Јанша призна: Словенија е пред банкрот (Протести во Словенија заради штедните мерки)

Накратко:

Словенечките банки не можат да ги наплатат долговите од осум милијарди евра, а тоа е петина од БДП.
Словенија нема финансиски капацитет да изврши докапитализација на загрозените банки.
Државата има потреба да се задолжи за да ги врати долговите и каматите во висина од две милијарди евра, но е оневозможена да го стори тоа.
Сходно, сакаат да продадат државни обврзници во октомври во висина од 1.5 милијарди евра, а ако не успеат - банкрот.
Се надеваат Европската централна банка ќе ги извлече со тоа што ќе ја ублажи монетарната политика додека не се средат. Тоа е "големата позадина".
 
Дефицитот голем, значи повеќе троши, од колку што прибира од даноци и други приходни ставки. Државниот долг значи колку се на вересија пишани досега од инди планирани приходи.

Нешто ми е матно со ова банкротиве, овде нешто има во позадина во светски рамки.

Асоцирај некако да видиме што ти е матно.

Ја па воопшто не разбирам што се случува.
 
Абе реално, од финансиската криза во Америка, ние доста ќаривме... пример, горивото ни беше доста поефтино.

Се прашувам дали банкрот на Грција или Словенија или билокоја земја, ќе предизвика турбуленции на светско ниво со што би паднала цената на нафтата...
Едино ако доларот падне или ОПЕК се распадне. А банкротот на ГР или Сло, не ни одговара баш.
 
Ако се паметни ќе одат со исландското сценарио и ќе почнат да работат како секој поштен свет, а не од дрвосечачи да стануваат банкари.
Односно не можат да одат до крај со тоа сценарио од причина што имаат евро наместо толар, ама можат да го остават банкарскиот сектор да пропадне или емигрира западно.
 
словенија ке банкротира само поради грција.... многу пари се слеваат за кредитите во грација а тие пари се собрани од сите членки на еу вклучувајки ја и словенија... мислам дека словенија има дадено околи 1 милијарда за спасување на грција ( не ме фаќајте за збор мислам дека е така ) но за нив тоа моменталн оизгледа премногу.. фактички излага дека словенија помага за да опстои друга држава а со самото тоа паѓа у исти гомна... ова е тек почеток на некои работи како понатака ке се развиваат - ради грција многу работи ке се променат тек допрва
гејлада банкрот , Словенија банкрот , Татаристан бега од еврото .. а ние со сите сили сакаме унатре .. fuck logic ?
татарите се паметни ај ти.... несакаат да го прифатат еврото заради моменталната ситуација што се дешава со економијата.. ако го прифатат еврото на тој начин они ке изгубат многу и паметно играат... моментално немора да го прифатат еврото.

п.с leandra - касно ти го прочитав текстот.. кај што се нема пари се има револт - кај што има револт има протести штрајкови и граѓанска непослушност - кај што има толку незадоволсто и граѓанска непослушност можни се немири - тие немири во многу случаеви прераснуваат во војни.... ( барем ја така мислам што и немора да значи дека е така )

мене ова ми држи некоја логика е сеа ако има и некое др објаснување кажете
 
Crazy in Love: За Словенија да собере пари и да ги отплати каматите/долговите -- задолжени се до балчак -- мораат да продаваат државни обврзници.

Проблемот е што каматите за словенечките десетгодишни обврзници се огромни, поголеми се од шпанските. Затоа постои опасност никој да не им ги купи или пак не доволно да им купат и да не ги соберат потребните сретства.

Со оглед на тоа што ЕУ/еврозоната се нестабилни, сметаат дека најлесно можат да ги продадат на Американскиот пазар.

Сето тоа ствара притисок врз Европската банка да интервенира и таа да ги купи и/или на друг начин да интервенира (како да интервенира, тоа е друго прашање). На Европската централна банка се гледа како на спасител, но таа не е семоќна, ЕУропскиве паразити се презадолжиле до таква мерка, вкл. едни од други, што едноставно ги нема тие сретства се да се покрие. ...
 
Не сум толку добро економски поткована, затоа и ќе прашам што би донело ова?

Евтини кредити на шпанската влада со еден збор, ако ЕБ купи обврзница во Шпанија дава свеж капитал на шпанската влада за да може да ја раздвиже економијата, но тоа значи дека ЕБ е сигурна дека Шпанија има капацитет да ја опорави економијата и нејзината обврзница е ликвидна, т.е утре-другиден кога ќе ја продава истата ќе има поголема вредност.
Во моментов најверојатно тоа не е така и Шпанија се буни околу тоа и мора да зема кредити од ММФ со дебели камати за да ја одржува некако економијата.
 
Нешто ми е матно со ова банкротиве, овде нешто има во позадина во светски рамки.
Европски рамки повеќе. Сите држави од континентална Европа ќе станат зависни од германските пари и германските банки.
 
Им ја нема златна Македонија за една машина за перење, цистерна вино да им дава.
 
Словенските медиуми не велат ништо, не фаќа репетиторот од зад Карпатите до Словенија.
*
Инаку, симптоматично делува сето ова со банкротирањава. Ко да не постои држава што не банкротирала, или нема да банкротира. Освен една која стабилно се држи. Почнува со Македо а завршува на нија. Прилично стабилно делува, за разлика од соседите и сите земји кои колку - толку гравитираат кон неа. Сите банкротираа полека, полека, полека.

Ако Словенија банкротира, јавно ќе побарам да ме спалат на клада. Пред Ристиќева.

Скоро секоја држава банкротирала во својата историја али тоа е неважно,

Во моментов единствените држави кои се пред банкрот се Европа и САД и тоа поради многу еднoставна причина.Купување на социјален мир преку дигање на стандардот на живеење превисоко со пари од буџет.

Социјализмот секогаш пропаѓа кога ќе ги потроши туѓите пари.Европа за 10 години ќе го вика истото што сега го вика мнозинството во Македонија.

"Ах што ни беше убаво во ЕУ/Југославија"

Во ниеден момент не сваќајќи дека тоа убаво живеење ги доведе на дерењето.
--- надополнето: 6 септември 2012 во 00:51 ---
Европски рамки повеќе. Сите држави од континентална Европа ќе станат зависни од германските пари и германските банки.

Единствената причина поради која Германија и Франција не се во банкрот се регулации и протекционизам.

Двете земји веќе 2 декади работат на тоа целосната индустрија да ја сотрат во остатокот од Европа за нивните држави да станат најмоќни.Сакаат да правата некакви империи кои ќе ја имаат судбината на сите претходни обиди .Ќе завршат во пепел.
--- надополнето: 6 септември 2012 во 00:53 ---
Не сум толку добро економски поткована, затоа и ќе прашам што би донело ова?

Ќе ги распалат печатниците и за една декада сите Европјани ќе бидат како Југословените во 80 и 90 тите.

МИЛИЈАРДЕРИ
 
На повидок е распадот на Еу и среќен сум што не станавме и нема да станеме дел од курвата Еу
Да даде господ полошо,поболно и погадно од Југославија да се распадне.
 
Единствената причина поради која Германија и Франција не се во банкрот се регулации и протекционизам.

Двете земји веќе 2 декади работат на тоа целосната индустрија да ја сотрат во остатокот од Европа за нивните држави да станат најмоќни.Сакаат да правата некакви империи кои ќе ја имаат судбината на сите претходни обиди .Ќе завршат во пепел.
Можеби ќе завршат како сите досегашни обиди, ама мора да се признае дека ова е многу попаметен обид за воспоставување хегемонија од предходните. И со поголеми шанси да успее.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom