Внимание: Организации ограбуваат донирани средства!

Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Лево од овој линк се земјите каде ИХХ има соработка и свои представници. ВО ЛИСТАТА НИКАДЕ НЕ Е СПОМНАТА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ИАКО КВАЗИ-ХУМАНИТАРЦИТЕ СОБИРААТ ПАРИ И ОД НАШИТЕ ГРАЃАНИ!
Кој што собира не е наше да објаснуваме. Едноставно нашиот сајт, не сме учествувале, не учествуваме и не сме дел од никакви хуманитарни акции во наше едногодишно постоење. Сајтот е наменет за теолошки расправи и за академски докази од разни области, медицина, наука, теолошки сличности и разлики, преминувања и конвертирања на ислам на познати личности, видео материјал кој ги поткрепува размислувањата и постоењето на Бог, активности на разбирање на исламот, отстранување на било какви лоши појави во општеството кои кореспондираат со општественото разбирање на штетни појави и сл. Би учествувале и би помогнале се што му користи на општеството и немаме намера пред никој освен пред Бог да се правдаме за она во што веруваме а тоа е дека Исламот е најисправната, најчистата и Единствената вера на спасот. Ние сме дел од ИВЗ таму сме пријавени и плаќаме редовна чланарина со што се стекнуваме со правото да го преставуваме исламот онака како што најдобро знаеме според правилникот на ИВЗ. . Јас со вас МИР имав контакт преку една фејсбук група која ја напуштив вчера и поради немање солидна комуникација во групата и наместо теолошки се водеа дебати кои воопшто не беа корисни за разбирањето на било која религија. Немам време и немам намера со вас да дискутирам повеќе, и нема да дискутирам понатака се додека не ме избришете првин од вашиот ум, второ од вашите преписки и од вашите клевети. Клевета е едно , а критика е друго.Ова законодавецот го предвидел како кривично дело. Се надевам дека ме разбираш со какви методи се служиш и дека воопшто неградиш здрав однос.Инаку, секој бесрамен говор во исламот е забранет и верникот треба да го избегнува тоа. Еве како го дефинирал Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., верникот: “Верникот не навредува, не проколнува, не е бесрамен и бесчувствителен!”..Се надевам имаш и најмалку чувство за срам и најмалку чувство за тоа да небидеш бесрамен.Повеќе нема да коментирам на оваа тема.
 

MIR

Член од
25 август 2012
Мислења
12
Поени од реакции
17
Бисер, ти побарав некоја содржина за разговор, тука или во нова тема, сеедно, твој избор. Тоа што сте дел од ИВЗ незначи дека сте совршени во ~вистинските докази~, па ајде бујрум повели дијалог.
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=94E88A606F353342940C1D894B69AF96...
Муслиманите ја донеле чистотијата и се најчисти на светот..тврди авторот. Ајде Бујрум..ова Дневник го тврди..Чистотијата е наредена во една пустина каде имало недостаток на вода ,а толку е голем императивот на вода што неможе да се замисли еден муслиман денеска да е верник а да таа вода не ја КОРИСТИ ВО СЕКОЈДНЕВИЕТО . Денеска поради тоа гледаме дека се носат и кодекси во европа како БИДЕ и сл,со што само се потврдува КУранскиот Универзален повик на човештвотот дека Божјата објава е нешто што треба и е пожелно да се следи. Повели одговори на ова, убаво прочитај ја статијата и докажи со каква манипулација се бавиме, односно кој крие од светот за она што Исламот го донел...одговори, па потоа ќе донесам уште илјадници други докази.
 
Член од
22 октомври 2011
Мислења
404
Поени од реакции
115
Бисер, ти побарав некоја содржина за разговор, тука или во нова тема, сеедно, твој избор. Тоа што сте дел од ИВЗ незначи дека сте совршени во ~вистинските докази~, па ајде бујрум повели дијалог.
Mene za donacijata za srceto na Eva namesto 100 VIP mi zbrisa 1000 denari. Jebi ga si naviknal da mislis deka site humanitarni organizacii, asocijacii i slicno se lopovi. Za temava mislam deka mnogu lesno moze da se proveri vistinitosta, posebno na sud ( veruvam deka ce te dadat na sud), pa tamu nadmudruvaj se so fakti so posocenata organizacija.

Jas dijalog so manipulanti od tvoj kov bi vodel edinstveno pred nekoj istrazen organ.;)
 

MIR

Член од
25 август 2012
Мислења
12
Поени од реакции
17
Mene za donacijata za srceto na Eva namesto 100 VIP mi zbrisa 1000 denari. Jebi ga si naviknal da mislis deka site humanitarni organizacii, asocijacii i slicno se lopovi. Za temava mislam deka mnogu lesno moze da se proveri vistinitosta, posebno na sud ( veruvam deka ce te dadat na sud), pa tamu nadmudruvaj se so fakti so posocenata organizacija.

Jas dijalog so manipulanti od tvoj kov bi vodel edinstveno pred nekoj istrazen organ.;)
Донацијата за Ева била неопходна, како што дознав, откако биле собрани повеќе од доволно пари за бебето, таткото Влатко продолжил да апелира за хуманост, можно е да му го одземат бебето заради негрижа.
Ова со ИХХ е сомнително, исто како што беа сомнителни и други нивни активности, каде од стотици милиони евра собрани од донатори, кај тие заборавени народи и сиромашни земји се изградија монтажни молитвени храмови од евтини материјали, им беа поделени неколкудневни оброчиња со храна и нешто облека. Да, ќе одиме на суд спремен сум и на тоа! Ако се чисти нека ги извадат сите сметки, трансакции, приходи, расходи, да видиме дали навистина се хуманитарни како што се претставуваат, сам ќе влезам зад решетки ако тоа ги израдува. Имам 2 сеуште нејасни прашања. Зошто Македонија ја нема на сајтот во делот на земји учеснички на ИХХ, и зошто ~хуманитарците~ на ИХХ во земјава одржуваат собири на секаков јазик освен на македонски? Како да донирам кога незнам нити дали земјава учествува во таа акција нити ги разбирам туѓите јазици на кои се говори за оваа хуманитарна акција?
Тоа се луѓе кои го сакаат шеријатот а мразат демократија, тогаш, зошто сакаат да одиме на демократски суд :icon_mrgr: ? Ќе одиме. Јас би тврдел дека постои можност од голема измама. Тие ќе го тврдат спротивното. Ќе треба да ги покажат нивните приходи, а тоа се милиони. Потоа ќе треба да се изврши проценка на вредноста на изградените објекти и бунарчиња, доделена храна и облека во тие земји за нечии политички поени во турска, и откако ќе се донесе конечната цифра, остануваат МИЛИОНИ ИСПАРЕНИ ВО ВОЗДУХ ЕВРА, а да не коментирам финансиски напредок на некои милитанти во тие земји ;) не на нашиот, туку на сите судови каде може да се стигне, ќе се отвори ова прашање. Само нека ме повикаат, баш тоа и чекам. Но ако заработувале на туѓи страдања, во што не се сомневам, тогаш гадно ќе заглават и ќе завршат.
--- надополнето: 1 септември 2012 во 13:52 ---
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=94E88A606F353342940C1D894B69AF96...
Муслиманите ја донеле чистотијата и се најчисти на светот..тврди авторот. Ајде Бујрум..ова Дневник го тврди..Чистотијата е наредена во една пустина каде имало недостаток на вода ,а толку е голем императивот на вода што неможе да се замисли еден муслиман денеска да е верник а да таа вода не ја КОРИСТИ ВО СЕКОЈДНЕВИЕТО . Денеска поради тоа гледаме дека се носат и кодекси во европа како БИДЕ и сл,со што само се потврдува КУранскиот Универзален повик на човештвотот дека Божјата објава е нешто што треба и е пожелно да се следи. Повели одговори на ова, убаво прочитај ја статијата и докажи со каква манипулација се бавиме, односно кој крие од светот за она што Исламот го донел...одговори, па потоа ќе донесам уште илјадници други докази.
Вааооо, светско откритие бисерче :vozbud: муслиманите донеле чистотија тука, или тие ја измислиле чистотијата? Ако ја измислиле, секоја чест, тоа е корисно за сите. Но ако ја превзеле од некој друг народ кој ја открил порано, а потоа ја прикажувале како свој ~изум~ (измислиле топла вода :vozbud:), тогаш немаме збор, ние ~смрдливите~. Сега, да погледнеме кој го измислил капењето, чистотата и негувањето на телото (иако и животните знаат да се искапат, погледни ги птиците како се разладуваат среде лето, поларните мечки на север, слоновите кои користат земја кога немаат вода, нешто слично на вашиот тејемум :sneaky:)

Капењето во древен Египет, пред неколку илјади години, од ритуални (абдес?) и хигиенски потреби.


Читај го ова повнимателно од обично, станува збор за древни ~изуми~ ;)


Еве еден извадок од википедија, за Древен Египет:
~~~Античките египќани им посветувале големо внимание на хигиената и изгледот. Повеќето од нив се капеле во Нил и користеле сапун како паста направен од живонинско сало и креда. Мажите го бричеле цело тело за да бидат почисти користеле парфеми и помади за да ги покријат лошите миризби и да ја релаксираат кожата. Облеката била направено од едноставна ткаенина која била избелувана(?? мислам дека белата е најдобра САМО како заштита од жештините), а мажите како и жените кои биле од погорните класи носеле перики, накит и користеле козметика. Децата до периодот на зрелост ,кој бил околу 12-тата година, не носеле облека, а на оваа возраст машките биле обрежувани и им ги бричеле главите. Мајките биле одговорни за гржата околу децата, а татковците го обезбедувале приход за семејствата.~~~
Освен за капењето, ~муслиманите~ или арапите, од древните египќани научиле и како треба да се облекува. Благодарение на Мухамед, отстрането е разголувањето, односно се вовеле реформи корисни за многумина. Да не навлегувам детално во верските препукувања (од хиперлинковите), ќе се задржам на изумот наречен капење.


Историјата на сапунот.
Тука гледаме дека грците и римјаните не да незнаеле да се искапат, туку не биле информирани, односно незнаеле да се искапат, за разлика од некои народи кои веќе го усовршиле хигиенското одржување наречено капење. Потполно исто како што сега некој е слабо информиран дека капењето постои многу одамна и дека ~муслиманите~ не измислиле ~топла вода~:tapp: затоа се тука МИР-творците, да ги информираат неинформираните луѓе како стојат работите уствари.

Бањањето постоело и во Хераклеја, далеку пред муслиманскиот ~пронајдок - топла вода~:
~~Градењето на термата означува и раѓање на една повисока здравствена свест кај тамошните жители. Во таа смисла, термата со право може да се смета за првенче во подоцнежната изградба на аквадуктот и проширувањето на воднта мрежа во 4. век. Термата располагала со три сали ѕа капење и таа, со минимални корекции, била во употреба дури и во 5. век.~~


Се надевам дека одговорот од моја страна е прифатен и разбирлив. Очекувам следна тема за дијалог, не од областа на културни пронајдоци или секојдневни потреби, туку од верска област, го имам гугл, веднаш ќе расчистиме :)
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Напишав убаво дека муслиманите ја донеле чистотијата во прљавата и смрдлива еврпа како што тврди твојот сограѓанин од Дневник. Некои работи нормално дека постоеле и во Египет нели зборевме за времето на монотеизмот и секако дека обрежувањето било познато и Пред Мухаммед и пред Мојсие инаку за твој инфо потекнува од времето на Аврам како што е спомнато во Библијата а тоа е вечниот завет на Бог. За другото немам намера да расправам, очигледно дека муслиманите само топла вода измислувале а дека Грците ви се вистинските измислувачи и реализатори и незнам зошто воопшто не им ги признаете сите научни сознанија. Само еден инфо за тебе:Пратеникот а.с. кажал дека дошол да го употполни моралот.Чистотијата и храната во исламот
Тој кажал:
Чистотијата е пола иман (верување).

Затоа исламот го обврзал абдестот при секој ибадет(чин на обожување) кој се состои од миење од најглавните делови на човекот.

Потоа капењето, кое најмалку еднаш неделно е задолжено, за денот на Џума . Тоа е задолжено после интимен однос, после менструации на жената, после смрдеа на самото тело од пот и работа.

Миењето на заби за што Ресулуллах а.с. рекол: “Да не би му отежнал на мојот уммет би им наредил за секој намаз да земаат абдест а со секој абдест да ги мијат забите.” (Ахмед, хасен)

Сечењето на нокти и отстранување на влакната. Ова е нагласено во познатиот хадис за петте вродени својства или како традиција и пракса на поранешните пејгамбери. Аллаховиот Пратеник а.с. рекол:

“Има пет вредни природни својства: обрежување, чистење влакна од срамните места, сечење нокти, отстранување влакна од под пазув и кратење на мустаќите.” (Бухари, Муслим)
Нема да се префрлам од оваа тема се додека убаво не научуш за исламските вредности на чистотија и на здравје.Зошто во исламот предуслов за една молитва е чистотијата, не би сакал да те оставам во темнина. Можеби ќе се потсетиш на некои работи кога ќе ги видиш во купатило дека потекнуваат од муслиманите, например бидето..а за сапунот нема што да коментирам..или за парфемите кои муслиманите толку ги усовршиле;)
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
593
Поени од реакции
1.192
Бисерче, чистотата на срцето и мислите е незаменлива во однос на физичката чистота.
За парфемите ли се фативте да ги усовршувате, кога парфемите се забранети во исламот.
И додека сме на темава: дали сте слушнале ти и твоите откривачи за Римски бањи?
Во хиндуизмот бањањето е дневна ОБВРСКА, така да од ваша страна ништо ново.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: MIR
Член од
20 март 2012
Мислења
48
Поени од реакции
14
Кој ти рекол дека парфемите се забраните бре? Убаво кажа членот погоре, ниту една религија денеска нема 5 дневно миење пред молитва. Немате ништо од вашето и се фаќате за грците, за римјаните за хиндусите. Па ти кажува човекот дека и пред Мухаммед имало луѓе кои се бањале и кои ги учеле луѓето на бањање, а тие биле Божјите Пратеници, а нема сумња дека и во тој дел имало Пратеник кој ги учел луѓето на хигиена, па тоа им останало до денес, ама тука се зборува кој ја донел ХИГИЕНАТА ВО ЕВРОПА, има разлика кој се капел, кој скокал по реки да се капи, кој правел бањи, базени, архитектура, ама во реалноста ако земеш историја на Рим ќе видиш дека не биле многу по чистотата. Пред се тие бањи најповеќе ги користеле богатиот слој, додека во исламот 5 пати се мие пред молитва од богат до сиромав секој полнолетен е строго обврзан, де не пишувајте само од инает контра нешто , немате никакво познавање за работите и само со гугл се користите , еве од инает да најдам нешто да пишам ... И уште ова - не ми е јасно, како писателот во весникот кој е еден од најтиражните во Македонија зел да пишува вака а да не ја истражил темата, за која пишувал. Еве видиш вие сте требале да му укажете, ама ако, можеби ова е доказ колку новинарите се неинформирани во државата кога пишуваат за некоја работа, а да не зборуваме за некои глобални теми кои ги земаат само здраво за готово без никаква проверка па после народо тука пати од таквите.... :facepalm:
 

MIR

Член од
25 август 2012
Мислења
12
Поени од реакции
17
Напишав убаво дека муслиманите ја донеле чистотијата во прљавата и смрдлива еврпа како што тврди твојот сограѓанин од Дневник.
Европа била и ќе остане смрдлива, мислам на еу, смрдлива во друга смисла, не од хигиенска гледна точка, тоа е ниско за денешни можности.

Некои работи нормално дека постоеле и во Египет нели зборевме за времето на монотеизмот и секако дека обрежувањето било познато и Пред Мухаммед и пред Мојсие инаку за твој инфо потекнува од времето на Аврам како што е спомнато во Библијата а тоа е вечниот завет на Бог.
Кога ќе разберете дека, всушност, исламот е збир од многу туѓи верувања, иновации, пророштва, ритуали и животни манири односно навики на живот? Вашиот менталитет е таков, заземате туѓо го прилагодувате према свои потреби и завршеток, тоа се случувало со знаења низ историјата, пронајдоци, неисламски храмови претварани во џамии, крадени дечиња и жени, ред без крај бисерче.


За другото немам намера да расправам, очигледно дека муслиманите само топла вода измислувале а дека Грците ви се вистинските измислувачи и реализатори и незнам зошто воопшто не им ги признаете сите научни сознанија.
Македонецот ги зема само добрите и корисните работи, сеедно дали се тоа од грци, од османлиски диктатори, од фашисти или од некој друг непосакуван и суров моќник. Например, не ни треба нуклеарно оружје, опасно е, макар тоа да е и од нашиот најголем сојузник. Но, ни треба подобра живеачка макар и нашиот најголем непријател да го пронашол начинот за подобро утре. За гејците - првата поразена земја од Александар била токму грција. Башка, ниту гејците не пронашле некои работи, туку само ги пренеле, како османлиите.

Само еден инфо за тебе:Пратеникот а.с. кажал дека дошол да го употполни моралот.Чистотијата и храната во исламот
Тој кажал:
Чистотијата е пола иман (верување).

Затоа исламот го обврзал абдестот при секој ибадет(чин на обожување) кој се состои од миење од најглавните делови на човекот.

Потоа капењето, кое најмалку еднаш неделно е задолжено, за денот на Џума . Тоа е задолжено после интимен однос, после менструации на жената, после смрдеа на самото тело од пот и работа.

Миењето на заби за што Ресулуллах а.с. рекол: “Да не би му отежнал на мојот уммет би им наредил за секој намаз да земаат абдест а со секој абдест да ги мијат забите.” (Ахмед, хасен)

Сечењето на нокти и отстранување на влакната. Ова е нагласено во познатиот хадис за петте вродени својства или како традиција и пракса на поранешните пејгамбери. Аллаховиот Пратеник а.с. рекол:

“Има пет вредни природни својства: обрежување, чистење влакна од срамните места, сечење нокти, отстранување влакна од под пазув и кратење на мустаќите.” (Бухари, Муслим)
Нема да се префрлам од оваа тема се додека убаво не научуш за исламските вредности на чистотија и на здравје.Зошто во исламот предуслов за една молитва е чистотијата, не би сакал да те оставам во темнина. Можеби ќе се потсетиш на некои работи кога ќе ги видиш во купатило дека потекнуваат од муслиманите, например бидето..а за сапунот нема што да коментирам..или за парфемите кои муслиманите толку ги усовршиле;)

Овие ~пронајдоци~ и ритуални постапки се превземени од други, различни една од друга, цивилизации, објаснив мал дел погоре. Покасно се проширени во ~неписмениот и смрдлив~ свет како исламски-арапски. Но денес излегла вистината на виделина, гледаме што од каде е, сеедно колку ќе скокате дека тоа се работи од ист извор, нема да биде точно, бидејќи тоа се работи прилагодени на нов микс наречен вистина или монотеизам.
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Ајде Мирко да продолжам пошто очигледно се што пишуваш е од инает и политички говори и спротивно од доказите кои ги наведов. Пак ќе се послужам со твоите сограѓани кои се попочитани и поинформирани и со една позната страна-Он Нет. Веста е преведена и пласирана на многу други македонски страни.
http://on.net.mk/turlitava/muslimanski-izumiteli-shto-go-promenija-svetot

Муслимански изумители што го променија светот
Кафето, чековите и три различни јадења на оброк се само дел од муслиманските изуми кои целосно го имаат променето секојдневниот живот на светско населние. Пред отворањето на својата најнова изложба, британскиот писател Paul Vallely направи список на 20 највлијателни мулсимански изуми.




1. Според легендата Арапот Калид кој ги одгледувал своите кози во регионот Кафа во Јужна Етиопија, приметил дека стоката е посебно жива откако ќе ги изеде плодовите од едно растение. Први луѓе за кои документирано се знае дека пиеле кафе се муслиманиските верници од Јемен, на кои кафето им помагало да останат будни за време на цело вечерните молитви. До крајот на 15 век, кафето стигнува во Мека и Турција. Во 1645 со извозот на кафе во Венеција, тоа премиерно се претставува пред европската публика. Арапскиот збор qahwa се претопува во турскиот збор kahve од што излегуваат италијанското caffe и англиското coffeе.

2. Старите Грци сметале дека нашите очи пуштаат зраци, нешто како ласери, и на тој начин ние можеме да гледаме. Во 10 век, муслиманскиот математичар Ибн ал-Хаитхам открива дека светлината всушност влегува во нашите очи а не излегува. Тој го измислил првиот фотоапарат (камера) без леќи, откако забележал како светлината влегува низ затворени ролетни. Колку била помала дупката толку била подобра сликата, по неколку обиди тој ја создал Camera Oscura (oд арапскиот збор qamara - кој значи темна или приватна соба). Ал-Хаитхам е заслужен и за преминувањето на физиката од филозофска во експериментална активност.

3.Бета верзијата на шахот создадена во Индија од каде стига во Персија каде муслиманите ја до усовршуваат. Од таму Маврите во 10 век, преку Шпанија ја шират играта на запад во Европа а истовремено се шири и на исток кон Јапонија.

4. Илјадници години пред браќата Рајт, муслиманскиот поет, астроном, музичар и инженер Абас ибн Фирнас имал неколку обиди за создавање на летачка машина. Во 852-та година тој го прави својот прв обид од минарето на Големата Џамија во Кордоба од каде скока со направа составена од големо платно зацврстено со неколку долги стапови. Тој се надевал дека ќе може да лебди како птица но тоа не му успеало. За среќа ткаенината му го успорила падот и тој преживеал. Во секој случај тоа завршило како прв регистран случај на падобранство. По уште неколку децениска упорност во 875-та, на 70 години тој го има својот последен обид, но сега со усовршена машина составена од свила и пердуви од орел. Овојпат, полетува од планина и успева да се одржи во воздух подолго од 10 минути, по што паѓа на земја. Во чест на големиот измутел, аеродромот во Багдад и еден кратер на месечината го носат неговото име.

5. Перењето и бањањето се религиозни задолженија на Муслиманите, поради што тие со тек на време усовршуваат правење на сапун. Иако Египјаните имале некој вид на сапун, како и Римајните кои сапунот го користеле како помада, Арабите се тие што го измислиле денешниот сапун. Тие се првите кои искомбинирале растителни масла, натриум хидроксид и миризливи масла. За Арапите една од главните карактеристики по која ги препознавале Крстоносците, била нивната ужасна миризба. Освен сапунот, тие се одговорни и за шампонот кој прв пат бил пренесен во Европа во 1759-та од муслиманските трговци.

6. Процесот на одделување на течностите според нивната точка на вриење е откриен околу 800-та година од еден од најголемите муслимански научници Џабир ибн Хајан. Тој е одговорен и за трансформацијата на алхемијата во хемија, откривање на голем број процеси и машини кои се користат и денес: кристализација, дестилација, пурификација, оксидација, испарување и филтрирање. Тој ги открил и сулфурната и азотната киселина. Џабир е инвенторот и на дестилаторот со што на светот му ги дава првите парфеми и алкохолни пијалоци (иако пиењето било забрането). Како татко на модерната хемија тој посебно се залагал за систематско експериментирање.

7. Коленесто вратило (радилица), направата која го префрла кружното движење во линиско, е централен дел на најголем број од модерната машинерија во светот. Изумот кој е дело на брилијантниот муслимански инженер ал-Џазри, бил дел од арапските системи за наводнување. Неговата книга од 1206-та Book of Knowledge of Ingenious Mechanical Devices покажува дека тој ги измислил или усовршил автомобилските вентили и клипови, и е прадедото на роботиката. Меѓу неговите 50-на пронајдоци се наоѓа и шифруваната брава.

8. Изолација, метод на шиење во кој две парчиња на ткаенина се опшиваат околу изолационен материјал. Се уште не е точно утврдено дали ова е измислено во муслиманскиот свет или пронајдокот е увезен од Кина но во секој случај сигурно е дека крстоносците го имаат украдено овој занает од муслиманите. Тие прв пат го забележале ова кај Сараценските воини, кои наместо оклоп носеле кошули наполнети со слама. Изумот веднаш бил пренесен во Европа каде се користи во создавањето на потопла облека за наслението во северните краеви на континентот.

9. Зашилените сводови, заштитниот знак на европските готски катедрали, всушност се изум позајмен од муслиманската архитектура. Тие биле доста појаки од заоблените римски сводови, што дозволило изградба на поголеми, повисоки и покомплексни градби. Останатите архитектонски позајмици вклучуваат, витражни стакла и изградба на куполи. Самите европските дворци се всушност адаптирана копија на палатите од исламскиот свет - процепи за стрелци, одбрамбени ѕидови, стражарски кули и патеки за стрелци.

10. Голем број од денешните хируршки инструменти го имаат истиот дизајн како оние создадени во 10-от век од муслиманскиот хирург ал-Захрави. Неговите скалпели, пили за коски, медицински клешти и уште 200 пронајдоци се препознатливи за сите денешни хирурзи. Тој исто така бил прв кој открил дека цревата од одредни животни по некое време сами се распаѓаат, поради што можеле да бидат искористени за шиење на оперираните пациенти. Со помош на цревата тој ги создал и првите капсули за пиење. Друг муслимански доктор, ибн Нафис, ја опишал циркулацијата на крвта 300 години пред да ја открие Вилијам Харви. Муслиманските доктори исто така ги измислиле и првите анестетици (од опиум и алкохол) и шупливи игли кои ги користеле за отстранување на катаракта, кои се користат до ден денешен.

11. Ветерниците се измислени во 634-та од еден персијски калиф кој ги користел за мелење жито и наводнување. Сето ова се случувало околу 500 години пред Европа да ја види првата ветерница.

12. Вакцините се уште еден муслимански изум во здравството. Тие во Европа стигнуваат во 1724-та, преку жената на британскиот амбасадор во Истанбул. Речиси 50 години пред западот да почне да зборува за заштита, децата во Турција добивале вакцини за сипаници.

13. Наливперото било измислено во 953-та по барање на султанот на Египет, кој сакал пенкало кое нема да му ги масти рацете и облеката. Слично на денешните пенкала тоа имало резервоар за мастило кое полека го испуштало кон врвот на перото.

14. Системот на нумерирање кој се користи низ светот најверојатно е од индијско потекло но стилот на бројките со сигурност е арапски. Прв пат е испечатен во 825-та во книгата на муслиманските математичари ал-Кваризми и ал-Кинди а името алгерба го има добиено од книгата на ал-Кваризми Al-Jabrwa-al-Muqabilah. Работата на муслиманските научници по 300 години е донесена во Европа од италијанскиот математичар Фибоначи. Муслиманите се виновни и за алгоритмите и тригонометријата.

15. Али ибн Нафи, еден од најголемите мулимански хедонисти, во 9-от век од Ирак во Кордоба го носи концептот на оброк со три јадења - супа, риба или месо и на крај овошје или ореви и слично. Тој е заслужен и за создавање на кристалните чаши.

16. За средновековните муслимани, килимите претставувале дел од рајот. До пристигнувањето на персиските и арапските килими, европските подови биле прекриени со камени плочи или со дрво. Запрепастените арапски патеписци пишуваат за сцени на ужас низ европските домови. "Речиси сите куќи имаат искривени подови. По 20-годишно уринирање на сопствениците и кучињата, повраќаници и истурени јадења, земјата на одредени места почнала да паѓа па во сите домови има дупки."

17. Чековите доаѓаат од арапскиот збор saqq, пишано ветување за плаќање на стоката откако таа ќе биде испорачана. Ова претставувал еден од начините да се избегне носењето пари преку несигурните територии. Во 9-от век муслимански бизнисмен можел без проблеми во банка во Кина да уновчи чек од банка во Багдад.

18. До 9-от век за голем број муслимански научници не било спорно дека Земјата врти околу Сонцето. Доказот за тоа го дал астрономот ибн Хазим кој тврдел дека "Сонцето постојано е во вертикална положба во однос на одредена точка на земјата". Ова се случува околу 500 години пред на Галилео да му светне истата идеја. Пресметките на муслиманските научници биле толку прецизни, што тие во 9-от век тврделе дека обемот на Земјата е 40.253,4 км - утнале за само 200 км.

19. Иако Кинезите го откриле барутот и го користеле во огномети, Арапите се тие кои користејќи калиум нитрат го прочистиле барутот а подоцна го ставиле и во воена употреба. Крстоносците биле преплашени од запаливите справи на муслиманите. До 15 век тие ја измислиле ракетата, која ја нарекувале самодвижечко-запаливо јајце, како и торпедото кое доста добро го користеле во морските битки.

20. Во средновековна Европа сосема регуларно постоеле кујни и градини со растенија, меѓутоа, Арапите се тие кои ги промовирале градините како место за одмарање и медитација. Првите цветни градини во Европа биле отворени во 11 век во муслиманска Шпанија а тие вклучувале и каранфили и лалиња.
--- надополнето: 2 септември 2012 во 15:30 ---
Перењето и бањањето се религиозни задолженија на Муслиманите, поради што тие со тек на време усовршуваат правење на сапун. Иако Египјаните имале некој вид на сапун, како и Римајните кои сапунот го користеле како помада, Арабите се тие што го измислиле денешниот сапун. Тие се првите кои искомбинирале растителни масла, натриум хидроксид и миризливи масла. За Арапите една од главните карактеристики по која ги препознавале Крстоносците, била нивната ужасна миризба. Освен сапунот, тие се одговорни и за шампонот кој прв пат бил пренесен во Европа во 1759-та од муслиманските трговци.

Ова вест намерно ти ја потенцирам пошто очигледно не ти е јасна..
--- надополнето: 2 септември 2012 во 15:34 ---
Напомена: Повик на вистината не е манипулаторот на оваа вест, веста е преземена од неисламски извори како потврда на она што вќе исламот го поседува и како потврда на она во што веруваме и кон она што повикуваме.
--- надополнето: 2 септември 2012 во 15:38 ---
Досега донесов десетици докази за вистинитоста на Исламот. Ќе следат и стотина други. Повели ти си на ред.
--- надополнето: 2 септември 2012 во 15:43 ---
 

MIR

Член од
25 август 2012
Мислења
12
Поени од реакции
17
Ајде Мирко да продолжам пошто очигледно се што пишуваш е од инает и политички говори и спротивно од доказите кои ги наведов. Пак ќе се послужам со твоите сограѓани кои се попочитани и поинформирани и со една позната страна-Он Нет. Веста е преведена и пласирана на многу други македонски страни.
http://on.net.mk/turlitava/muslimanski-izumiteli-shto-go-promenija-svetot
Јас во еден мој исказ потполно се согласив дека секој корисен пронајдок е добредојден, независно од идеолошката или верската припадност на пронаоѓачот. Пронаоѓачите се луѓе кои сакаат подобро утре, како мене. Тие не се замараат кој каде припаѓа, ги има од различни средини и различни (наметнати) припадности. Многу во горенаведените изумители има кои не се од истата верска група во однос на другите, а незнам дали и во однос на тебе, воопшто незнам што проповедате по интернет, чудо сте :вонзем: Сајтот он.нет.мк не е сајт кој цензурира информации, односно секој сајт нуди се поголем спектар на информации, како што напоменав, корисни за читателот, без притоа да присуствува величење на пронаоѓачите само заради нивната верска припадност. Што да кажеме за Ајнштајн евреинот или Тесла христијанинот тогаш? Погрешно гледаш бисер.


Кога толку си запнал за сапунот....

--- надополнето: 2 септември 2012 во 15:30 ---
Перењето и бањањето се религиозни задолженија на Муслиманите, поради што тие со тек на време усовршуваат правење на сапун. Иако Египјаните имале некој вид на сапун, како и Римајните кои сапунот го користеле како помада, Арабите се тие што го измислиле денешниот сапун. Тие се првите кои искомбинирале растителни масла, натриум хидроксид и миризливи масла. За Арапите една од главните карактеристики по која ги препознавале Крстоносците, била нивната ужасна миризба. Освен сапунот, тие се одговорни и за шампонот кој прв пат бил пренесен во Европа во 1759-та од муслиманските трговци.

Ова вест намерно ти ја потенцирам пошто очигледно не ти е јасна..--- надополнето: 2 септември 2012 во 15:34 ---
....да ти претставам неколку начини на создавање сапун и неговите главни состојки :sneaky:
~~Сапуните за чистење се добиваат со третирање на растителни или животински масла и масти со силно алкален раствор. Мастите и маслата се составени од триглицериди: три молекули на масните киселини прикачени на еден молекул на глицерол. Алкалниот раствор, често натриум хидроксид, предизвикува хемиска реакција, позната како “сапонификација“. При сапонификацијата мастите се разградуваат (хидролизираат) при што се добива суров сапун. Маснотиите се трансформираат во соли на масните киселини, a се ослободува глицеролот, оставајќи го глицеринот како спореден производ. Во таквиот сапун, обично се додаваат и други состојки, како боја и мирис, за да се направи попривлечен.~~

Тие животински масла и масти со силно алкален раствор потекнуваат од животното наречено свиња :place: :vozbud:
Еве дел од еден текст на друг сајт:
~~Сапунот се добива од масти и масло кога се варат заедно со алкални материи. Мастите можат да бидат и свинска маст, а маслото се добива од некои билки или овошни семки. Најчесто маслото се добива од палмино дрво, кокосов орев или маслинки.~~
Запомни бисер, маслото се добива од некои растенија, а мастите од свиња :icon_lol: Доколку сакаш да се информираш во кои други производи постојат состојки земени од свињата, прочитај го ова.

Што прочитав од твоја страна, кој го измислил сапунот?
5. Перењето и бањањето се религиозни задолженија на Муслиманите, поради што тие со тек на време усовршуваат правење на сапун. Иако Египјаните имале некој вид на сапун, како и Римајните кои сапунот го користеле како помада, Арабите се тие што го измислиле денешниот сапун. Тие се првите кои искомбинирале растителни масла, натриум хидроксид и миризливи масла. За Арапите една од главните карактеристики по која ги препознавале Крстоносците, била нивната ужасна миризба. Освен сапунот, тие се одговорни и за шампонот кој прв пат бил пренесен во Европа во 1759-та од муслиманските трговци.
Хм..:cautious:
А што има запишано во светата исламска книга Куранот, чии зборови се занимливи искрено, за свињата?

Презедов неколку курани од овој сајт, но за жал македонскиот неможе да се копира, за разлика од босанскиот кој може, па еве:

* 173. On vam jedino zabranjuje: strv i krv i svinjsko meso, i ono što je
zaklano u nečije drugo ime, a ne u Allahovo. A onome ko bude primoran, ali
ne iz želje, tek toliko da glad utoli, njemu grijeh nije. - Allah zaista prašta i
milostiv je.

* 3. Zabranjuje vam se strv, i krv, i svinjsko meso, i ono što je zaklano u
nečije drugo, a ne u Allahovo ime, i što je udavljeno i ubijeno;

* 145. Reci: "Ja ne vidim u ovome što mi se objavljuje da je ikome
zabranjeno jesti ma šta drugo osim strvi, ili krvi koja istječe, ili svinjskog
mesa - to je doista pogano - ili što je kao grijeh zaklano u nečije drugo, a ne u
Allahovo ime."

Останатите средства наменети за лична хигиена содржат свински состојки, како пастата за заби, некои креми за лице, лекови и слично.
--- надополнето: 2 септември 2012 во 17:20 ---
Досега донесов десетици докази за вистинитоста на Исламот. Ќе следат и стотина други. Повели ти си на ред.
Десетици? :vozbud: Добро...... :cenzura: да си молчам во иднина. Ајде ајде, рековме дека нема да има повеќе вакви прости работи од типот ~нашите пронајдоци се наши~, иако се превземени. Почни со нешто зрело, сериозно и достоинствено, без контрадикции од типот ~сапунот со свинско е наш изум, иако во Куран ни е забрането свинското~
--- надополнето: 2 септември 2012 во 17:36 ---
На ова имаш (y) Мухамед колку што знам бил паметен човек и лидер, ако гледаме од независен агол, но ако гледаме од некоја друга гледна точка, би бил опасен. Денес вашиот ислам, бисере, ви го реметат арапи, турци, евреи, американци, организации, верски фанатици, уште куп непродуктивни појави. Од сето тоа произлегува штета и опасност, отворете си ги очите, ако сте одлучиле да вршите поделби на луѓето, поделете ги како што ги делам јас - на добри и лоши, на корисни и опасни.;)
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Јас како и досега се користев со немуслимански извори и тврдења. Ќе продолжам и понатака, без да ги делам луѓето на групи и подгрупи, и секако се слагам со тебе, муслиманите не го користеле сапунот (со свинско)ниту парфемот(со алкохол) туку секогаш давале замена на истото. Ова е таа разлика од халал и харам. Инаку тој халал стандард е денес применет за ова има еден прекрасен текст од една македонка која е доктор која ова го забележала се надевам дека ќе ти користи во твоите понатамошни истражувања:http://doktori.mk/element/view/4dd2f72f37c33/halal-hrana
Незиното име е д-р Моника Самарџиоска и таа тврди дека муслиманите јадат здрава храна и дека употребуваат здрави производи.На едно место таа објаснува: Зошто „халал“ е здрава храна?
За едно животно да дојде од фарма до трпеза, потребно е од самиот почеток да има целосен живот, да се храни добро, да биде добро третирано, да не му биде нанесена болка и да биде жртвувано според исламските закони.
А тоа воедно значи дека треба да се храни со чиста храна и вода и да не биде хрането со животински продукти.
Консумирањето храна која не била третирана со пестициди, токсини и други загадувачи е придобивка по здравјето, не само за муслиманите туку и за сите луѓе.
Неверувам дека таа манипулира со фактите.Инаку и македонија го воведува тој халал стандард.
 

MIR

Член од
25 август 2012
Мислења
12
Поени од реакции
17
Јас како и досега се користев со немуслимански извори и тврдења.
А јас се користев од исламски извори, поточно од куранот, најсветото твое. Мразам наметливост, пречи.

Ова е таа разлика од халал и харам. Инаку тој халал стандард е денес применет за ова има еден прекрасен текст од една македонка која е доктор која ова го забележала се надевам дека ќе ти користи во твоите понатамошни истражувања:http://doktori.mk/element/view/4dd2f72f37c33/halal-hrana
Незиното име е д-р Моника Самарџиоска и таа тврди дека муслиманите јадат здрава храна и дека употребуваат здрави производи.На едно место таа објаснува: Зошто „халал“ е здрава храна?
За едно животно да дојде од фарма до трпеза, потребно е од самиот почеток да има целосен живот, да се храни добро, да биде добро третирано, да не му биде нанесена болка и да биде жртвувано според исламските закони.
А тоа воедно значи дека треба да се храни со чиста храна и вода и да не биде хрането со животински продукти.
Консумирањето храна која не била третирана со пестициди, токсини и други загадувачи е придобивка по здравјето, не само за муслиманите туку и за сите луѓе.
Неверувам дека таа манипулира со фактите.Инаку и македонија го воведува тој халал стандард.
Ако ме прашуваш мене, со широки раце би ги прифатил халал исхраната, моралот, правилното облекување и се што нудите а воедно е корисно. Ај да не асоцирам на претставник од некој штотуку откриен свет, но, ние сме нација која прифаќа секоја корист и добротворност, ништо чудно. На нашите сајтови може да сретнеме корисни и штетни работи од сите краеви на Планетата, од различни доба. Што сега, ако една иновација е од будистите, друга од муслиманите, трета од евреите, треба да тргнеме по нивните учења? Убаво се движи земјава, луѓето пораснале во христијански дух, со какво-такво разбирање за муслиманите. И тие пораснати во исламски дух, имаат разбирање за христијаните (за вас, ние сме во заблуда, исто и вие за нас). Но ова е време каде на прво место е животот и делата, а на второ верата и правилата.
Кога би се наближил крајот на коментирања, би ти кажал дека исламот, единствената ~неменлива~ вера, последниве години се менува и те како, од куранските објаснувања па се до централизираниот наметнат начин на живеење. Исламот денес е меч со две острици, од една страна се прилагодува на најважните пронајдоци од областа на науката, како и обично, а од друга страна, ~неприсилно освестените~ или конвертирани муслимани, се доведени до сознание дека мораат да бидат послушни и лојални, во спротивно ги чека пеколот и казната, што е апсолутно непостоечко, затоа што тоа се методи на ментално поробување, тема на која ќе отворам блог со детални испитани анализи и експерименти, вршени од ренесансата па се до денес..............................
Сеедно, исламот ви го изменуваат пред очи, ти можеби си жртва во мрак, можеби си соучесник, незнам и не ми е важно. Важното е дека допуштањето на тој процес на промена е опасност за остатокот од Планетата.
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Тоа е и пораката на исламот-морално усовршување и покорување на Божјите заповеди и потполно предавање на Неговата воља..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom