Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.249
- Поени од реакции
- 12.261
....
Само да прочитате што мислам дека е точно во врска со она „фрлање клетви“ и не знам што ли не веќе и како работи еден магичар. Преземено е од овде, ако сакате целосно да прочитате.
„Ние немаме ништо со нижиот волшебник, кој се продава себеси како роб на некој “ѓавол”. Тоа е антитеза на магиката. Целта е да се заповедаат духовите. Добро, тогаш да претпоставиме дека почнуваме на еден глуп, себичен и алчен начин т.е. се обидуваме да ги натераме духовите да ни донесат злато. Го призиваме Хисмаел, Духот на Јупитер. Ништо не се случува. Дознаваме дека со Хисмаел командува неговата соодветна интелегенција Јофиел. Затоа го повикуваме Јофиел, кој се покорува единствено на наредбите од Сахиел. Иста е приказната со Сахиел. Одиме до архангелот Цадкиел. Пак нема фајде, зашто Цадкиел, не му се покорува никому, освен на Ел. Добро, го повикуваме Ел, Господ. Тогаш мораме да станеме Ел, и откако сме го направиле тоа, откако сме влегле во таа огромна божествена суштина, неможеме повеќе да се грижиме дали имаме пари или не. Сето тоа сме го оставиле зад себе. Така гледаме дека за изведување на некое чудо мора да имаме божествена причина.“
Мислам дека сум доволно јасен. Можете да продолжите со муабетите...