Модерно ропство

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Service aut nascuntur, aut fiunt - велеле старите Римјани. Робовите или се раѓаат или се создаваат. Мислите дека ропството е историја?

Атоми,електрони и многу празнина...Многу...Живот со пола здив, ранета самопочит, не можеш да им ја наслушнеш самодовербата, недоволни за да егзистираат како луѓе...

Животот им е бавен, смртта уште повеќе...

Зарем Бог не создал како роботи бе мајката или како човечки суштества? Зарем нашата вредност е во тоа колку тули можеме да носиме на својот грб во текот на еден ден?

За многумина Индијци, Африканци, Латиноамериканци, Европјани од истокот, за сите нив, за околу 30 милиони луѓе, ропството е реалност.

Модерните видови на ропство можеме да ги сретнеме во градежништвото, секс индустријата, гастрономството, текстилството, домаќинствата...

А имаш и опции, замисли!

Некој да те продаде, сам да се продадеш или да се родиш како таков – роб.

Дали знаете и дали сте слушнале дека големите McDonalds, ја подржуваат експлоатацијата и искористувањето на дечињата во своите погони за производство на играчки. Во Кина, во посебни зони, овие дечиња работат и по 16 часови дневно, седум дена во неделата, за 1,5 долар на саат за производство Snoopy, Winnie the Pooh и Hello Kitty.

Кое лицемерие, еј?

Изнудуваат детски насмевки на едната страна, на сметка на детските солзи на другата страна.

Мислите дека ропството е таму некаде далеку?

Неодоамна Дојче Веле пренесуваше за случката во еден етиописки ресторан среде Берлин.
Јадењето било секогаш одлично,гостите задоволни. Но се прашувам дали воопшто знаеле дека во кујната работела една Етиопјанка, од рани зори до длабоко во ноќта, која не разбирала германски, потполно изолирана од надворешниот свет и за сето тоа, за година и пол работа добила се на се 500 евра (помалку од едно евро на ден).

А мислите дека во Македонија го нема?

Зарем не сте слушнале дека во конфекциските фабрики во Македонија се врши постојан притисок, урлање, искористување на нашите луѓе? Дека им се кинети и по илјада денари и од така бедната плата на оние кои ќе одат во WC , повеќе од три пати во денот? Дека си постои специјално човек за тие ствари кои запишува дури и колку време се задржуваат таму? Дека се работи од сабајле од 6 до 18 со постојани понижување, со манипулирање на законите и нивно вртење во своја полза? Дали знаете дека еден инспектор се поткупува со една кошула?

За нив сигурно знам, за останатите гранки оставам на вас.

И сеа иако мразам морам да генерализирам.

Општествените системи се комедија, ропството е легално (некаде е суптилно, некаде е апла), но секаде постои во комбинацијата сиромаштија и агресија.

Еве да тргнеме од себе си. Ни се водиме како слободни, но си ја продаваме душата да речеме на банките (финансиско ропство). Можеш и овде да бираш ако сакаш, па да бидеш еден од робовите на банките, на државата, на лихварите, на медиумите и да се давиш во заеми, долгови, бесконечни кредити...

Секое едно општество се смета за цивилизирано, но сепак се базира на искористување на послабите за лична добивка.

Или пак сме робови на комфорот и комодитетот?

Зарем не сносиме директна одговорност со нашиот статус на консуматорско општество и ненаситни потрошувачи? Зарем не придонесуваме кон тоа со вишокот на храна, вишокот на технологија, брендирана облека...?

Се надевам дека ќе се најдат некои од вас кои ќе ги погледнат и не така долгите видеа:

 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Секој ден прекувремено до 15, некогаш 17 часот, од 6 сабајле.
Годишен одмор од седум дена од кои два наместиле да се паднат викенд, а еден празник, ко ќе видиш само три дена работни одмор.
За 8ми септември на работа.
На 16 во Недела на работа.
Секојдневно угнетување, дерење над глава, газдата никогаш задоволен.
Плата 10.000 ден. максималната.
Ова се случува во една текстилна фабрика во Тетово.
До сега некој да дигнел глас = 0
Но понекогаш си велам малку им је. Кога има овци ...
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.681
Поени од реакции
4.420
Секој ден прекувремено до 15, некогаш 17 часот, од 6 сабајле.
Годишен одмор од седум дена од кои два наместиле да се паднат викенд, а еден празник, ко ќе видиш само три дена работни одмор.
За 8ми септември на работа.
На 16 во Недела на работа.
Секојдневно угнетување, дерење над глава, газдата никогаш задоволен.
Плата 10.000 ден. максималната.
Ова се случува во една текстилна фабрика во Тетово.
До сега некој да дигнел глас = 0
Но понекогаш си велам малку им је. Кога има овци ...
Тоа е бе друже овци насекаде.
Никој не ти дава ако не побараш.Никој не ти отвара врата ако не тропнеш.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
1.Ропството следи од причинско последичните врски....немање слободна воља со други зборови.
2.Слободната воља не е производ на материјата(нејзин епифеномен).
3.Ропството е уствари држењето на луѓето несвесни(без слободна воља).....тук там по некој Буда, еден на 1000...тие се слободни.

Има и робови пуни со пари, има и робови(стварно робови) :) aма ултимативното во Зен-от вика убиецот и светецот се едно те исто.....заспано човече.
"Уживањето" не е само во убаини, туку и во "лошотии".
Убиецот(проститутките, модерните робови) уживаат во бедотијата...си го играат својот дел во таа игра на причина и последица....они се немоќни се додека не ја надминат(http://en.wikipedia.org/wiki/Transcendence) свесно и не отидат "над" проблемот.
Исто и за оние со повеќе пари....уствари на нив ќе им е потешко, затоа Исус вика дека полесно ќе влезе дебело јаже во игла него богат во "рајот".....а рајот не е на небото:
Gospel of Thomas
Jesus said: If those who lead you say to you: See, the kingdom is in heaven, then the birds of the heaven will go before you; if they say to you: It is in the sea, then the fish will go before you. But the kingdom is within you, and it is outside of you. When you know yourselves, then you will be known, and you will know that you are the sons of the living Father. But if you do not know yourselves, then you are in poverty, and you are poverty.
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Forrest Gump
Точно е, во право си. Но, што да се прави? Знаеш некој излез, некое решение за проблемот?
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Ќе цитирам една песна на еден македонски бенд:
„гледам робови на разните моди - пиони,
робови на она што доаѓа и си оди,
кои се раѓаат
и умираат
и кои, всушност, ја откриваат,
правата слика и одлика на човечкиот пад....“.

Се чини дека фали храброст. Но, луѓето се притиснати од егзистенцијални проблеми (читај: да однесат храна на трпеза дома), па затоа нејчесто го премолчуваат однесувањето на надредените - однесување слично на офицери пазачи во концентрациони логори....

И јас не мислам дека причината е исклучиво „надворешна“ - поговорката гласи „дај му на човек власт и ќе видиш каков е навистина“... секој кој, кога се добрал до една ронка привилегии, престанал да се однесува човечки (како кон еднакви на себе - по природа и личносност) кон оние „под него/неа“, всушност, само покажува колку корумпирана може да стане човечката душа....
Жалосен е човекот во спротивностите - може да е повисок од ангелите, ама и поподол од демоните....
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Не ми е јасно како може да газдите до толку да немаат душа,па не се ли они луге како сите други,немаат ли и они фамилија па да се запрашаат како би им било на нив и на нивната фамилија да се во таква ситуација.
Ех какво лицемeрие постои во светот :(
 
2

~2A

Гостин
Интересно, никој работник не е задоволен од својата работа.Зема 9 илјади и си вика: камо да земав тро фазла барем 12тина илјади се ќе беше во ред.
Вујко ми ми вика: Колку повеќе земаш,толку повеќе трошиш!
Но,сепак се е до карактерот кој како си ги планирал парите,некој си штеди,некој сака да троши/лудува и сл.

Никој не те тера сосила да работиш,ако ти чини ќе одиш.Секако!Ти немаш друг избор, татко ти и мајка ти немаат сопствен бизнис или да те финансираат секогаш,па мора да бараш начин да заработиш пари.Сопственикот на некоја фрима си поставува услови ако ти чини арно,ако не друг ќе се најди.Што значи со работењето на 12-14 часа дневно си го продаваш здравјето,исто така во нашава држава и нема некоја работа на државно сето е со пријателчиња ако некогаш се отвори место,сето е приватизирано.
Грцине зошто се насочија кон текстилната индустрија?
-Па овде работниците земаат многу помалце плата заразлика од Грција (моментално е во економска криза) но сепак за нив паметен потег.

Мораш на некој начин да се снајдуваш во животот,да се бориш да преживееш па можеби еден ден ќе ти падни на лото и ќе видеш бел ден.:icon_mrgr:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Донеси го народот до просјачки стап и потоа води го. Најлесно е да манипулариш сиромашен и гладен човек. Одлично им оди насекаде низ Свет и во Македонија.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Forrest Gump
Точно е, во право си. Но, што да се прави? Знаеш некој излез, некое решение за проблемот?

Зарем ќе молчиме? До кога? Еве се потрудив да дадам можна солуција. Мислам дека сме станати потрошувачко општество, али сето тоа ни е наметната ствар. Ние имаме развиено синдром, а тоа е потребата од зависност. Значи денеска постојано не убедуваат дека ни треба нешто, што уствари не ни треба. Да имаме потреба од технологија, али зарем до толку? Ајфони, ајподи, тачинзи, зарем не е превише? Сето тоа се одразува како батерфлај ефект на другата страна од светот.И тоа ми се чине е ропство по сопствен избор. Во Македонија постои и тоа, но мене срце ме боли за оние кои се робови на државата ( плаќајќи и даноци), на банките( кредити),јадење и тоа е тоа. Да он постои како слободен човек, но кога ќе сумираш се остануваш со прашањето дали навистина е слободен, нели?

Не дека некогаш е било подобро, али се се сјеба ми се чини од како се внеле парите во игра. Имаме економисти на форумот, можат да се сложат или да дообјаснат. Порано се знаело, моќта на една држава (поединец како год да е) била базирана на благородни метали (злато пред се) и економската моќ била баш онолку колку имало злато и сребро без простор за манипулации, без разлика во монетарната вредност и во случај на пропаст на државата златото се топи и се претвора во нова валута со стандардна тежина.

Проблемот настанал кога одредени фамилии се толку обогатиле, шо веќе не е практично купувањето со злато. Богатствто само по себе ја наметнува потребата за моќ, па да речеме кога тој типац би сакал да купи одредена земја,област, држава, сигурно нема да праќа сто коли злато.

Нели?

И така се внесува хартијата во игра, а вистината е дека дали биле 10 или 100 евра нема врска, разликата е во тоа само како се они договориле и колку нули има после единицата.

И врти сучи доаѓаш до државата или до нејзината влада која никако не е во фазон во служба на народот, туку се преобразува во владетел кој уствари го диктира сето тоа. Ситуацијата е толку алармантна, шо веќе не правиме збор за поедини случаеви, тука за цела класа на луѓе.
 
В

Вештерот

Гостин
Интересна тема. Сега засега ќе се воздржам од некои подлабоки дискусии, но ќе те поправам дека ова не е модерно ропство. Ако направиш муабет со постари луѓе кои работеле како работници во нашите фабрики на времето пред 30-40 години ќе слушнеш слични приказни како во третиот филм со кинезите. Еве на пример што ми имаат мене кажувано. На хартија ги имаш сите права, но во пракса имаш невозможна норма која можеби ќе ја постигнеш со многу прекувремена работа, повреди на работно место имало коку сакаш, луѓе останувале и без раце на машините, работеле во многу високи температири, имало и садисти шефови, па местенки, па глупости. Тогаш немало интернети и телевизии за тоа да се сними . Значи не е ништо ново.
Инаку тој Кинезот во една реченица си кажа се што треба Because they are easy to manage.
 
W

Werther

Гостин
Народот е глуп со него се се може.Да би не следеле нас треба да му се сервираат позитивни и негативни пароли - Адолф Хитлер
 

Kajgana Shop

На врв Bottom