Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Малце тивко е на темава пошто немаме ЕПЛ меч викендов.
До сега сме 3од3. 9 бода.

Лани во ЕПЛ единствени екипи што имаа 9бода на крај на Август беа Јунајтед и Сити.
 
:love: Ај те разбирам,и јас сакам да го видам тој Ел Нињо ама се попесимиста сум. Ако не се разбуди сезонава на лето слободно може да си оди.

Колку треба да се разбуди? 3 голови во 5 утакмици, последната само тој мрдаше.
Нему треба некој да му мести. Значи тој е напаѓач, дали ќе го сфатите тоа некогаш?
 
Според некој информации од Јужна Америка,Челси има пред договор со Фалкао.Како што пренесуваат медиумите Челси има пред-договор со Фалкао и тој би требало да се приклучи на тимот од Лондон на 1 Јануари.Сумата е околу 60мил евра.Според DailyMail Челси имал пред-договор со Фалкао пред почетокот на СуперКупот?!?!

Некој со повеќе детали околу ова?
 
Fail & fake.
 
Инаку еве го и тимот што е регистриран за ЛШ:

GK- Petr Cech, Ross Turnbull, Henrique Hilario

RB - Paulo Ferreira, Cesar Azpilicueta,

CB - John Terry, Branna,Cahill, Luiz,

LB - Cole, Bertrand,

DM - Romeu, Mikel,

CM - Lampard, Ramires, Meireles,

CAM - Mata, Oscar, Piazon

LAM - Marin,

RAM - Moses, Sturridge, Hazard

CF - Torres
 
^ Зошто го избриша постот со знамето :D
Баш сакав да речам дека никој не познавам од сликаните таму од Кавадарци
 
^ Зошто го избриша постот со знамето :D
Баш сакав да речам дека никој не познавам од сликаните таму од Кавадарци
Не го избришав сам се смени. Ако имаш 3 поста по ред 3тиот доаѓа на место на претходните 2 :).
Тоа ви е кога никој нејќе да пишува :D
 
Колку треба да се разбуди? 3 голови во 5 утакмици, последната само тој мрдаше.
Нему треба некој да му мести. Значи тој е напаѓач, дали ќе го сфатите тоа некогаш?
Па тоа и јас зборам,дека не чекам од него асистенции,голови против Јунајтед,Ливерпул и такви тимови. Ме читаш ти во претходните постови или ? И голем кур ако мрдал,земи споредба со Фалкао типот од мртва топка за офсајд ни закачи гол.
 
Не знам кој кого не сфатил. Викам дека треба некој НЕМУ да му асистира за да дава голови. Негова работа е да ја дотурне топката в гол. Тој не е семоќен па ако игра срање цела екипа да земе од пола терен да ги издрибла сите и да даде гол. Затоа е и шпиц.
Торес е супер сезонава, може само хејтерски да се збори за него.
 
Чех​
Иванович - Кејхил - Тери​
Микел​
Мозес - Хазард - Мата - Марин​
Стариџ - Торес​
Вчера помислив на ова, ама не иде :D
 
Чех​
Иванович - Кејхил - Тери​
Микел​
Мозес - Хазард - Мата - Марин​
Стариџ - Торес​
Вчера помислив на ова, ама не иде :D

Ние со четворица во одбрана и двајца задњи везни сме дупе во одбрана, не па вака :)
 
Ние со четворица во одбрана и двајца задњи везни сме дупе во одбрана, не па вака :)

Ама бековите одат напред па после каснат во одбрана. Вака тројцата строго дефанзивни задачи ќе имаат, плус Микел.
 
Не знам кој кого не сфатил. Викам дека треба некој НЕМУ да му асистира за да дава голови. Негова работа е да ја дотурне топката в гол. Тој не е семоќен па ако игра срање цела екипа да земе од пола терен да ги издрибла сите и да даде гол. Затоа е и шпиц.
Торес е супер сезонава, може само хејтерски да се збори за него.
Ќе го хејтам ете кажав и погоре,за играч од 50 милиони и игрите што ги прикажа во Ливерпул ова е нула сега за сега 0. Ете Рвп денеска покажа што се тоа треба да се очекува од еден шпиц.Оти нели Торес е во таа класа?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom