За да се почне мал бизнис, нетреба којзнае колку пари. Треба идеа и треба работа. Многу работа. Конкретно, јас имав хоби кое решив да го работам малце посериозно и да го претворам во бизнис. Инвестирав малце.. 500 евра. Инвестицијата си ја вратив за два месеца. Првите 4-5 месеци се утепав од работа.. значи по 14 саати на ден, некогаш и повеќе. Ама клиентите си идеа, и тоа сите по препорака на некој претходен. Сега имам еден вработен кој зема пристојна плата за времето кое го поминува на работа, плус останува добар дел за мене.
Имам две правила, кои ако ги почитуваш, ќе ти тргне:
1. 25% од месечниот прилив тргај на страна за да покриеш месеци кога нема да има многу работа или да имаш пари кога ќе треба да се ре-инвестира
2. Задоволен муштерија =10 нови муштерии.