- Член од
- 22 февруари 2007
- Мислења
- 7.076
- Поени од реакции
- 1.940
Кажи ми како да реновираат? Јувентус од 92-93 некаде почнаја со идејата да градат стадион, преку 10 години им требаше да се влечат со бирокративе за да добијат право да го изградат.Не баш, последно оправање на терени беше за светското 1990. После тоа беа добри ама поминаја 20 години а ретко кој нешто реновирал.
Каљари е константно саботиран околу доправките на стадионот. Цела среќа шо постојат луѓе како Челино со воља да напрат нешто.
Лацио мислам дека има почнато со некоја идеја да гради стадион арно ама и таму мислам не им одеше којзнај колку подмачкано. Плус Лотито е скрос матен тип па... ќе видиме шо ќе излези.
Удинезе имаат во план да доградваат трибина место оние насипите кај шо има столчиња како пред 80 години . Оти стадионот е беда и изгледа како тумбе кафе
Интер имаја некакви планој и мислам полесно им оди со подмачкување на бирократите ама во следните 5 години не гледам дека ќе изват стадион.
Значи Фала богу има желба барем кај некои тимој ама и државата ги заебава до макс.
Торино го имаат лапнато Олимпискиот стадион во торино кој и не е така лош (тазе е реновиран за олимпијадата 2006) ама капацитетот е мизерија 28к
Среќа шо некои тимој како Бари, Наполи барем имаат бетонски чудовишта од стадиони со ненормален капацитет, само кој да ги одржава и за то нешто не им се фрлаат пари.
Од останатите тимој едино Наполи, Милан и Рома ако се малку од малку поспособни да изградат стадион (не од свои средства туку да привлечат некој инвеститор), се останато е катастрофа.
Врв на мизеријата е ДалАра мислам. Стадионот е од 20тите а да кулата шо личи на железничките станици низ македонија. Тука не го клавам стадиончето на Новара шо имаше монтажни трибинчиња како од тренинг камп.