreme koga toj ja pokoril tesalija. podocna taa se omazila za kasandar i toj vo nejzina cest izgradil grad i go narekol po nejzinoto ime. MISLEV DEKA OVA GO ZNAE SEKOJ MAKEDONEC
 
tesalia + nika (bozica na pobedata) tesalonika=pobednicka nad tesalija. filip i go dal ova ime na novorodenata mu cerka. ce rodila vo vreme koga toj ja pokoril tesalija. podocna taa se omazila za kasandar i toj vo nejzina cest izgradil grad i go narekol po nejzinoto ime. MISLEV DEKA OVA GO ZNAE SEKOJ MAKEDONEC
Зошто би го знаел ова секој Македонец ? кога нити тесалиа е македонска нити ника е македонско зборче ... нашиот збор за тој град е Солун не Тесалоника ;)
 
tesalia + nika (bozica na pobedata) tesalonika=pobednicka nad tesalija. filip i go dal ova ime na novorodenata mu cerka. ce rodila vo vreme koga toj ja pokoril tesalija. podocna taa se omazila za kasandar i toj vo nejzina cest izgradil grad i go narekol po nejzinoto ime. MISLEV DEKA OVA GO ZNAE SEKOJ MAKEDONEC
Класичен вид на “грчка интерпретација“.

Имињата и поимите си ги толкувале и објаснувале онака како што им се чинело (и чини сеуште) дека треба.

Тесалоника постоела и пред наводната изградба од страна на Филип, можеби не онаква каква што ја направил тој, но сепак постоела. И зошто да не било името ТесалОНКА? (иако мислам дека била Салоника) Како - Македонка, Битолчанка, Струмичанка? Тие си го толкувале името (си додавале и одземале букви онака како што им се бендисувало) онака како што мислеле дека треба.

Еве еден пример - Од приказните на околните народи “Грците“ слушнале дека на север постојат големи луѓе, такаречи џинови кои биле нарекувани Киклопи. Е, ама тој збор си го толкувале како Цикло опис (иако е доста поразличен збор од Киклоп), па околу тој збор си исплеле приказна дека тоа биле џинови со едно око. И ден денес научниците се обидуваат да си објаснат за што всушност станува збор и најлогично им испаднало тоа дека тоа биле ковачи кои со превез си го штителе едното око од искрите на огнот (?!). Небаре старите народи биле глупави па не знаеле што е ковач, а што џин со едно око...

А вистината е дека тоа биле луѓе кои имале долги плетенки од коса (КИКИ - и денес така се нарекувани женските плетенки и прцлиња) на своите глави (ЛОБИ - во србскиот јазик е задржана формата лобања, но и во другите “словенски“ јазици). Па тоа е вистинската слика на она како се прикажувани северните народи (Викинзите) и ден денес (дури и во стриповите :) ). А богами тие се навистина високи луѓе, вистински џинови во споредба со медитеранскиот (уште повеќе семитскиот) вид на народи.

И ете така, од Киклоби (прцлести глави), во грчката интерпретација се добило “округло око“... :rolleyes:
 
Мнозина кај нас денес и во минатото сметале и сметаат дека името Солун е вистинското македонско име на овој град, додека името Тесалоника (евентуално Тесалоники) е „грчко“, па со одбивност се однесуваат кон ваквото име. Меѓутоа, вистината е сосема поинаква. Името Тесалоника е вистинското автентично македонско име, додека името Солун е подоцна изведено. Но, да поминеме на фактите.

Овој град бил основан во 315 година пред Христа од страна на македонскиот крал Касандар. Градот бил основан во близина на постарата населба Терма и извесен број околни села. Касандар го нарекол овој град Тесалоника според името на својата сопруга Тесалоника, која била сестра на Александар Трети Велики Македонски, што значи дека била родена ќерка на Филип Втори Македонски. Значи, градот бил основан од еден Македонец и бил именуван според името на една Македонка - родена сестра на најпознатиот македонски цар.

Но, каква е етимологијата на името Тесалоника? Зошто Филип Втори ја крстил својата ќерка со ова име (кое подоцна станало име на познатиот македонски град)?

Одговорот на ова прашање е многу едноставен. Имено, во 354 година пред Христа, Филип Втори Македонски (по неуспешниот обид од претходната година) успеал воено да ја освои грчката област Тесалија, која тогаш била бранета од Грците Фокијци. Војната против Грците во Тесалија не била воопшто лесна и траела повеќе месеци, но на крајот завршила со победа на Македонците. Не долго по оваа победа, на Филип Втори му се родила ќерка. Во чест на освојувањето на Тесалија, Филип ја крстил својата ќерка Тесалоника. Практично, името Тесалоника е сложенка, составена од зборот „тесало“ (кратенка од Тесалија) и суфиксот „ника“. Ова име во слободен превод значи „победникот над Тесалијците“, т.е. де факто - „победникот над Грците во Тесалија“. Ете тоа е етимологијата на ова име, според кое подоцна бил именуван и македонскиот град.

Практично, името Тесалоника не само што не е „грчко“, туку тоа е и „антигрчко“ име, затоа што во себе содржи информација за победата на Македонците над Грците во Тесалија. Трагикомично е тоа што денес Грците се „гордеат“ со ова име, а ние Македонците го отфрламе прогласувајќи го за „грчко“ (иако во суштина тоа е чисто автентично македонско и „антигрчко“ име). Подоцна, македонското име на градот Тесалоника почнало да се изговара и како Салоника, а од ова име е произлезено и подоцнежното име Солун (како кратенка од Салоника). Но, така е кога не се знае сопствената историја. Од името Солун нема бегање, но ни името Тесалоника не смееме да го отфрламе, ако не поради друго, тогаш поради чест и спомен кон дамнешната победа на Македонците над Грците, која била овековечена преку ова име.

Да кажеме неколку збора и за етимологијата на составните делови на ова име. За првиот составен дел („тесало“) рековме дека се однесува на Тесалија, т.е. на Тесалијците и тука нема што да се објаснува дополнително. Што се однесува до вториот дел (суфиксот „ника“), некој можеби веднаш ќе забележи дека тоа е „грчки збор“, именка, што значи „победа“, па оттаму целото ова име е „грчко“. Но, дали навистина е така? Како прво, зборот „ник(а)“ е доста застапен и во современиот македонски јазик, но не како посебна именка, туку како суфикс и (во голем број случаи) го има истото значење како и грчката именка. На пример, именката „работник“, претставува сложенка составена од именката „работа“ и суфиксот „ник“. Оттаму, етимологијата на именката „работник“ е „тој што владее со работата“. Етимологијата на именката „волшебНИК“ е „тој што владее со волшепството“. На ваков начин етимолошки можат да се објаснат и други именки: цариНИК (тој што владее со работата на царината), коњаНИК (тој што владее т.е. јава коњ) и други.

Суфиксот „ник“ се користи и за друга намена, каде што исто така има слично етимолошко значење: свињарНИК (место каде што доминираат свињите), рибарНИК (место каде што доминираат рибите) и сл.

Откако го објаснивме значењето на суфиксот „ник“, некој можеби повторно ќе забележи дека тоа, сепак, по потекло е „грчки суфикс“, кој ние Македонците сме го прифатиле од грчката именка „нике“.

Но, ни ваквата забелешка нема да биде на место. Имено, познато е дека именки во кои е содржан овој суфикс (со идентично значење како во македонскиот јазик) се среќаваат и во други словенски јазици. Во хрватскиот (дјелатНИК, привредНИК), во српскиот (ратНИК), во рускиот и други. Па како можеле припадниците на овие далечни народи да го „примаат“ овој суфикс од Грците и да го вкоренат во својот секојдневен говор, кога се знае дека тие во минатото немале апсолутно никакви помасовни контакти со Грците? Познато е дека зборови заемно се прифаќале и се прифаќаат од еден во друг јазик, но тоа е само кај народите што граничат меѓусебе. Оттаму, излегува дека попрво овој збор Грците го прифатиле од предците на Словените, а потоа останал како именка во грчкиот јазик, додека во македонскиот и во другите словенски јазици главно се задржал како суфикс, иако значењето останало исто. Постојат грчки антички сведоштва според кои Грците прифаќале многу зборови од туѓите јазици (конкретно од македонскиот, но и од други „барбарски“ јазици). На пример, античкиот автор Атенај од Наукрат јасно истакнал дека токму атичките (атинските) автори примале зборови од Македонците.

Пишувајќи за постоењето на туѓи зборови во грчкиот јазик, Атенај пишува:

„Знам исто така дека многу атички писатели користат македонски идиоми како резултат на големото меѓусебно влијание помеѓу Атика и Македонија“. (“Deipnosоphists“ III. , Loeb Classical Library, William Henemann, London p. 201).

Дали и именката „нике“ била еден од ваквите зборови, останува да покажат идните истражувања.


Фала Трн, одлично објаснување.

Интересно е дека хроничарот Теофан го нарекува Солун “великиот Илирски град“.

warning.gif

 
Нике (победа) е можно да има и корен во македонскиот јазик, затоа што некој победен е “ничкосан“, го победи или го Ничкоса, срушен на земја е ничкум, но можеби и зборот “уништен“, “ништење“ има некаква врска со зборот Нике (Ниче).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom