- Член од
- 5 октомври 2011
- Мислења
- 156
- Поени од реакции
- 233
Реакција на Советот за македонски јазик: Ракописите што ќе се претстават во Белгија се македонски
Добро некој ќе објасни ли точно кои македонски ракописи се претстават во Белгија?
Погоре на ракописот пишува историја Словено бугарска од паисјј
Советот за македонски јазик истакнува дека ракописите што ќе се претстават во Белгија се настанати во средниот век на територијата на Македонија и во нив се изразени јазичните црти на македонската црковнословенска редакција и на македонските дијалекти, на чија посебност уште во почетокот на 20 век укажаа двајца големи француски лингвисти, Андре Мазон и Андре Вајан.
Советот за македонски јазик реагира на тврдењата на бугарските политичари и историчари кои сметаат дека македонските средновековни ракописи кои ќе бидат изложени во Кралскиот музеј на Мариемонт во Морланвелтс, Белгија во рамките на излoжбата „Илјада години писмена традиција во Македонија“, не треба да бидат претставени во Белгија под одредницата македонски.
Напрoтив, Советот за македонски јазик истакнува дека ракописите што ќе се претстават во Белгија се настанати во средниот век на територијата на Македонија и во нив се изразени јазичните црти на македонската црковнословенска редакција и на македонските дијалекти, на чија посебност уште во почетокот на 20 век укажаа двајца големи француски лингвисти, Андре Мазон и Андре Вајан. Во нашата земја, повеќе од половина век постојат низа релевантни институции од науката и од културата кои се занимаваат со проучување на средновековните ракописи, кои како првична определба пред себе ја имаат придавката-македонски.
Покрај тоа, Советот за македонски јазик во врска со последните ставови изнесени во јавноста во однос на Националната стратегија за развој на културата 2012-2017 година, а кои се однесуваат на делот за Правописот на македонскиот литературен јазик, ја информира јавноста дека не станува збор за никакво драстично менување на Правописот, туку за дополнување и за осовременување на Правописот на македонскиот јазик што е редовна практика која ги следи потребите на современото живеење.
Реакцијата на Советот е потпишана од:
Проф.д-р Убавка Гајдова, претседател
Проф.д-р Славица Велева, член
Проф.д-р Марко Китевски, член
Вон.проф.д-р Елка Јачева-Улчар, член
Проф.д-р. Весна Мојсова-Чепишевска
Проф.д-р Марјан Марковиќ, член
В.н.сор.д-р Веселинка Лаброска, член
/www.kanal5.com.mk

30.08.2012, 15:02
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=95748&egId=13Добро некој ќе објасни ли точно кои македонски ракописи се претстават во Белгија?
Погоре на ракописот пишува историја Словено бугарска од паисјј