Протести против поскапувањата на струјата, парното, бензинот...животот! [вторник, 18 ч.]

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Колку што знам темата не е да се судиме кој од која партија е туку секој има право на свое мислење. Не сум партиски определена затоа што мене ниедна партија не ми донесе леб на маса а не ни сакам. До сега сама сум се снаоѓала може сум работела за 8000 денари и сум рмбала како коњ ама знам мои се со моја пот заработени. Кога ќе бидете добро организирани како што кажуваш ќе ги организирате и другите градови на протести. Еден човек со различно мислење од другите и не може многу за тоа треба луѓето да станат посвесни. Ти и само ти да одеше на протест што ќе изменеше ако до тебе нема барем неколку илјади со исто мислење.
Па инаку, не ти стави човекот етикета.
Политичка идеологија нема врска со политичка партија, не знам зашто секогаш тие работи се поистоветуваат. Тој само посочи според ставовите дека си левичар, а не дека припаѓаш на партија... :)
Правете разлика... :)
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Треба СВЕСТ то ест СВЕСЕН НАРОД а ова е РАЈА разликата се мери во астрономски единици.

Против кое ВМРО, на Љубчо,на гвујо,Бугарското???

Еве јас немам партиска книшка и еве ќе ти повторам шчо напраивме ќе почнам од ветената преродба, ветувањата за мед и млеко и резултатите....ПРВО и НАЈЛОШО

-ЛОБОТОМИЈА која помладиве ги однесе у пичку матер и ги направи морална беда, егоизам расипништво а постарите...си знаат они бар можат да споредат како е со една плата да живееш достоинствено па и да остане нешто ситно за заштеда(нели дрва, зимница, одмор бла бла)

-Никаков економски раст, напротив дојдовме до раст од 1 %:facepalm:

-Партизација и рамковизација на витални структури пред се безбедносни.

-Вработување на над 6000 Албанци кои не работат а добиваат плата и барем 1000-2000 "наши" кои исто така добиваат плата-тоа се паразити но ние не сме должни да ги плаќаме нарочитоо бидејќи не работат,чекаат постариве да оодат пензија или некој да добие мозочен или срцев удар па тогаш активно да мрднат со газот за плата.

-Зголемена невработеност која е вешто прикриена со ќебап факултетите и нормално кога над 94% се запишуваат на факултет, тие не се сметаат за невработени(по формула) имај предвид дека во тие 94% има шуто, сакато, рогато ама сите сакаат да бодат-појако образоввание имаме и од Јапан вака по процентиве.

-30% сиромаштија што не категоризира како Африканска земја(поарно да се зачлениме во Африканска унија може ќе ќариме нешто) исто така над 34% невработеност.

-Евроинтеграција и НАТО интеграција.

-Удар врз медиумите и слободниот говор-ова го велат истите оние кои не фалеа за реформи ама сега е поинаку.

-константен раст на трошоците за живот без да се има предвид енергетската нестабилност и да се преземе нешто(еден Козјак и Матка се и ТОЛКУ ама барем не се споменици!!) а ваму РЕК битола работи за Грција од мазутот кој се обврзавме да го купиме така да пак не дупат не е важно кој потпишал договор,кој продал ЕДИНСТВЕНА рафинерија во една држава.

-Странски директни инвестиции од ветени милијарди едвај 2-300 милиона успеваме да привлечеме а Бугарија оди над 2 милијарди па уште после членството во НАТО мислам одма СДИ достигнаа 2 милијарди,со Албанија е слично и таму има невиден раст.

Ова НЕ Е ПРОТИВ ВМРО,всушност и ова ВМРО-ДПМНЕ нема никаква ВРСКА со вистинското ВМРО-ова се ФАКТИ кои важат за сите нас во ова поднебје.(денешно ДПМНЕ дури и нема право да го злоупотребува името ВМРО-доволно го изругаа со тоа што имавме премиер бугарин а сеуште е почесен претседател на ДПМНЕ и после декади Бугарите ќе речат еве гледате каквото това имало Блгари, дури и премиера им е бил Бугар).

Нив им е гајле за нас а да не зборам за топлификација и нивните методи.

Сумирано се на се тонеме,пумпите откажуваат а Ајкулите кружат околу нас се спремаат епа сега ти види.

-
Ова ВМБЛО нема врска ни со ВМРО од 90 до 04 ги избркаа старите членови се собра шлајмот од сите партии и сега тие се на позиции во ВМБЛО ЛИГУШКА.
 
vaga1985

Разочарена од се
Член од
30 јули 2011
Мислења
1.564
Поени од реакции
418
Не е битно што сме, кај сме, што правиме, од што заработуваме, битно е да се бориме против неправдата што ни се нанесува. Време е да кажеме стоп и да престанеме да бидеме слепи. Да престанеме да не прават будала на здрав памет. Време е да се престане со поскапувањето за доброто на целиот народ. Ако досега наоѓавме излез и решение за секое поскапување со што е можно повеќе штедење сега време е да измислиме ново решение а тоа е да се престане со поскапувањето за да можеме да живееме.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Колку што знам темата не е да се судиме кој од која партија е туку секој има право на свое мислење. Не сум партиски определена затоа што мене ниедна партија не ми донесе леб на маса а не ни сакам. До сега сама сум се снаоѓала може сум работела за 8000 денари и сум рмбала како коњ ама знам мои се со моја пот заработени. Кога ќе бидете добро организирани како што кажуваш ќе ги организирате и другите градови на протести. Еден човек со различно мислење од другите и не може многу за тоа треба луѓето да станат посвесни. Ти и само ти да одеше на протест што ќе изменеше ако до тебе нема барем неколку илјади со исто мислење.
Не, не неколку илјади со исто мислење. Неколку стотици илјади со исто мислење. Само така би можело да се стави до знаење дека на народот нешто навистина му пречи во политиката која се спроведува во државата, независно од тоа кој во моментот ја тера таа политика, а кој е во опозиција. Секоја друга помала бројка на оние што протестираат може да и се припише на опозицијата и на тој начин да се обезвредни (теоретски е можно, секоја од двете главни македонски партии на улица - на митинг/протест да донесе 100.000+ раја) . Е сега, тоа што кај нас најчесто е проблем, на непартиска основа, да се соберат и 500 души, тоа е друга работа. Оти сите кукаме дека немаме, дека е скапо, дека е лоша живејачката, а никаде не нема, или ако не има на прсти можат да не избројат.
Зошто некој би не сфаќал сериозно? Всушност, зошто некој би се заморувал со желбите на неколку стотици луѓе, кога 2 милиони си седат дома и не мислат да излезат надвор. Кој и да е на власт, во ваков случај, само ќе ги крене рамениците, ќе рече дека не можат сите да бидат задоволни, и ќе си продолжи по старо.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055

Учествуваш ?
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
200 000 влезени со партиска книшка *4 члена семејство = 800 000 луѓе молчат ако треба и нуклеарка над глава да им падне.
Малцинствата испаѓаат само ако станува збор за етнички тензии и посебни барања за човекови права.
Остатокот пензионери и земјоделци.
Таман е цифрата на излезеност, вклучувајќи ги младите на размена и заминати во странство.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Учествуваш ?
Бев надвор за случајот со децата пред Велигден, и за протестот за поскапувањето на струјата пред некое време, во Скопје. Толку.

200 000 влезени со партиска книшка *4 члена семејство = 800 000 луѓе молчат ако треба и нуклеарка над глава да им падне.
Малцинствата испаѓаат само ако станува збор за етнички тензии и посебни барања за човекови права.
Остатокот пензионери и земјоделци.
Таман е цифрата на излезеност, вклучувајќи ги младите на размена и заминати во странство.
Епа, тогаш, чорба. Ништо од протестите без многу раја. Ќе чекаме нуклеарка :)
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Бев надвор за случајот со децата пред Велигден, и за протестот за поскапувањето на струјата пред некое време, во Скопје. Толку.

Не мислев така.Требаат луѓе за организирање правење општински организации и промоворивање.

И така мислев за некој ден да отворам нова тема али ај и тука ќе напишам.

ПРВО ДА ЗАМОЛАМ ДА НЕ БИДЕ ЦИТИРАН ПОСТОВ ИЛИ ДА МИ ОДГОВАРАТЕ ЗА СЕ ШТО ТРЕБА ПИШЕТЕ МИ ПОРАКА

На форумов има еден куп "револуционери", "незадоволни","желни за промени" .Еве ви го моментот да се приклучите и да пробате да смените нешто.

Секој кој е заинтересиран нека ми пише ПП ќе му кажам кога и каде се собирите на организаторите или ако е заинтересиран да почне своја регионална организација ќе му биде понудена помош.

Ќе почекам до следниот протест или 6 дена и редовно ќе пишувам колку ново пријавени има.Имиња или каков било индикатор на кој се пријавил ќе биде изоставен ( освен ако самите не сакате ).Да видиме колку навистина од вас сакаат да има промени а не им е само тоа уште една причина за жалење.

БРОЈ НА ПРИЈАВЕНИ ДО СЕГА : 0

се што треба за да се пријавите е лево да стиснете на мојот ник и да ми пратите порака.Ќе ве информирам понатаму јас за се.

Патем највеќе ме нервираат сите конзервативци,слободари (libertarians ) и стари членови на ВМРО кои оставаат протестов да биде превземен од страна на левичарите додека они само седат на страна и гледаат.

На форумов ве има доста и очекувам барем 1-2 да се пријават иако се под 10 ќе биде срамота..

.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Имаше договорено кајганаџии за протестот вчера?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Не сум во тек, денес ќе има протест во 18 часот?
Сигурно ќе има.....
Сигурно, јас, моето Семејство и повеќе мои Пријатели ќе бидеме таму..
Скопје пак ќе ечи: Лопови, лопови, лопови.....
 
Член од
4 јули 2012
Мислења
87
Поени од реакции
69
Дел од синдикатот даде поддршка за АМАН. Конечно по неколку седмици прозивање,Синдикатот на управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани се одважи и отворено застана зад иницијативата со протести да се натераат надлежните да интервенираат за намалување на цената на енергенсите кои во последниот месец дојдоа на незапаметено високо ниво. Членовите на УПОЗ ќе учествуваат на утрешниот протест. Овој гранков синдикат пред десетина дена побарал од претседателот на ССМ да свика вонредна седница на која Претседателството ќе изгради став со заеднички барања на сите синдикати здружени во ССМ.

Граѓанската иницијатива „Аман“ денеска до Собранието достави иницијатива за одржување надзорна расправа во комисијата за економски прашања. Бараат членовите на Регулаторна да го објаснот начинот на пресметување и методологијата на формирање на цените.

Скокот на цените ги погоди и стечајците. И тие даваат целосна поддршка на граѓанската иницијатива.

Аман утре пак ќе излезе на улиците на Скопје и на поголемите градови во Македонија.

Засилување.
 
С

Сибињанин Јанко

Гостин
Денеска во Куманово се собраа околу 250 граѓани. Од нив само 20-тина млади, а останатите пензионери и стечајци. Мизерна бројка, ако се земе во предвид дека поскапувањата ги засегаат сите слоеви на општествената пирамида. Туку зборот ми беше.

Младината е стожер на промените. Гоце Делчев во своите дваесети години беше водач и организатор на македонското револуционерно движење. Стив Наумов на свои 22 години загина во борба против фашистичкиот окупатор. Јан Палах, студент на филозофија од Прага, се самозапали во протест на инвазијата врз Чехословачка од страна на земјите на Варшавскиот пакт. Слава им. Си го дадоа животот за едно подобро утре.

Што имаме ние? Аморфна младина од чија усна излегува дефетизам и апатија. Колективна анестезија. Исклучен мозок, вклучен компјутер и телевизор.

Се пражувам дали небото ни е лимитот со вакви освестени индивидуи? Дали зборот иднина значи воопшто нешто?

Здраво млади. Каде сте? Во глувчешка дупка?

Во главата ми одѕвонуваат зборовите на Мартин Лутер Кинг: „Our generation will have to repent not only the words and acts of the children of darkness but also for the fears and apathy of the children of light.“
 
Kajgana Shop

На врв Bottom