Ветеринарно катче

Г

Гучи

Гостин
Има лоши навики и послабо развиено сетило за мирис тоа е се.Не и е ништо само не може да си одреди каде мокрела пред тоа и да мокри на истото место.Ќе ти прави бељи низ дома тоа е. :) При кастрирање не се јавуваат компликации ако зафатот е добро изведен.
Nope :) Инфекција на мочните патишта имаше, ја носев 2 пати на вет ја вакцинираа и сеа си моча нормално ;)
 
L

Ligeia

Гостин
Живеам во куќа и во двор чувам два мачори, едниот има три години, а другиот, малиот 4 месеци. Во подрум летово имаме наезда од глувци, т.е стаорци, веќе почнале и каблите да ги гризат, па татко ми денес купи отров, кој откако глувците ќе го изедат, се гушат, излегуваат на отворен простор и умираат. Се плашам мачорите да не изедат некој отруен глушец и да настрадаат. Досега само еднаш сум го видела големиот мачор да јаде глушец, инаку не ги ловат, не се замараат со нив. Дали може да ми кажете некој совет како да се отарасиме од глодариве, а да не им наштетиме на мачорите?
Најсигурен начин ви се стапици и рачно отстранување на глувците.Постојат исто така и отрови за глувци кои не содржат антикоагуланти и кои нема да наштетат на организмот на мачорите. :)
--- надополнето: 28 август 2012 во 18:08 ---
Nope :) Инфекција на мочните патишта имаше, ја носев 2 пати на вет ја вакцинираа и сеа си моча нормално ;)
Зборував за локацијата на мокрењето не за органскиот проблем.Мачките создаваат навика обично да мократ на исто место :) И како тоа ја вакцинирале против бубрежна инфекција?
 
Г

Гучи

Гостин
Зборував за локацијата на мокрењето не за органскиот проблем.Мачките создаваат навика обично да мократ на исто место :) И како тоа ја вакцинирале против бубрежна инфекција?
Незнам дали бубрежна инфекција било, али два пати по 2 инекции и стави позади главата :)
 
L

Ligeia

Гостин
Незнам дали бубрежна инфекција било, али два пати по 2 инекции и стави позади главата :)
:) Океј сигурно и дал антибиотици.Можеш да пробаш да и ставиш песок на едно место и да ја носиш таму почесто да мириса откога ќе се измокри.Има шанси да научи или да се навикне ако си малку поупорен да не ти прави бељи низ дома.:)
 
Не не, уште после првите инекции си е океј си иде у песокта..;)
 
L

Ligeia

Гостин
L

Ligeia

Гостин
Немет :))) Болен бил мацолот, а ја му се лутев што му текна да моча по саксии и лавабоа :D
Не си спомнал овде дека си го однел на вет,ја отворив темава по долго време и гледам прашања па почнав со ред да одговарам. :)
Де бре,вие двајца,милијарда известувања добив од вас :D :D :P
И од мене. :D
 
Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
3.041
Поени од реакции
2.130
Вака сеа , имам Лабрадор 6 месечен..се беше ок но пред 2 недели почнаа да му излегуваат брунчиња ..прво кога го однесов на ветеринар рекоа дека е само алергија , ништо страшно , но еве пак го однесов , и ми рекоа дека е нешто паразит , му даваа инекции , посебни раствори , го бањав со тие раствори , го прскам но ништо не поминува , има брунчиња по нозете а кога се чеша му пага и влакново и ко шуга да има ..смао на нозете задните..знае некој решение или? стварно кучево се отепува од чешење веке незнам што да правам..
 
Колку долго ја применуваш терапијата?
 
L

Ligeia

Гостин
има веке 4/5 дена некаде
Рано е,лекувањето на паразитските болести понекогаш трае со месеци.Треба многу упорност и трпеливост.Редовно чистење на околината заради јајцата на паразитите,редовна хигиена на кучето и терапија во спротивно се обновува целиот процес.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom